Народниот правобранител со бројни забелешки за условите во казнено-поправните установи


Прекубројноста на осудените лица и несоодветните материјални услови во кои се сместени, несоодветно постапување на затворскиот персонал, условите во затвореното одделение, се нехумани и деградирачки. Недостиг на пристап до вода, корупцијата се уште активна во сите затвори со посредство на службените лица, проблеми со сместувањето на женските лица во казнено поправните домови, многу психијатриски дијагнози […]

Уште 108 новозаболени со Ковид-19, 88 оздравени пациенти


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 723 тестови, а регистрирани се 108 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 75, Битола – 7, Куманово – 6, Прилеп и Кавадарци – по 4, Струмица – 3, Тетово, Гостивар и Охрид – по 2, Велес, Штип […]

Османи: Само две прашања нѐ делат од преговорите


  Ако билатералниот Протокол остане во заклучоците на Европскиот совет и ако Бугарија не отстапи од тоа и од ставот за непризнавањето на јазикот, Македонија ќе ја отфрли одлуката на Брисел – најавија денес министерот за надворешни работи Бујар Османи и вицепремиерот за евроинтеграција Бојан Маричиќ, на првата прес-конференција по враќањето од Брисел. Без тие […]

Поради парадата на гордоста во сабота, сообраќаен режим во Скопје


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 25.06.2022 година (сабота) поради одржувањето на „Парада на гордоста“, ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај по сообраќајниците на централното градско подрачје на Скопје. За време на движењето (по потреба) за сообраќај ќе бидат затворени ул.„11-ти Октомври“, ул.„Димитрие Чуповски“,, ул.„Васил Главинов“, бул.„ВМРО“, бул.„Илинден“, ул.„Аминта […]

Роналдо побара засилувања како услов да остане во Јунајтед


Капитенот на португалската фудбалска репрезентација Кристијано Роналдо најави дека ќе го напушти Манчестер јунајтед доколку раководството на премиерлигашот не донесе сериозни засилувања во летниот преоден рок, јавија денеска британските медиуми. Според весникот „Дејли мејл“, Роналдо е незадоволен од работата на клупското раководство и нивната стратегија во делот на трансферите. – Ливерпул го донесе Дарвин Нуњез, […]

Петков му дава лекции на Ковачевски – прифати го предлогот, па макар паднела и владата


  Оној што немаше политичка храброст ги подучува другите како да соберат таква храброст и да прифатат тешки политички решенија. Така бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков го подучува македонскиот премиер Димитар Ковачевски. Откако самиот тој и неговата влада (која падна во средата) одбија да се изјаснат за францускиот предлог и покрај тоа што таквите […]

ЕСМ понуди 48 евра за мегават час на тендерот на ЕВН Хоум – 17 отсто повисока од сегашната


ЕСМ понуди 48 евра за мегават час на тендерот на ЕВН Хоум. Тоа е 17 отсто повисока цена од онаа која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач. Од ЕВН велат дека на денешниот тендер за набавка на електрична енергија за периодот од јули-декември се јавила само една понуда од АД ЕСМ и е […]

Нов земјотрес во Авганистан, најмалку пет жртви


Пет лица загинаа денеска во источен Авганистан во нов земјотрес што е регистриран во близина на епицентарот на разорниот земјотрес што се случи пред два дена. Јачината на денешниот земјотрес бил 4,3 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот се наоѓал во близина на пакистанско-авганистанската граница, јавува „Ројтерс“. „Според првите информации, пет лица загинаа во земјотресот […]

Општина Битола не наплатила една третина од данокот последните две години од мандатот на Наташа Петровска


  БИТОЛА – Шестмина доставувачи на решенија за данок на имот две години биле на платен список на Општина Битола, а не си ја сработиле работата за која биле платени. Подоцна биле ангажирани уште тројца нови и тие не ги исполниле обврските докрај. Ова се случувало во двете години на ковид пандемијата, кога на чело […]

