Герасимовски подели 150 пакети на граѓани од семејства со висок социјален ризик


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, Лиридон Бафтији и претставници од невладината „Банка за храна Македонија“ во дворот на Општина Центар поделија социјални пакети. Пакетите со основни прехранбени и хигиенски производи ги добиваат 150 жители од семејства со висок социјален ризик, врз основа на претходно доставен […]

Украинското знаме повторно подигнато на Змискиот остров


  Украинското знаме повторно е подигнато на Змискиот остров во Црното Море, изјави во понеделникот портпарол на украинската војска, откако руските трупи се повлекоа од стратешкиот пункт минатата недела. „Територијата [Змискиот остров] е вратена во јурисдикција на Украина“, изјави на прес-конференција Наталија Хумениук, портпарол на јужната воена команда на Украина.

Ќучук: Идентитетот не може никому да му биде одземен


Известувачот за Северна Македонија Илхан Ќучук смета дека францускиот предлог е најдоброто што Бугарија и Северна Македонија може да го постигнат. Во 21. век, нагласува тој, идентитетот не може никому да му биде одземен, а најдобар начин да се заштити и зачува е да се биде внатре во Европската Унија, каде сите се еднакви.   […]

ЕК: Ревидираниот француски предлог овозможува почеток на преговорите со ЕУ


 Европската Комисија го поздрави ревидираниот француски предлог за преговарачката рамка за Македонија и смета дека овозможува почеток на преговорите со ЕУ. -Го поздравуваме развојот на ситуацијата во однос на Бугарија и Северна Македонија, по француските предлози и, благодарение на работата на француското претседателство кое ја заврши својата мисија минатата недела, направивме голем напредок по ова […]

Нови 290 случаи со Ковид-19, активни се 935


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните три дена (од 01.07 до 03.07.2022) направени се 1.695 тестови, а регистрирани се 290 нови случаи со Ковид-19 и 250 оздравени пациенти. Од вкупниот број на позитивни (290), регистрирани се 49 реинфекции. Во текот на изминатите три дена (од 01.07 до 03.07.2022) не е пријавено ниту […]

Како Бугарија стана заробена држава?


  Во текот на годините на т.н. транзиција во Бугарија, видовме различни иновативни модели на корупција. Но, случајот со „Капитан Андреево“ е посебен. Најмалку една деценија, државата им го отстапуваше клучниот контролен пункт на приватни компании зад кои стоеја луѓе попознати по нивните подземни прекари. И очекувано, воспоставувањето на овој модел предизвика  понуди за мито, […]

Ова не е „земи или остави“, вели граѓанскиот сектор за францускиот предлог


  Две невладини организации, Институтот за демократија и Институтот за европска политика, денеска преку соопштение порачаа дека е потребен широк општествен консензус за францускиот предлог за кревање на бугарското вето и во него наведуваат повеќе точки кои, според нив, се спорни. Двата института тврдат дека „аргументите ‘сега или никогаш’, ‘земи или остави’ не се оправдани […]

(Видео) Драма на небото: Борбени авиони пресретнаа патнички авион


Борбени авиони на шпанското воено воздухопловство вчера пресретнале патнички авион кој летал од Англија до Махон, шпански туристички град на Балеарските Острови. Снимката објавена од Flight Emergency покажува блиска средба меѓу еден од борбените авиони и патничкиот Ербас. Како што пренесува Дејли Мејл, пресретнувањето се случило откако 18-годишен Британец наводно се заканил со бомба во […]

Поевтинуваат горивата


Од полноќ поевтинуваат горивата од половина до еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. За еден денар се намалува цената на Еуросупер БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство, а за половина денар Еуросупер БС-95 и Еуродизелот. Новата цена на Еуросупер БС-95 од полноќ ќе биде 108,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се […]

Сергеј Шојгу: Украина за две недели загуби 5.469 лица


  Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска се се сретна со министерот за одбрана Сергеј Шојгу. Еве што си кажаа: Сергеј Шојгу: Операцијата за „ослободување“ на регионот Луганск беше успешно спроведена. Загубите на украинската армија за две недели изнесуваат 5.469 лица. Владимир Путин: Единиците кои се бореа во регионот на Луганск треба да се одморат […]

