Дали Русите грешат што „фрлија сѐ“ на Северодонецк?


  Руските сили би можеле да направат стратешка грешка со тоа што „ставаат сè што имаат“ во битката за Северодонецк, во украинскиот регион Луганск, сугерира поранешен американски амбасадор во НАТО. Иако градот е важен за регионот Луганск, „тој не е толку важен за борбата во целина, и мислам дека Украинците ќе можат да се регрупираат […]

Индустриското производство во април помало за 3,8 отсто од лани


Скопје, 31 мај 2022 (МИА) – Индустриското производство во април годинава во однос на април лани бележи пад од 3,8 проценти, а раст од 1,5 отсто во периодот јануари – април 2022 споредено со истиот период од минатата година, покажуваат податоците што ги објави денеска Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во […]

Во април за 1,9 проценти намален бројот на работници во индустријата


Бројот на работници во индустријата во април годинава во однос на април лани е намален за 1,9 проценти. Во периодот јануари – април година, пак, во однос на истиот период лани, има намалување од два проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Во секторот Рударство и вадење камен во април 2022 година, во однос на […]

Ангеловска Бежоска ‒ Бјерде: Светска банка и натаму ќе ја поддржува Народната банка за јакнење на финансиската стабилност


Светската банка и натаму ќе ја поддржува Народната банка за јакнење на финансиската стабилност, беше посочено на работна средба на гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерките Ана Митреска и Емилија Нацевска со потпретседателката на групацијата на Светската банка за регионот, Ана Бјерде. Како што информираат од Народната банка, на средбата, на која присуствуваа и регионалната директорка […]

„Дојче банк“ под истрага за злоупотреба на еколошки производи


Германски обвинители денеска вршат претрес во канцелариите на „Дојче банк“ во Франкфурт по наводите за злоупотреба на еколошки производи. Претресот е дел од истрагата за наводите дека „Дојче банк“рекламирала инвестициски производи како „позелени“ отколку што всушност биле. Истражителите извршиле претрес по сомневање за инвестициска измама во канцелариите на банката и нејзината подружница за управување со […]

АСО: Што мора да знаете пред да купите „Јунит Линкд“ осигурување живот?


Животното осигурување кај кое парите се вложуваат во удели на инвестициски фондови („Јунит Линкд“ осигурување) е висококвалитетен производ со голем потенцијал за оплодување на инвестицијата. Но тој истовремено содржи и ризик од загуба на вложените средства затоа што вредноста на вложеното зависи од цените на уделите кои се формираат на берзите.  Токму заради ова АСО […]

(Видео+Фото) „Брако“ и „Грин Машинс“ на ИФАТ саемот во Минхен


Грин Машинс“, брендот на возила за одржување хигиена на надворешни површини на велешки „Брако“, поставува нови стандарди кога се во прашање иновативните производствени решенија. Тие одговараат на зголемената потреба од нови методи во областа на чистење на надворешните површини. „Грин Машинс” од Велес, деновиве на водечкиот саем од областа на еколошки технологии, ИФАТ, кој што […]

Изборот на уставни судии утре и задутре на седница на Комисијата за избори и именувања


По вчерашната средба на шефот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Собранието Талат Џафери со претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска за блокадата на изборот на четири уставни судии, денеска надлежните потврдуваат дека утре или најдоцна задутре изборот на уставните судии ќе се најде на дневен ред на собраниската Комисија за […]

Општина Центар на старите им нуди нега, помош или друштво до два часа


Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по повод почетокот на реализацијата на проектот „Нега на стари лица во домашни услови“, денеска посетија двајца корисници на помош од проектот. Градоначалникот Герасимовски информира дека проектот опфаќа 90 корисници, а моментно има 67 поднесени барања за користење на […]

Доколку сакате да проверите дали имате висок холестерол, направете тест кој трае само неколку секунди


Високото ниво на холестерол во крвта може да го зголеми ризикот од состојби како што се ангина, висок крвен притисок и мозочен удар. Ако некое време размислувате дали да го тестирате нивото на холестерол, веќе можете да го дознаете резултатот. Постои едноставен тест кој трае неколку секунди и може да се направи дома. „Спроведувањето на […]

