Претседателот на Узбекистан воведе вонредна состојба


 

Претседателот на Узбекистан Шавкат Мирзијоев воведе вонредна состојба во траење од 3 јули до 2 август оваа година во регионот Каракалпакстан.

Во овој регион дојде до немири, изјави портпаролот на претседателот.

„Со указ на претседателот, во Република Каракалпакстан воведена е вондредна состојба во траење од 00:01 часот 3 јули до 00:00 часот на 2 август, заради безбедност на граѓаните, заштита на нивните права и слободи и воспоставување ред и мир“, напиша порттпаролот на Телеграм.

Во узбекистанската автономна република Каракалпакстан одржан е јавен протест поради планираната уставна реформа која би го променила нивниот статус, соопѓтија властите на Узбекистан, пренесе Ројтерс. Каракалпакстан, кој се наоѓа на северозападот од Узбекистан, е дом на Каракалпаците, посебна етничка група со сопствен јазик, а сегашниот узбекистански устав ја опишува како суверена република во Узбекистан која има право да се отцепи со одржување референдум, наведува британската агенција.

Во новата верзија на уставот, за која Узбекистан планира да одржи референдум во следните месеци, повеќе не би се спомнувал суверенитетот на Каракалпакстан или неговото право на сецесија.

Според соопштението на Министерството за внатрешни работи на Узбекистан, група жители на Каракалпакстан „која не ги разбира уставните реформи“ прошетала низ главниот град Нукус и одржала митинг на централниот градски пазар, пренесува Ројтерс.