Клиниката Жан Митрев негира дека правела клиничко испитување


Клиничка болница Жан Митрев ги негира информациите дека вршела клинички испитувања на пациентите болни од ковид бидејќи објавената публикација на која се повика Истражувачката репортерска мрежа ИРЛ, според нив,  не е и не може да претставува клиничко испитување. „Станува збор за научен труд со сублимирани лабораториски резултати и искуства од употреба на оваа метода за […]

Препораката за ослободување од работа на ранливите групи граѓани продолжена до 27 јули


 Владата на денешната 64-та седница, на предлог на Министерството за здравство, ја измени Одлуката во врска со препораките поврзани со високите временски температури, со што препораката за ослободување од работни обврски на ранливите групи граѓани, меѓу кои и бремените жени и лицата над 60 години, се продолжува да важи во периодот до 27 јули. – […]

Се шири миризба од ОХИС, од Инспекторатот велат дека доаѓа од големата депонија со линдан


Поради зголемување на температурите можно е во одредени временски интервали да се јавува непријатен мирис, кој потекнува од големата депонија и оваа состојба е години наназад. Големата депонија локациски се наоѓа веднаш до малата, која се чисти. ДИЖС континуирано врши инспекциски надзори – 15 дена нема активности во шаторот-мала депонија, велат од надлежниот Инспекторат за […]

Во Италија уапсени албански сопружници и запленета дрога вредна на милион евра


Италијанската полиција во градот Мјештре уапси албанска брачна двојка и запленила дрога вредна милион евра.   Според албанските медиуми кои се повикуваат на италијанската полиција запленети се над 80 килограми дрога, вклучувајќи марихуана, хашиш и кокаин.   – Брачната двојка го привлекла вниманието откако се обиделе да го сменат правецот на движење кога го здогледале […]

СЗО: Во пожарите во Португалија и во Шпанија загинаа 1.700 луѓе


Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека повеќе од 1.700 луѓе загинале во неодамнешните пожари само во Португалија и во Шпанија. Регионалниот директор на СЗО, Ханс Клуге истакна дека моменталната ситуација повторно укажува на „очајната потреба за паневропска реакција на ефикасна борба против климатските промени“. Клуге наведе дека шумски пожари сега има дури и во […]

Реакции од светските лидери по историскиот договор помеѓу Русија и Украина за извоз на жито


Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска изрази олеснување по потпишувањето на договорот за ставање крај на блокадата на украинскиот извоз на жито, нарекувајќи го „светилник на надеж“ за светот кој се соочува со криза со храна, посредникот Турција го нарече „историски“, а Брисел, Г7 , Вашингтон повикаa на брза имплементација и најавиja дека внимателно […]

Еврокомисијата ја тужи Велика Британија поради наводно кршење на договорот за Брегзит


Европската комисија поднесе четири тужби против Велика Британија поради наводно непочитување на догововор за Брекзит, што влијае врз увозот на стоки во Северна Ирска. Од Комисијата соопштуваат дека била приморана да дејствува бидејќи Лондон од февруари не учесвувал во „коректна дусикусија“ по прашањето. Брисел истовремено е загрижен поради Нацрт-протоколот за Северна Ирска што се наоѓа […]

Одложен Светскиот самит на муџахедините во Албанија, по предупредувањата за сериозни закани


Одложен е Светскиот самит на Слободен Иран, што требаше да се одржи следните два дена во Албанија, во кампот на муџахедините во близина на Драч. Самитот е одложен по предупредувањата на Амбасадата на САД дека постојат сознанија за потенцијална закана насочена кон настанот и учесниците. – Самитот се одлага до следно известување во согласност со […]

Сè уште е активен пожарот меѓу беровските села Митрашинци и Будинарци


 Пожарот што зафати подрачје меѓу беровските села Митрашинци и Будинарци се уште е активен. Ветрот прави проблеми со ставање под целосна контрола на огнените јазици. Состојбата се менува од час во час, изјави за МИА Владо Клинчарски, директор на ЈП „Македонски шуми – Малешево“ – Берово. Тој посочи дека во моментов пожарот го гаснат околу […]

САД велат дека Украина онеспособила повеќе од стотина руски цели со „висока вредност“


  САД оценуваат дека Украина „онеспособила повеќе од сто цели со висока вредност“, според висок претставник на американската одбрана. Повеќето цели беа на исток во последниве недели, бидејќи Украинците беа во можност да го подобрат своето прецизно таргетирање со употреба на артилерија обезбедена од САД. „Овие напади постојано ја понижуваат руската способност да ги снабдува […]

