Берлускони и Нуди на Ванда сопствена ТВ програма, само да го донесе Икарди во Монца


 Новиот член на Серија А, Монца сè уште не се откажува од потписот на напаѓачот на ПСЖ, Мауро Икарди. За да го забрза трансферот на 29-годишниот Аргентинец, дебитантскиот клуб во Италијанското фудбалско првенство и нуди на неговата сопруга и агент Ванда Нара да води сопствена ТВ програма, пишува „FCInter1908.it“. Од 2018 година Монца е во […]

Протераните 70 руски дипломати и нивните семејства попладнево со два авиона ќе заминат од Софија


Два авиони на Руската Федерација денеска во попладневните часови се очекува да пристигнат на аеродромот во Софија за да ги однесат протераните 70 дипломати и вработени во руската амбасада и нивните роднини, јави БНР. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според непотврдени информации, вкупниот број руски државјани кои ќе ја напуштат Бугарија е […]

Одржана 43. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка


 Народната банка продолжува со активностите за поттик и поддршка на научно-истражувачката работа. Одржана е 43. сесија на Клубот на истражувачите, на која беше презентиран наградениот труд на Конкурсот за годишна награда за истражувачки труд од макроекономијата и банкарството, што е уште една активност на централната банка за поттикнување на истражувањето. Станува збор за трудот насловен „Процена […]

Пронајдено телото на момчето кое се удави во Беровско Езеро


Пронајдено е телото на 14 годишното момче кое вчера се удави во Беровско Езеро. Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова, која за МИА информираше дека нуркачите го извадија телото на момчето од Беровско Езеро утрово во 8:50 часот. Телото, како што додаде портпаролката, е предадено на обдукција во судска медицина во Скопје. 

Елон Маск ги однесе четирите сина на средба со папата (фото)


  Милијардерот Елон Маск, сосопственик на американскиот производител на автомобили „Тесла“, објави фотографија со папата Франциск на која се наоѓаат и неговите четири сина. Маск напиша дека е почестен што го запознал папата. Honored to meet @Pontifex yesterday pic.twitter.com/sLZY8mAQtd — Elon Musk (@elonmusk) July 2, 2022 Извршниот директор на „Тесла“ и на „Спејс икс“ не […]

НАТО прави база во Драч


Албанскиот премиер Еди Рама потврди дека дел од новото пристаниште „Порто Романо“ во Драч ќе биде база на НАТО. Тој ова го соопшти по враќањето од НАТО самитот одржан во Мадрид. Инаку, пристаништето „Порто Романо“ планираное е да биде најголемо на Јадранот, но Рама рече дека ќе има и свој воен дел. „Наскоро се враќаме […]

Роналдо незадоволен од трансфер-кампањата на Манчестер jунајтед


Стана познато поради која причина напаѓачот Кристијано Роналдо сака да го напушти Манчестер јунајтед. Постои можност Португалецот летово да замине во друга екипа. Според новинарот Фабрицио Романо, фудбалерот е разочаран од настапот на клубот на трансфер-пазарот, но е многу задоволен од новиот тренер Ерик тен Хаг. Роналдо се врати во Манчестер јунајтед на крајот на […]

Приведен крадец во Скопје, одземеното вратено на сопственикот


Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 6.40 часот на ул.„11 Октомври“ во Скопје го лишиле од слобода Т.А.(37) од Скопје. МВР соопшти дека тој се сомничи дека во текот на ноќта на паркинг пред Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со употреба на сила и подесен алат одзел предмети од патничко возило „сеат кордоба“ со […]

Спасовски: Вкупниот криминалитет бележи намалување за 8,31 проценти


Во периодот јануари – 20 јуни 2022 година на територијата на Република Северна Македонија регистрирани се вкупно 10.834 кривични дела, објави министерот за внатрешни Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил. – Во однос на истиот период од 2021 година, вкупниот криминалитет бележи намалување за 8,31 %, кое се должи на промените кои се евидентирани во […]

Претседателот на Узбекистан воведе вонредна состојба


  Претседателот на Узбекистан Шавкат Мирзијоев воведе вонредна состојба во траење од 3 јули до 2 август оваа година во регионот Каракалпакстан. Во овој регион дојде до немири, изјави портпаролот на претседателот. „Со указ на претседателот, во Република Каракалпакстан воведена е вондредна состојба во траење од 00:01 часот 3 јули до 00:00 часот на 2 […]

