Утре без вода дел од булеварот „АСНОМ“ во Аеродром


Од 9 часот утре без вода ќе останат жителите од булевар „АСНОМ“ во општина Аеродром. Како што соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“ без вода ќе бидат зградите со парни броеви од 74 до 112. Причина за прекинот е уличен дефект на булевар „АСНОМ“ бр. 84.    

Нема нови моменти, но има обиди за провокации од Бугарија, вели Османи


  Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, и денеска ја потврди својата изјава од пред два дена дека „топката е во Бугарија“ околу кревање на ветото, и дека има комуникација со Софија, но нема разговори. Тој рече дека Македонија не треба да наседнува на провокациите што доаѓаат од Бугарија во последно време. На прес-конференција посветена […]

Регистрирани 96 случаи со Ковид, оздравеле 88


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:   Направени се 1.314 тестови, а регистрирани се 96 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 63, Битола – 15, Куманово, Кичево и Берово – по 3, Тетово и Охрид – по 2, Прилеп, Кавадарци, Велес, Штип и Свети Николе […]

Украинските фармери на линијата на фронтот се борат да го нахранат светот


  На парцела од 1.500 хектари од кошничката за леб на Европа, украинскиот фармер Григориј Ткаченко ја обновува својата фарма. Руските сили стрелаа со проектили „Град“ и куршуми на неговата земја на почетокот на март, бришејќи ги зградите, машините и половина од неговиот добиток – оставија само трага од уништување кога конечно се повлекоа од […]

Руската филијала на Гугл поднесе барање за банкрот


Руската филијала на Гугл објави дека има намера да поднесе барање за банкрот бидејќи не може да ги исполни своите финансиски обврски, се вели во материјалот објавен на веб-страницата на рускиот Единствен државен регистар на правни лица. – Гугл ДОО, застапуван од извршниот директор Дејвид Мунро Снедон, со ова ја објавува својата намера да поднесе барање за несолвентност (банкрот), […]

МПЦ се надева дека СПЦ многу скоро ќе испрати предлог до Цариград за нејзина автокефалност


  Македонската православна црква – Охридска архиепископија ја прифати поканата на Српската православна црква за одржување литургија на помирување утре во храмот „Свети Сава“ во Белград. „Ја прифативме поканата од српскиот патријарх, односно Соборот на Српската православна црква за да се воспостави евхаристичко единство со сиот православен свет, се разбира со оваа архиерејска литургија што […]

Зголемен бројот на основци и средношколци во 2020/2021 во однос на претходната учебна година


На крајот на учебната 2020/2021 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесувал 185 925, што е зголемување за 0,1 процент во однос на претходната учебна година. Според податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика, во редовните средни училишта, на крајот на учебната 2020/2021 година имало 71 176 ученици, што е зголемување за 4,2 […]

Македонија и Србија ќе прават брза железница на Коридорот 10


  Премиерите на Македонија и на Србија, Димитар Ковачевски и Ана Брнабиќ, денеска најавија модернизација на железничката пруга долж Коридорот 10. Ковачевски истакна дека мора да се инвестира во железничката инфраструктура на Коридорот 10 заради зголемување на капацитетот и зголемување на брзините на транспорт, додека Брнабиќ потенцира дека еден од следните приоритети на српската влада […]

Нуредини: За да постигнеме јаглеродна неутралност до 2050 треба да се направи многу


Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, на покана и во организација на Енергетската заедница, денеска во Брисел, учествуваше како панелист на настанот на високо ниво на Прекуграничниот механизам за прилагодување на јаглеродот (ЦБАМ), кој е во завршна фаза на усвојување од страна на Европскиот парламент. На настанот, високи претставници на Енергетската заедница […]

Бензините поскапуваат за 2,5 денари по литар


Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,8 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 94,5, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе […]

Драмски театар со „Странци“ во Велес и во Битола


Драмски театар Скопје, со претставата „Странци“ ќе гостува на сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов–Џинот“ во Велес на 20 мај (петок) во 20 часот, во рамките на првото издание на театарскиот фестивал посветен на Петре Прличко. Фестивалот „5ре“ има ревијален карактер со изведба на седум хит комедии од македонските театри. Претставата „Странци“ својата 52-ра […]

