Банките во еврозоната ги заострија условите за кредитирање


Банките во еврозоната ги заострија условите за кредитирање на домаќинствата и компаниите во вториот квартал поради големата неизвесност и растот на цените, покажа истражувањето на Европската централна банка (ЕЦБ).

Значително се заострија условите за одобрување станбени кредити во периодот од април до јуни, наведуваат банките во анкетата на ЕЦБ. Умерено се заострени условите за потрошувачки и други кредити на домаќинствата.

Меѓу причините за значително построги стандарди во кредитирањето на компаниите, кредиторите го издвојуваат согледаниот зголемен ризик и помалата толеранција на ризик, покажува истражувањето на ЕЦБ за банкарските заеми, објавено во вторник.

Стандардите за кредитирање се заострени поради финансиските трошоци и билансните ограничувања во услови на постепено заострување на монетарната политика, објаснуваат банките.

Истражувањето, исто така, покажа дека корпоративната побарувачка за кредити повторно се зголеми во вториот квартал, поттикната од потребите за обртни средства.

Нето-побарувачката за станбени кредити повторно се намали во периодот од април до јуни, по растот во првите три месеци од годинава, додека побарувачката за потрошувачки и други кредити на домаќинствата повторно се зголеми во нето износ.

За третиот квартал, банките прогнозираат главно непроменети нето-заострени кредитни стандарди за компаниите во однос на вториот квартал.

Дополнително, како што очекуваат, повторно ќе се заострат кредитните стандарди за станбените и потрошувачките кредити.

Нето побарувачката на компаниите за кредити треба да се намали во периодот од јули до септември, прогнозираат банките, а побарувачката за станбени кредити нагло да падне, а побарувачката за станбени кредити во голема мера да биде непроменета.

Анкетата опфати вкупно 153 банки и беше спроведена во периодот од 10 до 28 јуни.