Приведен разбојник во Скопје


Во Скопје синоќа во 18.30 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ј.(26) од Скопје.

Тој, околу 18.00 часот на ул.„Жан Жорес“ физички нападнал малолетничка и ѝ одзел мобилен телефон.

Како што појаснија од МВР, А.Ј. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.