Бројките одат вртоглаво нагоре – нови 792 случаи на ковид, 44 отсто од примероците


Фото: Б. Грданоски

 

Од ден во ден бројките на нови инфекции со Ковид-19 добиваат сѐ поголеми размери. Подваријантата на Омикрон се шири без запирање. Бројот на активни случаи изнесува веќе 3.595.

Министерството за здравство објави дека се регистрирани 792 нови случаи на ковид од направени 1.774 тестови, што изнесува дури 44 отсто од примероците. Најмногу нови случаи има во Скопје – 370; потоа во Битола – 62, Кавадарци – 41, Куманово – 39, Велес – 32, Прилеп – 31, Тетово – 29, Охрид – 27, Кичево – 22, Струмица – 18, Гостивар и Свети Николе – по 14, Штип и Гевлелија – 13, Неготино – 11, Кочани и Крива Паланка – по 9, Ресен – 8, Радовиш – 6, Струга и Дебар – по 5, Демир Хисар – 3, Делчево, Берово, Валандово и Крушево – по 2, Багданци, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 203 реинфекции. Регистрирани сe 317 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“ се регистрирани две починати лица од Скопје (79г) и Гостивар (75г). Двајцата се починати во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 14.07.2022 -18.07.2022г.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 320.598, бројот на оздравени пациенти е 307.658, на починати е 9.345, а бројот на активни случаи изнесува 3.595.