Сергеј Шојгу: Украина за две недели загуби 5.469 лица
Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска се се сретна со министерот за одбрана Сергеј Шојгу. Еве што си кажаа:
Сергеј Шојгу:
- Операцијата за „ослободување“ на регионот Луганск беше успешно спроведена.
- Загубите на украинската армија за две недели изнесуваат 5.469 лица.
Владимир Путин:
- Единиците кои се бореа во регионот на Луганск треба да се одморат и да ги изградат своите способности.
- Генерал-полковник Александар Лапин, командант на групата Центар, ќе го добие одликувањето Херој на Русија. Слично ќе добие и генерал-мајор Еседула Абачев.
- Ќе бидат наградени и сите воени лица кои се истакнале за време на воените дејствија во ЛПР.