Марк Руте тврди дека Бугарија и Македонија се блиску до компромис

Емануел Макрон рече дека француското претседателство со ЕУ ќе работи „во следните часови“ за да го преточи текст усвоен во бугарското собрание во договор на ниво на ЕУ


Изборот на нов шеф на НАТО е високо политички процес: Марк Руте

 

Холандскиот премиер Марк Руте во петокот предвиде дека Бугарија и Македонија се блиску до изнаоѓање компромис за спорот што всушност ја спречи Македонија да се движи кон членство во ЕУ.

„Никогаш не е црно-бело“, призна Руте додека го напушташе дводневниот самит на лидерите на ЕУ.

Бугарскиот парламент во петокот отвори пат кон договор, но додаде некои нови услови во процесот, кои ги засилуваат цврстите ставои на Софија, особено околу јазикот и протоколите. Македонија соопшти дека со останувањето на тие услови преговарачката рамка е неприфатлива.

Сè уште мислам дека тие би можеле да дојдат до заедничка позиција“ во наредните денови, рече Руте.

Во четвртокот, пред да се знае дека бугарските пратеници ќе гласаат за предлогот, холандскиот премиер рече дека проценува „50, 60 проценти шанси за пробив следната недела“.

Францускиот претседател Емануел Макрон го поздрави денешното гласање на бугарските пратеници. Макрон рече дека француското претседателство со ЕУ ќе работи „во следните часови“ за да го преточи овој текст во договор на ниво на ЕУ.

Се јави и бугарското  министерство за надворешни работи на Твитер. „Собранието донесе оддлука за поддршка на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Ние не додадовме нови барања до Скопје и сме подготвени да ја одобриме првата меѓувладина конференција веднаш штом нашите пријатели од Северна Македонија ќе го потпишат протоколот, како што разговараа и министрите за надворешни работи“, напиша тоа.

Според усвоената одлука, парламентот ѝ дава право на Владата во оставка на Петков да ги одобри преговарачката рамка и заклучоците предложени од француското претседателство ако се исполнат четирите нови услови што ги додаде Софија.

Ако билатералниот Протокол остане во заклучоците на Европскиот совет и ако Бугарија не отстапи од тоа и од ставот за непризнавањето на јазикот, Македонија ќе ја отфрли одлуката на Брисел – најавија денес министерот за надворешни работи Бујар Османи и вицепремиерот за евроинтеграција Бојан Маричиќ