За залихи на гас на Германија ќе и бидат потребни повеќе од 15 милијарди евра


Кредитните линии во вредност од 15 милијарди евра обезбедени од германската Влада за купување гас за залихи можеби не се доволни, предупреди Клаус Мулер, шефот на германското енергетскско регулаторно тело во интервјуто за деловниот неделник „WirtschaftWoche“. Германија го подигна нивото за криза за гас на тревога откако руски „Гаспром“ за 60 проценти ги намали испораките […]

Бугарија: Обвинителството покрена истрага за Лена Бориславова, десната рака на Кирил Петков


  Софиското градско обвинителство покрена предистражна постапка за склучување на лоша зделка против шефицата на кабинетот на премиерот во оставка, Лена Бориславова, јавува бTV. Истрагата започна пред еден месец. Повод за истрагата бил договор на Бугарската банка за развој за правни услуги со канцеларијата во која работела Бориславова пред да влезе во политиката. Месечниот надомест […]

Во среда ќе се прска против комарци


Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 06.07.2022 година (среда) ќе се врши терестрична и авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци. Прскањето ќе се врши според следниот распоред: 1. Авионската дезинсекција против ларви од комарци ќе се реализира на 06.07.2022 година (среда), во раните утрински часови. 2. Терестричната дезинсекција против […]

Зголемен бројот на случаи на Ковид-19 во туристичките делови на Грција


  Грција– Зголемување на бројот на случаи на Ковид-19 во туристичките делови, зголемување на бројот на реинфекции, но и зголемување на бројот на хоспитализации се регистрирани во Грција во изминатиот период согласно податоците од  Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Претседателот и потпретседателот на ЕОДИ, Теоклис Заутис и Димитрис […]

Грузијците на масовни протести: „Ние сме Европа“


  Грузијците одржаа нов масовен митинг во неделата (3 јули) барајќи од владата оставка поради нејзиниот неуспех да обезбеди формално кандидатура за членство во Европската унија. Црноморската нација е под масовни протести откако лидерите на ЕУ кон крајот на јуни одлучија да го одложат барањето за членство на Тбилиси, во очекување на опсежни политички реформи. […]

Дачиќ: Српскиот парламент ќе се конституира до крајот на јули


 Досегашниот претседател на српското Собрание и лидер на СПС, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека очекува до крајот на јули да се конституира новото свикување на српското Собрание и релативно брзо да се формира новата Влада на Србија, а кога е во прашање формирање нова владејачка коалиција, тој оцени дека тоа е одлука на најголемата партија […]

Во Либија има до 100 масовни гробници


Мисијата на Обединетите нации во Либија денеска соопшти дека „веројатно има масовни гробници“ кои допрва треба да се истражат, дека можеби има и до 100 од нив, во градот каде што се откриени стотици тела, а во исто време апелира до Триполи да ја продолжи потрагата.   Извештајот ќе биде доставен оваа недела до Високиот […]

Ковачевски се согласил францускиот предлог да оди на Собрание


Премиерот Димитар Ковачевски синоќа во разговорите со помалите коалициски партии – Демократски сојуз, ДОМ и ЛДП дал согласност модифицираниот француски предлог да биде ставен на пленарна седница, за него да расправаат пратениците и да бидат изгласани заклучоци. Како што изјави Маја Морачанин од ДОМ за МИА на средбата побарале предлогот да оди на пленарна седница, […]

Села: Северна Македонија треба да продолжи по патот на евроинтеграциите


 Сметам дека Северна Македонија треба да продолжи по патот на евроинтеграциите и друга опција за нас како држава не треба да постои. Нема двоумење и мислам дека АА е јасна во овие линии, изјави лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села по денешната средба во Скопје со премиерот Димитар Ковачевски, посочувајќи дека ќе го разгледаат […]

Кулеба: Или ОБСЕ ќе биде без Русија или ќе пропадне


 Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) е во фаза на самоуништување и ќе пропадне, доколку Русија продолжи да биде дел од неа, смета министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба. – На нашиот континент има уште една голема и убава организација – ОБСЕ, што се наоѓа во фаза на самоуништување. Затоа што […]