Софија му порача на Еди Рама да внимава како зборува


  Откако вчера во Брисел албанскиот премиер Еди Рама изјави дека блокадата на Софија е „срамота“, од бугарското министерство за надфворешни рабои му порачаа да внимава како се изразува бидејќи неговата земја е кандидат за членство во ЕУ. Рама, на прес конференцијата со Димитар Ковачевски и Александар Вучиќ изјави дека „една НАТО земја членка киднапира […]

Мајмунските сипаници стигнаа и во Хрватска


Маж што претходно престојувал во Италија и во Шпанија, ги донесе мајмунските сипаници во хрватска, јави Хрватската радио телевизија (ХРТ). Во Хрватска вчера е потврден прв случај на мајмунски сипаници, јави Хрватската радио телевизија (ХРТ). Според информациите, се работи за маж што престојувал во Италија и Шпанија. Лицето има поблаг облик на мајмунски сипаници и […]

Вработените во Општина Тетово ќе добијат по 2.806 денари


Синдикатот на УПОЗ и Синдикалната организација при Општина Тетово членка на Синдикатот на УПОЗ, успешно ги завршија преговорите кои се водеа со градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами. -Како резултат на овие преговори е Анексот на Колективниот договор на вработените во Локалната самоуправа Тетово со кој сите административни службеници во општината кои не добија усогласување […]

Тежок ден за Борис Џонсон: партијата ги загуби двете места на дополнителните избори


  Борис Џонсон се соочи со двоен тежок удар со чекан за неговиот авторитет откако конзервативците ги загубија дополнителните избори во Вејкфилд и Тивертон и Хонитон истата вечер, поради што Оливер Дауден, претседател на партијата, поднесе оставка. Лабуристите го презедоа Вејкфилд, додека либералдемократите го поништија мнозинството од 24.000 за да ги грабнат Тивертон и Хонитон. […]

Се зголемува бројот на жртвите од земјотресот во Авганистан


Бројот на загинати луѓе во земјотресот регистриран во југоисточниот дел на Авганистан се искачи на 1.150, објавија денеска авганистанските медиуми. При земјотресот најмалку 1.600 луѓе се повредени, а делумно или целосно уништени се околу 10.000 куќи. Авганистанските власти денеска, два дена по големиот земјотрес, ја прекинаа потрагата по преживеаните. Сè уште не е познато колку […]

АСО: Се осигурале 600 индивидуални земјоделци и фармери и над 50 аграрни компании


Вкупно 600 индивидуални земјоделци и фармери и уште педесетина аграрни компании за првите три месеци годинава ги осигурале своите посеви, плодови и животни, информираат од Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). – Наскоро земјоделското осигурување ќе стане задолжително со закон и заради тоа неговото учество во осигурителниот пазар значајно ќе се зголеми. Целта на оваа реформа […]

Зеленски: Украина не е тампон зона меѓу Западот и Русија, таа во иднина ќе биде членка на ЕУ


Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, по повод синоќешното доделување на кандидатскиот статус на неговата земја за членство во ЕУ, денеска изјави дека Украина во иднина ќе стане членка на ЕУ и дека тоа сега е фиксирано на официјално ниво. Добивањето кандидатски статус за членство во ЕУ Зеленски во видео порака го нарече ​​„точка од која нема […]

ЕИБ подготвена да ја зголеми поддршката на Македонија во заложбите за декарбонизација и инклузивна економија


Тековната криза е потсетник за потребата од постојано проактивно делување на полето на структурните реформи, како предуслов за поголема отпорност на економиите. Во овој контекст се и активностите за зајакнување на зеленото финансирање, односно поддршката на инвестициите во обновлива енергија, енергетска ефикасност, одржливо земјоделство и технолошки иновации. За исполнување на своите основни цели, како одржувањето […]

Хабек: Можен е целосен прекин на испораките на гас за Германија преку Северен тек


Германскиот министер за економија Роберт Хабек денеска изјави дека на неговата земја и се заканува недостиг на гас доколку испораките од Русија останат на сегашното ниско ниво, а доколку до зима и ги нема доволно, тогаш одредени индустрии ќе мора да бидат затворени, пренесе магазинот „Шпигел“. -Компаниите би морале да го прекинат производството, да отпуштат […]

Млада мајка остана сама со 22 деца, сопругот уапсен за перење пари


Кристина Озтурк од Грузија, мајка на 22 деца, се нашла во големи неволји откако нејзиниот сопруг, турскиот бизнисмен Галип Озтурк (57) e уапсен под обвинение за фалсификување документи и перење пари. Кристина живее во нивната голема куќа во градот Батуми, Грузија, со своите деца. Таа го родила девојчето Вика на 17-годишна возраст, а потоа, првото […]

