Мајка го заборави синот во автомобил во САД, тој почина


  Во градот Даниелсвил во американската сојузна држава Џорџија почина едногодишно момче откако било оставено во паркиран автомобил, а надвор било 40 степени Целзиусови. Истрагата е во тек, а според досега објавените информации мајката ја повикала полицијата откако го нашла детето во автомобилот. Момчето е превезено во болница, но само констатирале смрт. Мајката наводно рекла […]

Во Лондон опожарен стан и дел од покривот на облакодер


Дванаесет противпожарни возила и околу 80 пожарникари се справуваат со пожарот во облакодер на плоштадот „Свети Марко“ во Бромли, јужен Лондон. @Kent_999s @NewsShopper @myldn fire at #bromley south now 🙏🙏🙏🙏 pic.twitter.com/igp2mSY58v — Ben Toovey (@Ben2Toovey) July 3, 2022 Лондонските пожарникари известија дека гори петсобен стан на 15-ти кат од 17-катен облакодер. Гори и дел од […]

Пендаровски: Апасиев е психопат, неговото однесување е крајно нечовечко


Тоа е изјава без преседан во современа Европа. Ви гарантирам дека избран пратеник во ниту еден европски парламент не пцуе починати родители на друг политичар. Тоа е крајно нечовечки, изјави претседателот на државата Стево Пендаровски, коментирајќи ја објавата на пратеникот од Левица Димитар Апасиев на „Фејсбук“, во која тој го опцу шефот на државата. -Тој […]

Пендаровски: Францускиот предлог е прифатлив компромис, ниту триумф ниту дебакл


Модификуваниот француски предлог е транзиционен компромис за една од фазите на европските интеграции, во која три елементи се битни и затоа предлогот во овој формат е прифатлив, изјави претседателот Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност. Одлуката да се прифати модификуваниот француски предлог, нагласи, нема да биде ниту историски триумф на едната страна, ниту […]

МИ 2022: Таеквондистот Георгиевски избори полуфинале


Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски се пласира во полуфиналето на Медитерански игри во Алжир. Медалистот од последната Олимпијада, денес во четвртфиналната борба на Игрите во Оран, во категоријата +80 кг помеѓу го победи Ахмад Мохамад од Египет со 20:18. Македонецот против себе имаше одличен противник кој по две рунди имаше водство (14:12). Георгиевски во последната рунда […]

Почна средбата Ковачевски – Мицкоски во Клубот на пратениците


Во Клубот на пратениците попладнево почна средбата на премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со францускиот предлог за тргање на бугарското вето и отворање на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ. Средбата е дел од низата планирани консултативни средби на Ковачевски со лидерите […]

Шолц: Германија со своите сојузници разговара за безбедносните гаранции за Украина


 Германија разговара за безбедносните гаранции за Украина со своите сојузници со цел да се подготви за периодот по завршувањето на војната во Украина, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц за ТВ каналот АРД. „Со блиски пријатели разговараме за безбедносните гаранции што можеме да ги обезбедиме. Ова е долг процес. Јасно е дека ситуацијата нема да […]

Германија се подготвува за нов пандемиски бран наесен


 Германија треба што е можно поскоро да донесе концепт за борба против можниот нов бран на пандемијата на коронавирус наесен, изјави денеска сојузниот министер за правда Марко Бушман. „Најверојатно ќе го претставиме концептот за борба против коронавирусот за есен во текот на јули“, рече Бушман во интервју за дневниот весник „Велт ам Зонтаг“. Тој рече […]

Почина писателот Душко Родев


Во Скопје на 30 јуни по кусо боледување, во 91-та година од животот, почина писателот Душко Родев – романсиер, раскажувач, драмски писател и сценарист, соопшти издавачката куќа „Македоника литера“, која во последниве десетина години ги публикуваше делата на Родев. Душко Родев е роден на 17 април 1932, Скопје. По образование беше филолог – романист, работел […]

Реал планира да го продолжи договорот со Бензема до 2024 година


 Реал Мадрид планира да го продолжи договорот со напаѓачот Карим Бензема до летото 2024 година, објави „АС“. Овој договор сега е приоритет за „кралскиот клуб“. Според шпанскиот спортски весник, раководството на Реал Мадрид се надева дека по 2024 година ќе го придобие напаѓачот на Манчестер сити, Ерлин Халанд. На крајот од минатата сезона, 34-годишниот Бензема […]

