Околу 100 мали прасиња изгореа во пожар на фарма во Штипско


Во штипското село Долани изгоре свињарска фарма. Во пожарот изгореле околу 100 прасиња, а биле спасени осум големи свињи и околу 100 мали.

Командирот на ТППЕ Штип, Дарко Коцев за МИА изјавил дека пожарот се случил синоќа во 21:30 часот, а го гаснеле десет пожарникари со три противпожарни возила.

Засега не се знае која е причината за настанатиот пожар. На терен ќе излезе полициска екипа за да се утврди како настанал пожарот.