Шумски пожари во Италија, стотици евакуирани, експлозија на резервоари со гас
Пожарникарите во Тоскана, Италија, денеска се борат со шумски пожар поради кој се евакуриани стотици жители, а кој предизвика експлозија на резервоари со гас, а во северна Италија чадот од пожарите го присили државниот бродоградител „Финкантиери“ да ја затвори фабриката во која има 3.000 вработени.
Шумските пожари избија оваа недела во неколку делови на Италија додека темературите и понатаму растат. За девет градови во земјата на сила се предупредувања од највисок степен, а во вторник беше издадено за пет градови. Вкупно во четврток ќе се зголемат на 14 градови, меѓу кои Рим, Милано и Фиренца.
Температури до 40 степени Целзиусови
Се очекуваат температури околу 40 степени Целзиусови во северниот и средишниот дел на земјата, како и на југот во Пуља и на островите Сардинија и на Сицилија. Пожарот кој изби во понеделникот навечер во Тоскана, во средата беше уште активен во близина на градот Луче, а уништи околу 560 хектари шума.
На евакуација присилени се околу 500 луѓе затоа што пожарот се ширеше во текот на ноќта и се приближи до некои села и предизвика експлозија на резервоари за течен гас, напиша гувернерот на регионот Еугенио Џиани. Ветрот го потпомага горењето на пожарот.
Во североисточниот регион Фурланија, жителите се повикани да останат дома поради густиот чад од шумски пожар кој изби во вторникот во подрачјето на Крас на границата Хрватска со Словенија. Поради пожарот, државниот бродоградител ја затвори фабриката во градот Монфалконе.