Литературниот македонски јазик е наддијалектен, вели Советот за македонски јазик


  Советот за македонски јазик при Владата денеска испрати соопштение во во кое елаборира како дошло до стандардизација на македонскиот литературен јазик врз основа на централните говори од западното наречје. Според Советот, „македонскиот јазик е словенски јазик што спаѓа во јужнословенската група јазици, кој низ вековите растел, се развивал и се издигнал во наддијалектен, национален […]

Горештините нема да попуштат ни следната недела


Топлиот бран што од вчера ја зафати Македонија продолжува и следните денови.  До среда подрачјето на нашата земја и понатаму ќе биде под влијание на топол бран со високи утрински и дневни температури. На целата територија ќе остане активно портокаловото ниво на опасност од високи температури. Во недела попладне и кон крајот на денот ќе […]

ССМ: Трудот на работниците во ЕУ, за разлика од земјава се цени, продолжува генералниот штрајк


Доколку Владата смета дека го започнала процесот за пристапни преговори со ЕУ, и укажуваме дека нејзините вработени и пред почетокот на процесот и по почетокот на процесот се еднакво сиромашни, примаат најниски плати во ЕУ и дека Владата не може да очекува дека вработените во управата кои треба да го сработат процесот, се мотивирани со […]

Полска купува воени авиони, тенкови, хаубици…


Полска ќе купи 48 борбени авиони FA-50, прва пратка од 180 тенкови K2 Black Panther и хаубици од јужна кореја, рече полскиот министер за одбрана, додека земјата ја зајакнува својата војска поради војната во Украина. Инвазијата што почна на 24 февруари, која Москва ја нарекува „специјална воена операција“, предизвика загриженост за безбедноста на многу земји […]

Топлотниот бран го зафати регионот, тропски температури до 27 јули


  Хрватска– Топлотниот бран што ги зафати земјите од регионот ќе трае до 27 јули, прогнозираат метеоролозите, а температурите во некои градови и населени места ќе достигнат до 44 степени Целзиусови. Поради високите дневни температури во Босна и Херцеговина денеска е на сила портокалов аларм, а температурите ќе се движат од 32 до 38 степени. […]

Објавен нов јавен повик од ИПАРД II, 5 милиони евра инвестициски фонд на располагање за проекти преку мерката 3


Почетокот на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија носи убави вести за нашиот агро сектор. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со директорот на Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, денес го презентираа новиот јавен повик за мерката 3 од ИПАРД-2 програмата. Јавниот повик се однесува […]

Шкупи ги пушти во продажба билетите за реваншот против Динамо


Македонски фудбалски првак Шкупи објави дека навивачите од денеска можат да купуваат влезници за реваншот натпреварот од 2. квалификациско коло против загрепски Динамо, кој ќе се игра во вторник на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Цената на билетот изнесува 150 денари, додека ВИП влезниците се по цена од 300 и 1.000 денари. Навивачите можат да купат влезници на две локации, […]

МТСП: Објавен јавен повик за финансирање на социјални услуги во општините


Министерството за труд и социјалната политика објави јавен повик со кој ги повикува општините, во партнерство со даватели на социјални услуги согласно Законот за социјална заштита, да аплицираат за грантови за развој на социјални услуги на локално ниво. Повикот е во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги, кој го спроведува Министерството за труд и […]

Русија украла челик од 600 милиони долари веќе платен од европски клиенти


  Русија ограбува челик во вредност од 600 милиони долари од погоните и пристаништата во Украина, според шефот на најголемата украинска компанија за челик „Метинвест“. Фирмата ја поседува фабриката „Азовстал“ која стана последното упориште на украинските војници и цивили за време на уништувањето на градот Мариупол. Главниот извршен директор Јуриј Риженков рече дека челикот се […]

Германскиот министер за здравство: Потребни ни се мерки за да спречиме нов бран наесен


  Германскиот министер за здравство Карл Лотербах предупреди на „катастрофален“ нов бран коронавирус во Германија, ако пред есента не се договорат одговарачки мерки за сузбивање на Ковид-19. „Ако влеземе во есента како што сме сега, значи без мерки, без ништи, тоа значи дека бројот заразени нагло ќе порасне, но и дека одделите на интензивна нега […]

