Во Турција приведени 16 новинари под обвинение за тероризам


Турција – Шеснаесет турски новинари денеска се приведени и ќе бидат изнесени пред суд под обвинение дека се поврзани со прокурдски медиуми и за членство во „терористичка организација“. Новинарите работеа за медиуми поврзани со прокурдската Демократска народна партија, која ризикува да биде забранета во Турција поради наводни врски со забранетата Курдска работничка партија (ПКК). Демократската народна партија негира каква било поврзаност со […]

Серена Вилијамс добила вајлд-карта за Вимблдон


САД– Серена Вилијамс сепак оваа година ќе игра на Вимблдон. Ол Ингланд Клубот во вторникот објави дека Вилијамс добила вајлд-карта влез за сингл. Вилијамс не се натпреваруваше никаде откако се повреди за време на првиот сет од нејзиниот меч од првото коло во Ол Ингланд клубот пред една година. И нејзиното име не се појави […]

Со 100 милиони денари се подобрува инфраструктурата во Крушево


„Инвестираме значајни средства за раст и развој на локалната економија, подобрување на условите за живот на граѓаните, но и за зголемување на туристичкиот потенцијал на Крушево“, истакна министерот Благој Бочварски, при денешната работна посета на општина Крушево, каде заедно со заменик министерот Беким Реџепи, државниот секретар Митко Трајчулески и градоначалникот Томе Христоски, извршија увид во […]

„Ренесанса“- Бијонсе со нов албум по шест години пауза


САД- Бијонсе Ноулс-Картер ги изненади фановите во средата навечер со откривање на насловот и датумот на издавање на нејзиниот седми студиски албум. Таа откри дека новиот албум „Ренесанса“ ќе излезе на 29 јули. Аренби дивата (40) – која може да се пофали со 348,5 милиони следачи на социјалните мрежи – ја смени биографијата на своите […]

Нов рекорд во Црна Гора: Годишната инфлација достигна 11,7 отсто


Потрошувачките цени во мај годинава во Црна Гора, во однос на истиот месец од 2021 година, се во просек повисоки за 11,7 отсто, покажуваат новите прелиминарни податоци на Заводот за статистика – Монстат. Ова претставува нова рекордна вредност уште од периодот пред кризата во 2008 година. За истиот период, усогласениот индекс на потрошувачките цени – […]

Захариева: Од кревањето на ветото штета ќе имаат граѓаните на Македонија


  Поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија и сегашен пратеник, Екатерина Захариева (ГЕРБ), денеска изјави дека пребрзото кревање на ветото ќе им нанесе штета на Бугарија и на Македонија. Во разговор за БГНЕС, Захариева вели дека „граѓаните на Македонија ќе загубат од избрзаното кревање на ветото. Во нивен интерес е да се реформира Македонија. […]

Француски предлог има, денеска ќе го добие бугарската влада


  Амбасадорката на Франција во Бугарија, Флоренс Робин, денеска се сретнала со пратеници од Групата за пријателство со Франција во бугарскиот парламент, дознава Бугарското национално радио од учесниците на средбата. Таа се сретнала со пратениците во собранието, но состанокот не беше официјално објавен.. Според БНР, на средбата учествувале и претставници на опозицијата. Се очекува во […]

Тупанчески на средба со директорите на затворите


 Министерот за правда Никола Тупанчески денеска имаше средба со сите директори на затворите, на која беше констатирано дека најголеми проблеми во затворите се преоптовареност, немање соодветна здравствена заштита за осудените лица, недостаток на соодветен кадар. Како што соопштија од Министерството за правда, договорено е веднаш да се отпочне со решавање на наталожените проблеми кои со години […]

Биткоинот малку поскапе, се тргува за околу 21.670 долари


Биткоинот денеска благо поскапе, но инвеститорите сè уште не можат да закрепнат од драматичните загуби во последните неколку дена, кога најголемата криптовалута во светот падна под 20.000 долари. Во тргувањето во 3 часот и 40 минути по источноамериканско време, цената на биткоинот беше околу 21.667,90 долари, што е зголемување за речиси 3,0 отсто во однос на претходниот ден, покажуваат […]

Мерките даваат резултат, 5 до 10 отсто намалени цените на основните производи, велат од Владата


Од Владата соопштуваат дека одлуката за замрзнување на маржата на одредени производи со цел ограничување на растот на цените, веднаш даде резултат. Посочуваат дека цените на основните производи се намалени за 5 до 10 отсто. Од владината прес-служба посочуваат дека корекција на цените се прави од денеска, а ќе продолжи и во претстојните денови. Соопштија […]

