(Видео) Драма на небото: Борбени авиони пресретнаа патнички авион

Борбени авиони Ф/А-18 на шпанските воздухопловни сили вчера пресретнаа патнички авион EasyJet кој летал за Махон, мал град на шпанските Балеарски Острови


Борбени авиони на шпанското воено воздухопловство вчера пресретнале патнички авион кој летал од Англија до Махон, шпански туристички град на Балеарските Острови.
Снимката објавена од Flight Emergency покажува блиска средба меѓу еден од борбените авиони и патничкиот Ербас.

Како што пренесува Дејли Мејл, пресретнувањето се случило откако 18-годишен Британец наводно се заканил со бомба во авионот.

Тинејџерот бил уапсен по слетувањето, а специјалната полиција со помош на куче трагач извршила безбедносна проверка. По слетувањето, авионот беше отстранет од главниот терминал.

Туристот, за кој се верува дека бил дел од група пријатели кои се качиле во авионот на лондонскиот аеродром Гетвик, сега се соочува со потенцијална казна вредна илјадници фунти.

Како функционира процесот на пресретнување?

Сите пресретнувања на ловци се одвиваат во парови, при што двата авиони се приближуваат до цивилниот авион одзади. Едниот останува на опашката, додека другиот застанува покрај цивилното летало, по што се воспоставува комуникација меѓу пилотите.

Ова може да биде преку радио или, во случај да не работи, со сигнализирање низ прозорецот. Потоа, со маневар на врвот на крилото, на пилотот на цивилниот авион му се укажува дека е пресретнат и дека треба да ги следи ловците до земја.

Ова обично вклучува слетување на најблискиот достапен аеродром, кој може да се разликува од планираното пристаниште на пристигнување, во зависност од тоа каде на пат се случува пресретнувањето. (Дневник.хр)