Пендаровски: Апасиев е психопат, неговото однесување е крајно нечовечко


Тоа е изјава без преседан во современа Европа. Ви гарантирам дека избран пратеник во ниту еден европски парламент не пцуе починати родители на друг политичар. Тоа е крајно нечовечки, изјави претседателот на државата Стево Пендаровски, коментирајќи ја објавата на пратеникот од Левица Димитар Апасиев на „Фејсбук“, во која тој го опцу шефот на државата.

-Тој тип минатата година јавно ја пцуеше Радмила Шекеринска. Отприлика знам за каква креатура се работи, кој резон има. Меѓутоа, навистина не верував дека може да дојде во ситуација да ми пцуе починат родител. Тоа ми е лична болка. Мојата мајка е почината пред 10 години и беше крајно нечовечки, да ми пцуе гроб на почината мајка. Тоа е нешто што не се простува, нагласи Пендаровски, кој го нарече Апасиев психопат и гнида од човек.Според него, таков став може да искаже човек кој или е ушмркан или му фали нешто во главата.

-Ако имаше нешто меѓу нозе ќе ме испцуеше во лице, а не да се крие зад тастатурата. Преку глава ми е од таквите фесјбук-партиоти, големи македонски мажиња, кои не туркаат во обратна насока од демократија и од фундаменталните вредности, рече Пендаровски.