Нова коалиција во Бугарија – сменет претседателот на парламентот, следен е Кирил Петков


  Во Бугарија една коалиција се урива друга се гради. Главен архитект е Слави Трифонов. По бурната расправа од изутринава со 125 гласа за и 114 против парламентот го смени од неговата функција претседателот Никола Минчев. Одлуката за смена ја донесе новата коалиција што се формира – ГЕРБ, Има таков народ, ДПС и националистичката Преродба […]

Нови 60 случаи на Ковид-19, преку „Мој термин“ пријавени две починати лица


Во последните 24 часа, регистрирани се 60 нови случаи на Ковид-19 од направени 842 тестови, 63 оздравени пациенти, не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица во период од 05.05. до 08.06.2022 година, информираат од Министерството за здравство, повикувајќи се […]

Клиника за хематологија: Кампањата „Биди срцевина, биди херој“ спасува животи


На ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија беше извршена трансплантација на крвотворни матични клетки на пациентка со акутна миелобластна леукемија од несроден донор од Македонскиот дарителски регистер за коскена срцевина, известуваат од Клиниката. -Со оваа трансплантација оваа млада жена има можност да продолжи со животот. Благодарение на кампањата за зголемување на бројот на несродни донори на […]

Османи: Кога ќе добиеме сигнал од француското претседателство дека има усогласен став, ќе дадеме одговор на предлогот за кревање на ветото


Шефот на дипломатијата Бујар Османи во одговор на прашање дали е запознаен со францускиот предлог за кревање на ветото од страна на Бугарија кон Северна Македонија, и дали има кокретни ставови, рече дека прво треба да видиме предлог усогласен од сите земји-членки и да дадеме одговор на нашата позиција на таквите предлози. – Прво треба […]

Ѓоковиќ прв носител на Вимблдон


Aнглија– Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе биде прв носител на претстојниот грен слем турнир Вимблдон. Србинот го обезбеди тоа право како бранител на титулата, иако од понеделникот не е најдобар во светот. Ѓоковиќ падна на третото место зад Русинот Данило Медведев и Германецот Александар Зверев. Двајцата најдобри на ВТА листата нема да учествуваат на […]

Османи: Западен Балкан е дел од новата безбедноста архитектура на Европа


Министерот за надворешни работи Бујар Османи ја престави втората едиција на Преспа форум за дијалог, која е во организација на Министерството за надворешни работи и под покровителство на претседателот Стево Пендаровски. Носечка тема на годинешниот Преспа форум за дијалог, е „Градењето на иднината на Западниот Балкан во современата европска безбедносна архитектура“, што има за цел […]

Втор ден од состанокот на министри за одбрана на НАТО


Министрите за одбрана на НАТО денеска во Брисел одржуваат состанок на кој главна тема е зајакнувањето на силите долж источната граница на Алијансата во контекст на руската инвазија врз Украина. Состанокот на министрите за одбрана се одржува во пресрет на самитот на НАТО на 29 и 30 јуни во Мадрид, каде членките ќе се обидат да го одредат курсот […]

Опожарено возило на вработен во затворот Идризово


Пожар во возило во затворот Идризово, се случил ноќва по полноќ. На 16.06.2022 во 01,50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на Казнено поправната установа Затвор „Идризово“ на паркингот позади управната зграда, било опожарено патничко моторно возило “фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на вработен во затворот. Пожарот бил локализиран од страна […]

Битола Отворен Град: Од 23 до 26 јуни музички настапи на бендови од земјава и регионот


Од 23 до 26 Јуни, по 21 пат ќе се случи Битола Отворен Град, интернационален младински арт фестивал во организација на Младински културен центар- Битола. И ова нема да биде само ново издание, организаторите на својот прес најавија дека ќе биде концептуални пречекорување на двете децении постоење на начин кој ги носи директно во редовите […]

Можен прекин на снабдувањето со гас за Европа преку Северен тек


Гасоводот Северен тек 1, кој испорачува гас од Русија преку Балтичкото Море до Европа, би можел да биде суспендиран поради проблеми со поправка на неговите турбини во Канада, изјави денеска за РИА Новости рускиот амбасадор во Европската унија. „Гаспром“ завчера соопшти дека ги ограничил испораките преку Германија на 100 милиони кубни метри дневно, наведувајќи го […]