(Видео) Изјава на Пендаровски по состанокот на Советот за безбедност


Во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија се одржa 16-та седница на Советот за безбедност. На дневен ред на седницата е модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Македонија со Европската Унија. По добивањето на предлогот на француското претседателство, премиерот Ковачевски одржа консултативни средби со лидерите на владината […]

Голема суша во Италија, реката По речиси пресуши


Високите температури предизвикаа суша ширум Италија, реките и резервоарите остануваат без вода, доведувајќи ги околината и стопанството во опасност. Неколку италијански региони веќе прогласија вонредна состојба за да се обезбедат пари за борба против кризата со водоснабдувањето, а здруженијата на земјоделци предвидуваат силен пад на производството во клучни делови од земјата. „Комбинацијата од најтешка суша […]

Се чистат одводите на канализацијата во Скопје


Во текот на вчерашниот ден, како резултат на невремето кое го зафати Скопје, а  беше проследено со обилни врнежи од дожд и силен ветар, екипи на ЈП „Водовод и  канализација“ – Скопје излегоа на терен за расчистување на сливниците и шахтите  на територија на град Скопје со цел нормална и непрекината функционалност на  атмосферската канализација.   […]

Узбекистанскиот претседател го одби усвојувањето на уставни измени заради големиот протест на засегнатите Каракалпакстанци


Узбекистанскиот претседател Шавкат Мирзојојев го отфрли усвојувањето на уставните измени во земјата со кои требаше да се спречи регионот Каракалпакстан да одржи референдум за отцепување од земјата. Тој тоа го изјави денеска откако пред два дена, во петокот, во Нука, главниот град на Каракапакстан, изби голем протест против уставните измени, наведуваат американските медиуми и додаваат […]

МЗШВ: Распишани повеќе од седум јавни огласи – 13.785 хектари земјоделско земјиште ставено на располагање на земјоделците


 Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) распишаа седум јавни огласи за доделување под закуп на државно земјоделско земјиште до и над три хектари. Преку овие седум јавни огласи на располагање на земјоделците и земјоделските стопанства се ставаат вкупно 13.785 хектари државно земјоделско земјиште распоредени низ целата територија на државата. Намената на огласите […]

Приведен разбојник во Скопје


Во Скопје синоќа во 18.30 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ј.(26) од Скопје. Тој, околу 18.00 часот на ул.„Жан Жорес“ физички нападнал малолетничка и ѝ одзел мобилен телефон. Како што појаснија од МВР, А.Ј. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена […]

„Монитор“: Околу 74 отсто од албанските компании планираат да ангажираат странци, што е највисоко ниво во регионот


Околу 74 отсто од албанските претприемачи се изјасниле дека планираат да вработуваат луѓе од странство, што е највисоко ниво во споредба со другите земји во регионот, Србија, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Босна и Херцеговина. -Балканскиот барометар 2022 во истражувањето со бизнисите во регионот покажа дека албанските компании имаат најголем процент на позитивни одговори […]

Собраа повеќе од 300.000 долари за вработен во „Бургер кинг“ кој таму работи 27 години


Луѓето по пат на кампања на GoFundMe собраа повеќе од 300.000 долари за Кевин Форд вработен во „Бургер кинг“ во Лас Вегас, кој таму работи веќе 27 години. Снимката на која се покажува со што работодавачите го наградиле за преданост кон компанијата стана вирална. Имено, во вреќичката имало чоколатца Reese’s, чаша од „Старбакс“, две моливчиња […]

Четири медали за македонски математичари на Јуниорската балканска математичка олимпијада


Македонски тим математичари освои четири медали на Јуниорската балканска математичка олимпијада (ЈБМО) 2022 која се одржа во Сараево од 28 јуни до 3 јули. Како што соопшти Сојузот на математичари на Македонија, Дамјан Давков освои златен медал, Леонид Тодороски – сребрен медал, а Димитар Фидановски и  Марко Митевски освоија бронзени медали. -На ЈБМО 2022 успешно учествуваа и […]

Вооружен напаѓач уби двајца, а рани четири лица во град во Тексас


Вооружен маж синоќа уби две и рани уште четири лица во областа Далас-Форт Ворт во Тексас, од кои тројца полицајци и потоа си го одзеде животот, соопшти полицијата во Тексас. Портпаролот на полицијата во Халтом Сити, Мет Спилен, потврди дека сите ранети во престрелката се здобиле со повреди кои не се опасни по живот и […]