Норвешката полиција престрелките во Осло ги третира како „терористички напад“


Норвешката полиција денеска соопшти дека смртоносните престрелки во кои загинаа две лица во близина на барови во центарот на Осло во текот на ноќта ги третира како „терористички напад“. „Полицијата ги истражува настаните како терористички чин“, се вели во соопштението на полицијата. Еден осомничен беше уапсен по пукотниците што се случија околу 01:00 часот по […]

Без вода дел од скопско Лисиче


Поради замена на вентили по шахти на улица „Мите Богоевски“ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на оваа улица од раскрсницата со „Илија Димовски – Гоце“ до каналот, потоа на „Жорж Бизе“, како и на уличките број 1, 3, 5, 7, 2 и 4 во скопската населба Лисиче. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ […]

Кинескиот претседател ќе го посети Хонг Конг


Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе го посети Хонг Конг по повод 25-годишнината од враќањето на градот под власта на Пекинг, јави Синхуа. На 1 јули Си ќе присуствува и на церемонијата на инаугурација на новата администрација на Хонг Конг. Тоа ќе биде прва посета на шефот на кинеската држава надвор од територијата на континентална Кина […]

„Плејбек театар“ на импровизација во организација на здружението „Амигдала“


Во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје вечерва ќе се одржи културен, забавен и едукативен настан насловен „Плејбек Театар“. „Плејбек театарот“ претставува оригинална форма на театар на импровизација, во која публиката е таа што ја раскажува приказната, а актерите преку специфични техники ги развиваат и засилуваат раскажаните приказни, враќајќи им ги на гледачите како […]

(Видео) Двајца загинати и 19 повредени во пукање во ноќен клуб во Осло


Две лица се убиени во пукање во ноќен клуб во норвешкиот главен град Осло, соопшти денеска полицијата. Полицијата на Твитер објави дека уште неколку лица се повредени, а еден осомничен е приведен набргу по пукањето во близина на местото на настанот. -Сите индиции укажуваат на осамен сторител, изјави полицискиот портпарол Торе Барстад. Три лица се […]

Сообраќајот со зголемен интензитет надвор од градските средини, за излез на Богородица и Табановце се чека половина час


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини Богородица и Табановце за излез од земјава чекањето е околу 30 минути. На другите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина […]

Протест во Грузија по одложувањето на добивање кандидатура за членство во ЕУ


Десетици илјади луѓе протестираа синоќа во Тбилиси против политиката на грузиските власти по неуспехот на земјата да добие статус на кандидат за членство во Европската унија. Веејќи грузиски и европски знамиња, демонстрантите се собраа околу парламентот. Неколку проевропски организации и сите опозициски партии повикаа на демонстрации за да се зголеми притисокот врз власта која ја […]

Денес ќе се одржи Парада на гордоста во Скопје


Националната мрежа против хомофобија и трансфобија денеска ја организира Парадата на гордоста во Скопје, под мотото „Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда.“ Почетната точка ќе биде во паркот „Жена-борец“, а по кратките поздравни говори ќе започне протестниот марш по скопските улици. Настанот во вечерните часови ќе заврши со културно-забавна програма на стадионот на АРМ во […]

САД, Јапонија, Австралија, Нов Зеланд и Велика Британија основаа Пацифичка групација


СAД, Австралија, Јапонија, Нов Зеланд и Велика Британија формираа неформална група чија цел е зајакнување на економските и дипломатските врски со островските држави на Тихиот Океан, соопшти Белата куќа. Администрацијата на Бајден вети дека ќе насочи повеќе средства во индо-пацифичката област, бидејќи Кина се обидува да ги зајакне економските и воените врски со островските нации […]

Манифестација CRUISE CULT – Уметноста и културата на мотоцикли – 2022


Во Паркот на Франкофонија – Мобилна / Монтажна галерија, денеска ќе се одржи првата манифестација CRUISE CULT – Уметноста и културата на мотоцикли – 2022. Како што најавија од Центарот за современи уметности – Скопје и CRUISE CULT, идејата на оваа манифестација е да се популаризира мотоциклистичката култура, како и да се претстави влијанието на […]