А сега, економијата е на ред


Деновиве, кога зад нас е еден тежок и мачен период во кој во преден план беа докажувањата (и обвинувањата) кој е патриот, а кој предавник, време е конечно фокусот да се стави на економијата – на проблемите на компаниите и на граѓаните кои бараат итно решавање. Би било преоптимистички да се очекува дека наредните месеци […]

Јосифовски за Блумберг Адриа: Обновливите извори на енергија се стратешки приоритет на „Макпетрол“


Ние сме енергетски сиромашна земја. Најголемиот дел од нашите енергетски потреби се увезува. Во сегашни услови, акцентот треба да се стави на обновливите извори на енергија – вели Андреја Јосифовски, претседател на Управниот одбор на „Макпетрол“ во интервју за Блумберг Адриа. Првиот човек на реномираната нафтена компанија, која во 2022 одбележува 75 години од основањето, […]

Околу 20 автомобили се искршени во катната гаража позади Буњаковец


Околу 20 автомобили утринава се испокршени и уништени во катна гаража позади трговскиот центар „Буњаковец“, дознава „Фокус“. Според фотографиите со кои располага редакцијата, автомобилите во катната гаража се со скршени стакла, скршени предни и задни шофершајбни, уништени врати… Се уште официјално не е позната причината – што точно се случило, но од Министерството за внатрешни […]

Принцезата Шарлин блескаше на балот на Црвениот крст во тоалета на Прада


Монако- Придружувана од нејзиниот сопруг, принцот Алберт Втори, принцезата Шарлин беше студена смирена додека влегуваше на 73-тиот годишен бал на Црвениот крст во кнежеството. Нејзиното присуство испрати силен сигнал дека е подготвена повторно да ги преземе своите кралски должности, по подолго отсуство од јавниот живот поради здравствени проблеми. Во топлата вечер, величествениот Казино Плоштад, каде […]

„Партизанска“ во Битола – пример за лошо изведена и скапо платена улица


  БИТОЛА – Две години од реконструкцијата на улицата „Партизанска“ во Нова Битола и потрошени над половина милион евра, таа е нефункционална после секој дожд. Спорни се над 700 метри од улицата. Има улици во Битола кои по реконструкцијата траат со години и децении, ама не и „Партизанска“. Оваа улица се реконструираше за време на […]

Вработена во дом за стари украла картичка од 75-годишна корисничка, потрошила 1.000 ерва


  Вработена во дом за стари лица во Хрватска, украла банкарска картичка од 75-годишна косрисничка на установата, па купувала по продавници. Полицијата вели дека 42-годишната жена од 6 мај до 28 јуни украла од корисничката на домот картичка и си трошела, а попатно потрошила 6.000 куни, близу 1.000 евра. Против неа ќе биде поднесена кривична […]

Околу 100 мали прасиња изгореа во пожар на фарма во Штипско


Во штипското село Долани изгоре свињарска фарма. Во пожарот изгореле околу 100 прасиња, а биле спасени осум големи свињи и околу 100 мали. Командирот на ТППЕ Штип, Дарко Коцев за МИА изјавил дека пожарот се случил синоќа во 21:30 часот, а го гаснеле десет пожарникари со три противпожарни возила. Засега не се знае која е […]

Фото репортажа: Како се спасува преубавата природа во беровско?


Од утрово во гасењето на пожарот во беровско е вклучен хеликоптер на АРМ,  за да се запре неговото проширување на преубавата природа, која што е една од главните природни богатства на Македонија. Подолу ги објавуваме фотографиите од оваа акција која се уште трае, откако ветерот го прошири пожарот за кој се веруваше дека е ставен […]

Принц Џорџ наполни 9 години – мама Кејт објави нови портрети


Англија- Принцот Џорџ ја покажува својата насмевка на најновата роденденска фотографија! Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон објавија нов портрет на нивниот најстар син во четвртокот на прославата на неговиот претстоен роденден. „Џорџ наполни 9 години! Фотографијата беше напишана на социјалните мрежи, комплетирана со роденденска торта и емотикони со балон. Фотографијата е направена додека семејството било […]

Промоција на книгата „Расчеречени души македонски“ на Нове Младеновски


    „Расчеречени души македонски“ е книгата на Нове Младеновски која вечер ќе биде промовирана во домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци. Модератор ќе биде Мирјана Мукаетова, а промотор Гоце Ристовски. Промоцијата ќе биде збогатена со настап на музичкиот уметник Стевче Стојковски. Нове Младеновски, кој подолго време живее во Австралија, е автор на […]