Во Србија од денеска забранети посетите на здравствените установи


 Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ соопштија дека поради растечкиот тренд на заразата со коронавирусот, а според препораката на Републичката стручна комисија од денеска 22 јули 2022 година воведена е мерката забрана за посета на здравствените установи во Србија, со цел спречување на ширењето на инфекциите, јави […]

Европа ќе мора да троши 20 отсто помалку гас ако сака да „преживее“ зимава


Откако ги повика сите земји-членки да ја намалат потрошувачката на гас за 15% во услови на закана од целосно прекинување на рускиот гас, Меѓународната агенција за енергија -порача дека Европската унија ќе треба да намали уште повеќе за да ја преброди зимата. „Дури и да нема ниту една несреќа, Европа сè уште треба да ја […]

„Џејмс Веб“ ја виде досега најстарата позната галаксија во универзумот


Со помош на телескопот Џејмс Веб (JWST) НАСА лоцираше галаксија стара 13,5 милијарди години, која сега е најстарата позната галаксија во универзумот видена од човечки очи. Галаксијата наречена GLASS-z13 (GN-z13), настанала само 300 милиони години по Големата експлозија што се случила пред 13,8 милијарди години. Претходниот рекордер, откриен од телескопот Хабл во 2015 година, беше […]

Просечната плата во мај поголема за 9,4 отсто во споредба со ланската


Трендот на раст на просечната нето-плата во земјата продолжува. Согласно податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна нето-плата во мај 2022 година по вработен изнесувала 31.407 денари, што е за 2.686 денари повеќе во однос на истиот месец лани или за 9,4%. Согласно статистика, ваквото зголемување се должи пред сѐ, на зголемувањето на просечната […]

ЕМА ја одобри вакцината за мајмунските сипаници


Европската агенција за лекови (ЕМА) објави во петокот дека ја одобрила вакцината против големите сипаници и за примена во превенцијата од мајмунските сипаници, болест којашто забрзано се шири и за којашто Светската здравствена организација (СЗО – WHO) би можела наскоро да објави максимално предупредување. „Комисијата за лекови за хумана примена на ЕМА препорача дека антивирусната […]

Сали Бериша непожелен во САД и Велика Британија


Албанскиот премиер Еди Рама преку куса објава на Твитер му одговори на поранешниот претседател и експремиер Сали Бериша, кој го обвини дека тој стои зад неговото прогласување за непожелна личност Велика Британија, а претходно беше прогласен за „персона нон грата“ од САД. – Без коментар, напиша Рама, објавувајќи фотографија од насловот на книга на диктаторот […]

Бочварски тврди: Патната инфраструктура значително подобрена


Патната инфраструктура во државата значително се подобрува, се градат нови патишта, патарини има само на автопатиштата, не и на експресните патишта, изјави денеска министерот за транспорт, Благој Бочварски при посетата на ГП Табановце. -До пред неколку години воопшто не се дискутираше дека накај Прилеп ќе се гради нов експресен пат. Денеска тој експресен пат се гради. Штип-Радовиш имавме крајно лоша конекција во којашто имаше многу […]

Рекорден интерес за закуп на земјоделско земјиште – склучени 258 договори


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска во Штип додели 100 договори на земјоделски стопанства кои аплицираа на последниот јавен оглас за закуп на земјоделско земјиште над три хектари за житни култури од регионите Штип, Велес, Кочани и Куманово. Министерството овој оглас го распиша наменски, како дел од Планот за производство на храна, […]

Земјава ќе ги следи препораките од ЕК за начинот на плаќање на рускиот гас


Како држава нашата намера е целосно да се интегрираме и да станеме членка на Европската Унија. Затоа ги следиме западните политики и кога веќе ги следиме таквите политики заедно треба да го сносиме и лошото и доброто. Ќе ги следиме и сите препораки за плаќањето на рускиот природен гас, потврди денеска министерот за економија Крешник […]

Агенцијата за туризам започна еко кампања за дестинации без отпад


 Агенцијата за туризам (АППТ) од денеска почнува еко кампања за дестинации без отпад во нашата држава. Кампањата ќе трае до 1 ноември, преку фејсбук и инстаграм профилите на Агенцијата, и ќе бидат промовирани 30 дестинации под хаштазите #ЧистоКакоДома #PastërSiNëShtëpi. – Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот континуирано го поддржува развојот на еко туризмот и […]