Пендаровски поддржува брз прием на Шведска и Финска во НАТО


  Македонскиот претседател, Стево Пендаровски, вели дека проширувањето на НАТО по апликациите на Шведска и Финска е добра вест за да има траен мир во Европа. Тој се залага за брз прием на двете нордиски, досега неутрални земји, во Алијансата. „Денешното истовремено предавање на официјалните писма за барање за прием во најмоќната воена Алијанса е […]

Костадиновска-Стојчевска: Македонската музеологија останува во тек со светските практики 


Музеите и нивната работа се нашата слика во светот. Нема сомневање дека македонската музеологија останува во тек со светските практики и ги следи новите хибридни начини на работа. Иако за нашите услови тоа се долги процеси, знам дека музејската заедница може да одговори на предизвиците, рече во своето обраќање денеска министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска […]

Русија протерува 34 француски дипломати


Русија – Руското Министерство за навдворешни работи денеска соопшти дека протерува 34 вработени во француските дипломатски претставништва. – Триесет и четворица вработени во француските дипломатски претставништва во Русија се прогласени за „персона нон грата“.Тие имаат рок од две недели да ја напуштат земјата, се наведува во соопштението. Протерувањето на француските дипломати е реципрочна мерка по протерувањето […]

Девет повредени во тешка сообраќајка кај Кичево


На 17.05.2022 во 18.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на  магистрален пат Кичево – Гостивар, кај с. Колари, се  случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мини купер“ со италијански регистерски ознаки, управувано од Х.Б.(26) од с.Колари, патничко моторно возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Л.А.(76) од с. Зајас, кичевско […]

За инвестиции во „капка по капка“ и бунари ќе бидат склучени 322 договора вредни 75 милиони денари


Вкупно 322 договора вредни 75 милиони денари ќе бидат склучени по Јавниот повик за набавка на системи за наводнување „капка по капка“ и за конструкција на бунари од Програмата за рурален развој. Договорите чие доделување беше организирано денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе ги потпишат земјоделски стопанства и земјоделци од сите општини […]

Ковачевски: Евроинтеграцијата на Северна Македонија и Албанија е сведена на зборување за историја


 „Отворен Балкан“ не е замена за европската интеграција, порачаа премиерите на Северна Македонија и на Србија, Димитар Ковачевски и Ана Брнабиќ кои се надеваат дека и останатите држави од регионот ќе ги препознаат бенефитите на оваа иницијатива и наскоро ќе се приклучат кон неа. За премиерот Димитар Ковачевски, иницијативата „Отворен Балкан“ е исклучително позитивен чекор […]

Повторно дојави за бомби во училиштата во Белград


Србија– Ученици и вработените во неколку белградски средни училишта беа евакуирани нешто пред 11 часот по дојавата за поставени бомби, објавија српските медиуми. Според весникот Блиц, Медицинското училиште во Звездара и Средното техничко училиште ПТТ во Палилула се евакуирани. Весникот наведе и дека имало дојава и за поставена експлозивна направа во базенот Ташмајдан. Додека други […]

Брнабиќ: СПЦ се обидува да реши прашања што придонесуваат за соработка и поврзување


Премиерката на Србија Ана Брнабиќ денеска во Скопје не сакаше да ги коментира односите и разговорите за црковните прашања меѓу Српската православна црква и МПЦ – Охридска архиепископија, но им се заблагодари на СПЦ и на српскиот патријарх Порфирије, затоа што, како што оцени, се обидуваат да решат прашања што придонесуваат за регионална соработка, разбирање […]

Бочварски учествуваше на Министерски совет во Приштина


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска присуствуваше на Министерскиот совет во рамки на Секретаријатот на транспортната заедница што се оддржа во Приштина, Република Косово. Како што информира Министерството за транспорт и врски, покрај министерот Бочварски, на Советот присуствуваа и министрите за транспорт од Косово, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, а се […]