„Изложба без име“ на плоштадите во Тетово и во Гостивар


На плоштадите Илирија во Тетово (11:00) и во  Гостивар (15:00) денеска ќе биде поставена „Изложба без име“ на Центарот за Еднакви Можности „Бубамара“. Пораката на изложбата што вчера беше поставена во Старата скопска чаршија е „Насилниците имаат имиња и треба да бидат казнети“. Целта на оваа изложба е преку илустрации на уметникот „Рехатлику“ да се […]

Изложба на Пол Ванг во Галерија „КО-РА“


Визуелниот уметник од САД, Пол Ванг вечерва во Галеријата „КО-РА“ во Скопје ќе ја отвори својата изложба насловена „Природата на математиката“ што содржи дигитални принтови, фотографии и проекции. Воедно, уметникот иницира и интерактивен перформанс – ликовна изведба во интеракција со публиката. Пол Ванг е роден 1964 година. Дипломирал на Универзитетот Беркли во Калифорнија, САД. Магистрира на […]

Сончево и топло, попладне локална нестабилност


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб северозападен, а во западните делови умерен западен ветер. Попладне и во вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 7. […]

Марк Руте тврди дека Бугарија и Македонија се блиску до компромис


  Холандскиот премиер Марк Руте во петокот предвиде дека Бугарија и Македонија се блиску до изнаоѓање компромис за спорот што всушност ја спречи Македонија да се движи кон членство во ЕУ. „Никогаш не е црно-бело“, призна Руте додека го напушташе дводневниот самит на лидерите на ЕУ. Бугарскиот парламент во петокот отвори пат кон договор, но […]

Политички земјотрес во САД: Врховниот суд ја укина легализацијата на абортусот


  Врховниот суд на САД ја прекина уставната заштита на нацијата за абортус, која беше во сила речиси 50 години, со одлука на неговото конзервативно мнозинство да го отфрли законот Ро против Вејд. Исходот од петокот се очекува да доведе до забрани за абортуси во приближно половина од државите. Одлуката, незамислива пред само неколку години, […]

Ексклузивно со Д.В.Мафет во „Во кадар“ со Миланка Рашиќ


  Најновото издание на емисијата за филм „Во кадар“ донесува ексклузивно интервју со американскиот актер и режисер  Доналд Ворен Мафет. Миланка Рашиќ разговара со Мафет за актуелните ангажмани и за неговото учество во проектот Скопје Технолошки Парк Капитал Партнерс, во чии рамки е предвидена изградба на филмски и ТВ студија во Скопје. Најновите улоги на […]

Русија лансираше ракета, таа се врати назад кон лансерот (Видео)


  Се појави видео како една руска противвоздушна одбранбена ракета лансирана во регионот на Луганск, се свртува за 180 степени во воздух за да удри на речиси точното место од каде што е лансирана. Беше објавено дека видеото е снимено во раните утрински часови во близина на градот Алчевск, на околу 80 километри јужно од […]

ССМ: Синдикалниот притисок го продолжуваме на улица


 Штрајкувачкиот одбор – Претседателството на ССМ соопшти дека незадоволството на работниците од јавниот сектор е огромно и од тие причини на денешната седница одлучи незадоволството да го изразува на улица. Поконкретно, како што потенцираат од Синдикатот, в понделеник, 27 јуни, од 7 до 10 часот ќе застанат на влезот на главниот град Скопје на раскрсницата […]

СЗО: Нема потреба да се откажуваат масовни настани поради мајмунските сипаници


Светската здравствена организација (СЗО) не гледа потреба од откажување или одложување на масовни настани ова лето поради невообичаено високиот број случаи на мајмунски сипаници. „Научивме дека масовните собири сами по себе не го засилуваат преносот, важно е однесувањето за време на настаните“, изјавија експерти на СЗО. Сепак, организаторите на околу 800 големи фестивали во Европа […]

Срамот не допира до Бугарија


  Срамот не допира во Бугарија. Тоа го потврди и денешната расправа во бугарското Народно собрание која беше демонстрација на „ѓон“ образ и на политичко лицемерие. Па, така, тие што го воведоа ветото, сега зборуваа колку е важно да се тргне и колку голем интерес на Бугарија е Македонија да влезе во ЕУ. Сите што […]