Турција сака да посредува во спорот околу извозот на жито од Украина


  Турција сака да посредува во борбата за блокираниот извоз на жито од Украина. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на 8 јуни ќе разговара со воена делегација во Турција за да ја истражи можноста за морски коридор, најави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. Тој за официјалната агенција Анадолија изјави дека има […]

Тренчевска и делегација на Светската банка во посета на градинката во Волково


Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска заедно со делегација на Светската банка, предводена од потпретседателката за Европа и Централна Азија, Ана Бјерде и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски ја посетија градинката во Волково, изградена преку Проектот за подобрување на социјални услуги финансиран од Светската банка. Во состав на делегацијата на […]

Николовски апелира да се одблокираат парите за тутунарите во Собранието


Тргнете ја политиката од земјоделството, посебно сега, во услови на криза и војна и сите, едногласно, без секунда одложување, изгласајте ги измените на Законот за земјоделство и рурален развој со кој на над 20. 000 туутнопроизвподители треба да им бидат исплатени 1,3 милијарди денари, апелира денеска до пратениците министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо […]

Во првиот квартал 5.919 продажби на недвижности и 2.093 закупи


 Во базата на Регистарот на цени и закупнини во првиот квартал годинава се регистрирани 8.012 трансакции, од кои 5.919 продажби на недвижности и 2.093 закупи на недвижен имот. Споредено со првиот квартал лани евидентирани се 592 повеќе купопродажби, а кај закупите има намалување за 357. Анализата по месеци од  првиот квартал покажува дека може најголем […]

Израел го потпиша првиот договор за слободна трговија со арапска земја


Израел и Обединетите Арапски Емирати по нормализирањето на дипломатските односи во 2020 година, денеска потпишаа договор за слободна трговија, прв од таков вид меѓу Израел и некоја арапска земја. „Честитки“ на арапски јазик напиша во пораката објавена преку Твитер израелскиот амбасадор во Обединетите Арапски Емирати, Амир Хајек, објавувајќи и фотографија на претставници на Израел и […]

Спасовски тестираше алатка за онеспособување експлозивни направи


Министерот Оливер Спасовски во полицискиот центар „Ѓорче Петров“ Скопје присуствуваше на бета пилот тестирањето на ВЕКТОР – алатка за виртуелно собирање докази за идентификација и онеспособување неексплодирани убојни средства.  Спасовски во своето обраќање истакна дека клучен предизвик со кој се соочуваат безбедносните органи е прецизно идентификување на конкретниот предмет, односно  експлозивна направа, проценка и класифицирање […]

Нема реален напредок во односите со Скопје, вели Кирил Петков


  Бугарскиот премиер Кирил Петков ниту ја потврди ниту ја демантираше информацијата дека ќе замине во Париз пред крајот на претседавањето на Франција со ЕУ за да се најде начин да се реши билатералниот спор меѓу Бугарија и Северна Македонија. Тој во изјава за бугарските новинари во Брисел, каде што е на самитот на ЕУ, […]

Мукаетов на СЕФФ: Моќна и обединета бизнис-заедница значи силна економија!


„Ако 20 % од луѓето го напуштиле регионот, тоа значи барем 20 % помалку таленти и вештини, 20 % помалку креативен потенцијал, а на крајот на денот и 20 % помалку традиционални потрошувачи“, истакна Мукаетов на Форумот. Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, е учесник и панелист на Втората годишна меѓународна […]

Ангелов: Ако пожарот во тетовскиот Монопол ги зафатеше силосите со плин, половина град ќе го немаше


Директорот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, утринава во емисијата „Утрински брифинг“ рече дека големиот пожар во фабриката „Пофикс“ во објектот кој се наоѓа во близина на центарот на Тетово, бил навремено локализиран и била спречена голема трагедија. – Ако не го локализиравме, ќе одеше кон силосите со плин со капацитет од повеќе тони и […]

Тетово е во постојана еколошка катастрофа


  Иницијативата „Тетово сака парк“ испрати реакција на пожарот во зградата на „Македонија Табак“ кој го наруши живеењето во градот, кое и претходно беше алармантно.   „Деновиве, кога очите на сите се свртени кон Тетово поради еколошката катастрофа предизвикана од поплавите и огромниот пожар во индустрискиот објект на „Пофикс“ (поранешна „Македонија Табак“), како граѓанска иницијатива […]