Зазелене плоштадот околу црквата „Богородица“ на Кеј


На кејот „Димитар Влaхов“ е формиран  и хортикултурно уреден  нов зелен плоштад. Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ го завршија уредување на зелената површина на кејот, со вкупна површина од 3.244 квадратни метри. 
 
Зелената површина е поделена на повеќе парцели со пешачки патеки. 
 
Уредувањето на просторот се одвиваше во неколку фази, односно се изврши прекопување и отстранување на површинскиот слој што се замени со квалитетна почва, информираат од Град Скопје. 
 
На целиот зелен плоштад е поставен систем за наводнување на засадениот цветен расад од сезонско цвеќе од видот цинија, како и на тревникот и вегетацијата.