Ослободителна пресуда за таткото и ќерката од Косово кои бесправно градеa бунгалови во Леуново


Обвинетите татко и ќерка, Шериф Ракума и Блерта Рамука и двајцата од Косово и правното лице „Радика Резорт” ДООЕЛ увоз извоз с.Леуново Општина Маврово и Ростуше, не се виновни за бунгалови на брегот од Мавровското Езеро. Вака одлучи Основниот суд во Гостивар каде судијата Даут Рустеми проценил дека не се докажало дека обвинетите го сториле […]

Џафери побара од пратениците да ги откажат сите службени и приватни патувања


Оа кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери испратија соопштение по прекинот на седницата и ургентно свиканата координативна средба на лидерите на партиите од владеечката коалиција.  Според соопштението, Џафери побарал пратениците да работат тоа за што ги плаќаат граѓаните, а политичките разлики да ги решаваат на друго ниво, а не во парламентот. Тој наедно им […]

Нови 779 заразени со Ковид-19, починаа четворица


Изминатото деноноќие регистрирани се 779 новозаразени од направени 1.613 тестови. Најголем дел од заразените се од Скопје и тоа 345 лица, потоа следуваат Битола со 61 заразен, Куманово со 45 новозаразени, па Прилеп со 39 новозаразени. Починале четири лица и тоа едно од Скопје, едно лице од Велес, две од Прилеп. Од вкупниот број на […]

Ревизорите открија огромен одлив на средства од јавното во приватното здравство


Државниот завод за ревизија објави извештај за работата на Фондот за здравство што фрла светло на состојбата таму по скандалот со болницата „Жан Митрев“ и по ковид епидемијата. Генерално, ревизорот изрази резерва околу вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи на Фондот и нивната усогласеност со законите во 2020 година. ДРЗ  констатира повеќе слабости и хаотични […]

Границата Македонија-Србија се поминува со едно застанување


Бочварски-Момировиќ: Концептот на Отворен Балкан дава успешни резултати. Го забрзавме протокот на стока и патници на ГП Табановце Ова што денеска се случува на Граничниот премин Табановце и Граничниот премин Прешево е доказ за партнерскиот однос меѓу Република Северна Македонија и Република Србија, со што ја олеснуваме размената и транзитот на стока и патници. Ова […]

Украина и Русија го потпишаа договорот за житото. Гутереш: „Ова е договор за светот“


  Украина и Русија во петокот потпишаа договор за обновување на извозот на украинското жито од Црното Море, кој е надеж дека ќе ѝ овозможи на Украина, петтиот по големина извозник на пченица во светот и главен извозник на пченка и јачмен, да деблокира милиони тони жито за првпат по речиси пет месеци и потенцијално […]

Рекорден број смртни случаи од Ковид-19 во Нов Зеланд


 Нов Зеланд бележи рекорден број на смртни случаи од Ковид-19, а новиот бран на инфекција со варијантата омикрон се покажа особено тежок за постарата популација. Според Министерството за здравство, за седум дена до 16 јули од Ковид-19 починале 151 лице, повеќе од најлошата седмица од претходниот бран во март кога имаше 115 починати. Во последните […]

ДПМ: Нашиот јазик не е дијалект, ние создаваме на македонски јазик


Друштвото на писателите на Македонија се приклучи на хорот загрижени по унилатералната изјава на Македонија за македонскиот јазик. „Наша основна алатка е јазикот и тој за нас, како што со право и убаво истакнуваше и нашиот претходник, учител и родоначалник Блаже Конески – е нашата татковина! Ние сме Македонци, наш мајчин и татков јазик е […]

Спречено ширењето на пожарот во беровско, на терен 110 луѓе и 17 возила


Од 4 и пол часот утринава до 10:30 на пожарот што го зафати малешевскиот крај, на границата меѓу селата Митрашинци и Будинарци, дејствувал хеликоптер при што е постигнато пожарот да престане да се шири, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Берово. Во гаснење на пожарот се ангажирани 110 луѓе и 17 […]

(ВИДЕО) Приведено лице за искршените автомобили во „Буњаковец“


По немилиот настан кој утринава се случи во монтажната катна гаража зад ТЦ „Буњаковец“, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, разговараше со Игор Стаменковски, командир на ПСОН Центар. „Сликите од утринава со искршени прозорци и шофершајбни во катната гаража кај трговскиот центар ‘Буњаковец’ навистина ги вознемири центарци. Разговарав и со командирот на ПСОН Центар, кој […]