Фуере бара оставка од Вархеи поради прифаќање на „бугарските грижи“


  Како можете да ги поддржувате „сите бугарски грижи“ и да ги правите дел од преговарачкиот процес, кога некои од тие грижи се против сето она за што се залага ЕУ, смета поранешниот европратеник Ерван Фуере во коментар на твитот на европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеји дека „бугарски загрижености“ ќе бидат […]

Стигна наредба за украинските војски: Повлекување од Северодонецк


  Според високиот регионален функционер, на украинските сили во Северодонецк им било кажано да се повлечат. Градот е во фокусот на руската инвазија додека Москва се обидува да преземе контрола врз големи делови од источна Украина. „Останувањето на позиции кои беа немилосрдно гранатирани со месеци едноставно нема смисла“, рече регионалниот гувернер на Луганск, Серхиј Хаидаи. […]

Зазелене плоштадот околу црквата „Богородица“ на Кеј


На кејот „Димитар Влaхов“ е формиран  и хортикултурно уреден  нов зелен плоштад. Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ го завршија уредување на зелената површина на кејот, со вкупна површина од 3.244 квадратни метри.    Зелената површина е поделена на повеќе парцели со пешачки патеки.    Уредувањето на просторот се одвиваше во неколку фази, односно се […]

„Балканска приказна“ ја освои Турција- меѓу петте најгледани серии според рејтингот


Турската серија „Балканска приказна“ којашто од вторникот започна да се емитува на ТВ екраните на националната турска телевизија ТРТ1, а се снима во Скопје, се искачи меѓу најгледаните пет програми на турските телевизиски канали според податоците од рејтинг листите. Серијата Балканска приказна го привлекува вниманието и на домашната публика кај нас во Македонија, не само […]

(Видео) Бугарскиот парламент расправа за францускиот предлог


Народното собрание на Бугарија денеска како прва точка од дневниот ред расправа за усвојувањето одлука со која се одобрува предлогот на француското претседателство со ЕУ за преговарачка рамка за Северна Македонија и Албанија, јави дописникот на МИА од Софија. Повеќе од три и пол часа членовите на парламентарната Комисија за надворешни работи синоќа дебатираа за […]

Османи: Францускиот предлог го одбивме поради деловите за кои бугарската страна не покажа разбирање


  Откако Македонија го одби францускиот предлог за започнување на преговорите со Европската унија, министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска преку Фејсбук статус појаснува зошто предлогот не е прифатлив. „Два збора стојат помеѓу успехот и неуспехот на Европската унија во регионот. Зборот ‘протокол’ во рамката, како парадигма на историските прашања, и зборот ‘отворање’ во […]

Кинотека ја одбележува 70-годишнината од првиот македонски игран филм „Фросина“


Кинотеката на Северна Македонија деновиве ја одбележува 70-годишнината од првиот македонски игран филм „Фросина“, снимен во 1952 година, во режија на Војислав Нановиќ, а во продукција на тогашниот државен филмски продуцент „Вардар филм“. „Фросина“ (1952) на Војислав Нановиќ и „Мирно лето“ (1961) на Димитрие Османли минатата година беа дигитално реставрирани во лабораторијата „Клик филмс“ во […]

Едно лице убиено и десетици повредени во протестите во Еквадор


По повеќедневните насилства низ Еквадор, демонстрантите вчера се судрија и со војниците и со полицајците во главниот град Кито, но и во другите градови низ земјата, при што едно лице е убиено, а десетици се повредени. Еквадорските домородни народи веќе дванаесет дена протестираат низ Еквадор, со барање до владата да ги намали цените на горивата, […]

Во Авганистан прекината потрагата по преживеаните од земјотресот


 Авганистанските власти денеска, два дена по големиот земјотрес, ја прекинаа потрагата по преживеаните. На 22 јуни земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди југоисточниот дел на Авганистан, при што загинаа повеќе од илјада луѓе, а најмалку 1.500 се повредени. Сè уште не е познато колку луѓе се под урнатините, поради што се стравува дека бројот на жртвите […]

Најмногу дожд во Демир Капија, Тетово и Скопје


Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврана во Демир Капија 20 литри на метар кавдратен, 12 во Тетово, девет во Скопје и по три во Виница и Гевгелија, соопшти УХМР. Времето денеска ќе биде променливо облачно, само на места со слаб локален дожд. Утрово во југозападните делови е сончево, а долж Повардарието има пороен дожд, […]