Стопанската комора и УСАИД со заеднички проект за поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција


Соработката на Стопанската комора на Северна Македонија со УСАИД, која трае подолг период, на полето на економските предизвици со кои се соочува земјата продолжува со потпишувањето договор за соработка за реализација на тригодишен проект, со кој ќе се зајакнат капацитетите на компаниите за поуспешна регионална соработка и за поврзување, што е од особено значење како […]

(Видео) Сиднеј евакуиран поради поплави


Големи области на Сиднеј, најголемиот град во Австралија, денеска се под вода поради обилните врнежи што предизвикаа сериозни поплави во ниските области, особено во некои предградија каде нивото на водата достигна и до 1,5 метар. Државната служба за итни случаи на Нов Јужен Велс ги препорача евакуација на жителите од неколку области, предупредувајќи дека дождот […]

Најмалку три лица загинаа во експлозии во рускиот град Белгород, во близина на Украина


Најмалку три лица загинаа, а десетици станбени згради се оштетени во рускиот град Белгород во близина на украинската граница, изјави регионалниот гувернер, Вјачеслав Гладков, по извештаите за неколку експлозии во градот. Оштетени се најмалку 11 станбени згради и 39 приватни куќи, од кои пет се уништени, јави гувернерот Гладков на каналот  Телеграм. Гладков претходно изјави […]

Русија од Црно Море извлече десантен брод што Украина го погодила со проектил, не се знае дали е „Орск“ или „Саратов“


 Русија соопшти дека го пронашла големиот јуришен десантен брод, што неговиот екипаж самиот го потонал откако бил оштетен од украинска ракета во пристаништето Бердјанск на 24 март. Владимир Рогов, функционер што Русија го назначи за одговорен во јужна Украина, на каналот Телеграм напиша дека тогаш балистички ракети „Точка-У“ го погодиле пристаништето под руска контрола. -Екипажот […]

Шкотланѓаните поделени околу вториот референдум за независност


Според резултатите од најновата анкета на јавното мислење, шкотските гласачи се поделени околу тоа дали треба да се одржи втор референдум за независност на Шкотска во октомври 2023 година. Истражувањето, спроведено од агенцијата „Панелбејс“ (Panelbase) за весникот „Сандеј Тајмс“, покажа дека 44 отсто од гласачите изразиле противење на одржување референдум, додека 43 отсто биле за […]

Францускиот предлог пред Советот за безбедност, средба ќе имаат и Ковачевски и Мицкоски


Советот за безбедност денеска на пладне ќе расправа за францускиот предлог, а подоцна во 15 часот лидерска средба ќе имаат и премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а за вечерва повторно се повикува на протест пред Владата. Претседателот Стево Пендаровски за денеска напладне во неговиот кабинет свика состанок на Советот за безбедност […]

Претпладне многу топло, попладне нестабилно со пороен дожд


Времето претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на невреме со град и силен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од […]

Македонските ракометари ќе играат во полуфиналето на Медитеранските игри


Македонската ракометна репрезентација се пласира во полуфиналето на Медитеранските игри во Алжир. Ова е епилогот по вечерашниот последен натпревар од Б-групата во кој Шпанија го совлада домаќинот со убедливи 31:19. Шпанците кои важеа за апсолутен фаворит одиграа коректно и без разлика што го имаа обезбедено полуфиналето, не калкулираа и на крајот според очекуваното ги освоија […]

Средба Ковачевски-Мицкоски, тема францускиот предлог


Премиерот Димитар Ковачевски ќе одржи средба со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. -Во рамки на широката консултација која започна да се реализира веднаш по добивањето на европскиот предлог, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во текот на утрешниот ден ќе ја одржи средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Оваа средба […]

Омикрон БА.4 и БА.5: Колку треба да бидеме загрижени?


БА.4 и БА.5 првпат беа идентификувани во Јужна Африка и наскоро може да станат доминантни видови во Европа и САД, велат здравствените експерти. Што точно се БА.4 и БА.5? Откако се појави за прв пат, Ковид мутира или ја менува формата. Новите генетски верзии кои постојано се појавуваат се нарекуваат варијанти. Веќе имаше неколку главни […]