Мицкоски најави засилување од „слободномислечки“ пратеници против уставните промени


И покрај пораката од власта дека не прифаќа референдум, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од иницијативата што ја нарече – приоритет над сите приоритети. „Цениме дека ако е мудра власта и ако навистина го цени мислењето на граѓаните, бидејќи  суверенитетот потекнува од нив, дека ќе го почитува нивното барање да се одржи  референдумско изјаснување, изјави […]

Индиски министер пиел вода од „чиста“ света река, па бил примен в болница


Индиски политичар кој пиел вода од загадена „света река“ за да докаже дека таа е чиста, наводно, потоа е згрижен в болница. Имено, првиот министер на покраината Пенџаб – Багвант Ман се напил од реката Кали Беин, два дена пред да побара лекарска помош. Тој бил примен во болница во сојузната област Делхи, претходно оваа […]

НУК бара да се реши проблемот со неиздавање лиценци на друштвата кои ги менаџираат ноќните клубови


Независна Угостителска Комора (НУК), денеска на прес – конференција упати барање до Владата, Министерството за економија и Министерството за внатрешни работи за решавање на моменталната ситуација со ненавременото издавање, односно неиздавање лиценци на друштвата кои ги менаџираат ноќните клубови, кабареа и летните дискотеки во Скопје. Според претседателот на НУК, Здравко Јосифовски и покрај сите уредно […]

Мијалков на 8 август треба да се појави во затворот во Струга


  Основниот суд во Охрид му издаде упатен акт на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, на 8 август годинава да се јави во Казнено-поправниот дом (КПД) во Струга за издржување на тригодишната затворска казна во предметот „Империја“. Издавањето на упатниот акт следува откако Мијалков ја промени адресата на живеење од Скопје во Охрид поради […]

Бектеши: Нѐ очекува тешка зима, ќе прогласиме кризна состојба во енергетскиот сектор


„Не очекува многу тешка и непредвидлива зима на енергетски план која не зависи само од Северна Македонија или од земјите од регионот, туку зависи од тоа како ќе се одвива ситуацијата со војната во Украина. Рестрикции на електрична енергија не се очекуваат, дури и доколку имаме забрана за увоз на електрична енергија и гас во […]

Од полноќ, цената на сите горива под 100 денари


Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,42% во однос на одлуката од 21.07.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,597%, кај дизелот за 1,488%, кај екстра […]

Виолинистот Стефан Миленковиќ со „Кармина Бурана“ вечер на Охридско лето


Со изведба на уникатното дело „Кармина Бурана“ вечер на сцената Долни Сарај ќе настапат светски познатиот виолинист, Стефан Миленковиќ и реномираниот ансамбл „Камерата Нови Сад“ во рамките на 62. издание на фестивалот „Охридско лето“. Претставувајќи го проектот, денеска на прес-конференција Миленковиќ појасни дека „Кармина Бурана“ е верзија за виолина и камерен оркестар. – На тоа […]

Џафери се закани дека ќе го распушти Собранието


Собранискиот спикер Талат Џафери денеска ја прекина работата на 79-та седница со образложение дека нема услови да се одлучува за прашањата, бидејќи во салата присуствуваа само 53 пратеници од потпишани 85. Џафери ги повика претседателите на партиите од парламентарното мнозинство во 13 часот да се состанат кај него во Кабинет и да се договорат како […]

Во текот на денот пожарот во Малешевијата ќе биде под контрола


Зафатени се повеќе од 50 хектари деградирана букова и дабова шума од пожарот што го зафати малешевскиот крај, на границата меѓу селата Митрашинци и Будинарци. За среќа, пожарот се движи ниско по земјата, и очекуваме во текот на денот да имаме целосна контрола врз пожарот, најдоцна до утре, изјави за МИА директорот на Центарот за […]

Русија тврди дека убила 300 украински војници во нападот на училиште во Краматорск


  Руското Министерство за одбрана тврди дека убило „до 300 националисти“ во напад на училишна зграда во Краматорск. Во својот дневен брифинг, Министерството, без да обезбеди никакви докази, рече: „Како резултат на удар со копнено прецизно оружје, уништено е привременото распоредување на националистичката формација ‘Црна стотка’, распоредена во зградата на училиштето бр. 23 во градот […]