Напад со експлозивна направа врз објект на „Електрокосмет“ во северно Косово


Експлозивна направа е фрлена синоќа околу 23 часот врз објектот на дистрибутерот на електрична енергија, „Електрокосмет“ во Северна Митровица, при што е предизвикана само материјална штета и нема повредени лица, јави агенцијата КосоваПрес. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, извори на агенцијата информираат дека е целосно уништена една трафостаница и оштетени се неколку […]

Османи: Бевме цел на хибриден напад дома, можна е кривична постапка


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, изјави денес дека тој, други министри и политичките партии во државата кои требаше да ја бранат позицијата на Македонија во преговорите со Бугарија биле цел на хибридни закани во земјата, при што навести можна истрага која, ако покаже дека станувало збор за организирано сценарио за уривање на државната позиција, […]

Продолжи штрајкот на ССМ, денеска пред Министерството за финансии


Членовите на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска генералниот штрајк на вработените во јавниот сектор го реализираат пред Министерството за финансии, од каде повторно побараа нивното барање за линеарно зголемување на платите од 2.806 денари за секој работник да се вметне или преку амандман или преку Општиот колективен договор. Претседателот на ССМ Дарко Димовски […]

Прекината комисиска расправа за утврдување предлози за уставни судии


Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска ја продолжи расправата за утврдување на предлози за уставни судии, а по двочасовна дискусија седницата беше прекината. На почетокот на расправата пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски нагласи дека нема идеален начин како да бидат сигурни за најдобар можен избор на уставни судии што можат да […]

Германската авиокомпанија „Луфтханса“ откажа уште 2.200 летови во јули


Германската авиокомпанија „Луфтханса“ откажа дополнителни 2.200 летови од центрите во Франкфурт и Минхен во јули, како причина наведувајќи го и недостигот од работници поради зголемен број на заразени лица со Ковид-19. Пред две недели, компанијата информираше за откажување на 900 летови во јули. Во текот на вчерашниот ден, таа најави дека „ќе се откажат дополнителни […]

(Видео) Прес на Османи и на Маричиќ


Проследете ја во живо прес-конференцијата на  заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Бугарското собрание го прифати францускиот предлог и постави свои услови


  Со 170 гласа за, 37 против и 21 воздржани пратениците во бугарското собрание го прифатија францускиот предлог за кревање на ветото на Софија во ЕУ за Македонија со тоа што постави четири услови кои бара да влезат во преговарачката рамка.  Собранието расправаше неколку часа околу овој предлог и најмногу се посвети на предлогот што […]

Со ребалансот се подобрува стандардот на граѓаните – за вработување 1,9 милијарди денари


Со ребалансот на Буџетот за 2022 година се обезбедуваат средства за подобрување на стандардот и условите за живот на граѓаните во услови на најголема глобална економска криза. За нови таргетирани мерки наменети за финансиска помош на оние на кои им е најпотребна, се обезбедуваат средства во износ од 4,7 милијарди денари. Средствата за активни мерки […]

Обучени волонтери од сите засегнати општини ќе ја штитат Шар Планина од пожари


Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини заедно со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути ја посети обуката за справување со пожари на отворен простор за просторните сили на Шар Планина, што вчера и денес се реализира во организација на ЈУНП Шар Планина со поддршка на Дирекцијата за заштита и спасување и Против […]

Петровска: САД се наш долгогодишен стратешки партнер, соработката ќе ја интензивираме


САД се наш долгогодишен стратешки партнер со кои градиме политика на взаемна доверба, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска во обраќањето пред собраниската Комисија за одбрана и безбедност на која брифираше за неколку клучни поенти од нејзината посета на Вашингтон. Сесијата која таму се одржала, како што информира, била посветена на одбрана и безбедност со […]

И Ќучук вели дека францускиот предлог бил најдобар за Бугарија


  Бугарија станува проблематична земја која ги попречува развојните процеси на ЕУ. Нашето место не треба да е меѓу попречувачите, туку во развојниот простор – да поставиме агенда, да наметнеме различни гледишта кои ќе ја направат ЕУ многу поефикасна и тоа да биде во бугарски национален интерес. Една од темите што требаше да ги води […]