И вработените во Општина Гази Баба со 2.800 денари повисоки плати


Вработените во општина Гази Баба ќе добијат повисоки плати за 2800 денари.
 
„Утрово заедно со преставници на Синдикалната организација во општина Гази Баба потпишавме измена на Колективниот договор со што ќе се изврши линеарно зголемување на платата на вработените во општинската администрација и вработените во ЈКП Гази Баба за 2800 денари. Високата инфлација, ценовниот шок и општото зголемување на животната потрошувачка беше она што ме водеше при донесување на одлуката за зголемување на платите“, вели градоначалникот Бобан Стефковски.
 
Тој се надева дека на овој начин, вработените во администрацијата кои изминатите месеци посветено работат на реализација на проектите, дополнително ќе се мотивираат.