Протест во Грузија по одложувањето на добивање кандидатура за членство во ЕУ


epaselect epa10032465 People attend a 'March for Europe' in support of the country's membership in the European Union, in Tbilisi, Georgia, 24 June 2022. Georgians took to the streets in support of the country's European Union (EU) membership bid, after the European Commission on 17 June recommended to defer Georgia's candidacy. EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Десетици илјади луѓе протестираа синоќа во Тбилиси против политиката на грузиските власти по неуспехот на земјата да добие статус на кандидат за членство во Европската унија. Веејќи грузиски и европски знамиња, демонстрантите се собраа околу парламентот. Неколку проевропски организации и сите опозициски партии повикаа на демонстрации за да се зголеми притисокот врз власта која ја обвинуваат за авторитарност и влошување на односите со Брисел.

„Ние, народот на Грузија, бараме (премиерот) Иракли Гарибашвили да поднесе оставка и да се формира нова влада која ќе ги спроведе сите реформи што ги бара ЕУ“, рече еден од организаторите на протестот, додавајќи дека тие и даваат на владата рок од една недела да се исполни нивното барање..

Тбилиси поднесе барање за членство во ЕУ заедно со Украина и Молдавија, по почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари. Сепак, лидерите на ЕУ во четвртокот одлучија да им доделат кандидатски статус на Украина и Молдавија и рекоа дека Грузија исто така ќе добие кандидатски статус, но само кога ќе се спроведат реформите.

Гарибашвили претходно изјави дека неговата влада е подготвена да ги исполни условите на ЕУ за што поскоро да добие кандидатски статус.

Европските власти како приоритети го наведоа прекин на политичката поларизација, напредок во слободата на медиумите и судски и изборните реформи.