Горештините нема да попуштат ни следната недела
Топлиот бран што од вчера ја зафати Македонија продолжува и следните денови.
До среда подрачјето на нашата земја и понатаму ќе биде под влијание на топол бран со високи утрински и дневни температури. На целата територија ќе остане активно портокаловото ниво на опасност од високи температури.
Во недела попладне и кон крајот на денот ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со засилен до силен ветер, краткотраен пороен дожд и грмежи, соопштија од УХМР.
И во Скопското подрачје до крајот на овој период ќе биде многу топло и ќе биде активно портокаловото ниво на опасност од високи температури.