НАТО прави база во Драч
Албанскиот премиер Еди Рама потврди дека дел од новото пристаниште „Порто Романо“ во Драч ќе биде база на НАТО.
Тој ова го соопшти по враќањето од НАТО самитот одржан во Мадрид.
Инаку, пристаништето „Порто Романо“ планираное е да биде најголемо на Јадранот, но Рама рече дека ќе има и свој воен дел.
„Наскоро се враќаме во Брисел да ги продолжиме разговорите за нашиот предлог за воспоставување поморска база на НАТО во новото пристаниште во Драч“, рече Рама, пренесоа албанските медиуми.
Тој додаде дека воената база ќе ја градат и софинансираат Албанија и НАТО.