Германија во среда ќе го намали данокот на гориво


Во Германија во среда почнува тримесечната фаза на намалување на даноците на горивото, што треба да ги растовари граѓаните по драстичниот пораст на цените на енергенсите во последните месеци. Литар бензин треба да поевтини за 35,2 центи, а дизелот за 16,7 центи. Литар супер денеска во просек изнесува 2,13 евра, а дизелот 2,02 евра. „Не […]

Просечната нето-плата во Црна Гора е 707 евра


Според црногорскиот завод за статистика, Монстат, просечната плата без даноци и придонеси во април изнесувала 707 евра, што е за 0,4 отсто повеќе од март. Просечната нето плата во април, во однос на истиот месец лани, е зголемена за 33,6 отсто. Просечната бруто плата во април била 873 евра. „Ако се има предвид дека потрошувачките […]

Мухамед Зеќири останува во притвор


Апелациониот суд го потврди решението со кое е продолжена мерката притвор на поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири. Од Судот за МИА потврдија дека апелационите судии ја одбиле жалбата на Зеќири со која тој побара да биде пуштен да се брани од слобода. По оваа одлука на Апелациониот суд поранешниот владин генерален секретар останува […]

Бензема прогласен за играч на годината во Лигата на шампионите


Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема е прогласен за играч на годината во Лигата на шампионите. Триесет и четиригодишниот Французин стана најдобар стрелец на турнирот со 15 голови. Бензема со Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите и во финалето го совлада Ливерпул со 1:0. Францускиот фудбалер по петти пат во кариерата стана победник на […]

Пораст на каматите на новоодобрените кредити во април


Народната банка денеска соопшти дека продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити на годишна основа и оти во април годинава таа е на ниво од 4,30 проценти. Просечната каматна стапка, пак, на вкупните депозити изнесува 0,68 проценти. -Во април 2022 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,30 проценти и […]

Стопанска банка Скопје со 4 милиони евра од ЕБОР ќе ги поддржува малите и средни претпријатија


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) одобри кредитна линија за Стопанска банка, од која корист ќе имаат малите и средни претпријатија (МСП) во Северна Македонија. Претседателката на ЕБОР, Одил Рено-Басо и Генералниот извршен директор и Претседател на Управниот Одбор на Стопанска банка Диомидис Николетопулос, денес, во Скопје, потпишаа договор за кредитна линија во износ од 4 милиони […]

Регистрирани 85 нови случаи на Ковид-19, нема починати


 Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа од направени 1.334 тестови, а регистрирани се 85 нови случаи на КОВИД-19, 48 пациенти се оздравени, а нема ниту еден пријавен смртен случај. Како што информираат од Министерството за здравство од вкупниот број новозаразени 60 се во Скопје, седум во Битола, Охрид – четири, […]

Украина “свети“ и во војна


Вечерта на 23 февруари, Володимир Кудрицки, шефот на оперативниот систем за пренос на електрична енергија на Украина, го притисна копчето на закажаниот, рутински тест за да провери дали електроенергетскиот систем на Украина може да функционира изолирано три дена. Само неколку часа откако ја исклучи земјата од енергетската мрежа од советско време, поврзувајќи ја со рускиот […]

Двајца руски војници осудени за воени злосторства


  Двајца руски војници се осудени на 11 и пол години затвор за воени злосторства од страна на украински суд. Александар Бобикин и Александар Иванов се изјаснија за виновни по обвиненијата. И двајцата беа членови на артилериска единица која, меѓу другите цели, од Русија гранатираше училиште во североисточниот регион Харков. Војниците, кои подоцна беа заробени […]

Вучиќ положи заклетва, приоритети му се мир, стабилност, независност, слобода, Европа и работа


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во Народното собрание положи заклетва за втор, петгодишен претседателски мандат, јави дописникот на МИА од Белград. Обраќајќи им се на пратениците и на гостите, тој рече дека негови приоритети во работата ќе бидат „мирот, стабилноста, независноста во одлучувањето, слободата на Србија, безбедноста, здравството, Европа, работата, работата и работата“. Вучиќ […]

Се вознемири Битола, градоначалникот ќе прави голем паркинг во центарот на градот


  БИТОЛА – Во строгиот центар на Битола, на чекор до Широк Сокак, зад зградата позната како „Јат“, новата општинска власт урива објекти и гаражи и планира да прави паркинг. За ваквата намера, која вчера помина на седница на Советот, опозицијата обвинува дека оживува проектот за катна гаража на екс- градоначалникот Владимир Талески, за што […]

Инфлацијата во еврозоната за мај на нов рекорд од 8,1 отсто


Годишната стапка на инфлација во еврозоната достигна рекордни 8,1 отсто во мај, објави денеска европската статистичка агенција Еуростат. Мајската инфлација во 19-те држави од еврозоната ја надмина претходната рекордна инфлација од 7,4 отсто во април, достигнувајќи највисоки бројки забележани од јануари 1997 година. Порастот на цените во потрошувачката секој месец достигнува рекордни нивоа, континуирано од […]

Германија ќе ги јакне воените „мускули“- ќе потроши рекордни 100 милијарди евра


По неколкунеделни преговори, германските политичари конечно постигнаа договор за огромен фонд за модернизација на војската од 100 милијарди евра.Германија потроши месеци промовирајќи ја својата епохална промена кон помускулеста воена политика. Сега земјата конечно има план за трошење за да го оствари тоа. Три месеци откако канцеларот Олаф Шолц прв го објави германскиот таканаречен Цајтенвенде, или […]

Кои се најдобри, а кои најлоши месеци за заработка на берза


Многу инвеститори, било аматери и професионалци, сметаат дека на берзите има периоди кога заработката е поголема. Дали има вистина во овие тврдења или се работи за финансиско суеверие? Инфографикот што можете да го видите подолу користи податоци собрани од Шродерс, британска компанија за управување со средства. Оваа анализа се базира на 31 година деловно работење […]

Прашањето за маржите можна тема на седницата на Владата денес


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски очекува на денешната владина седница да биде отворено и прашањето за маржите – дали тие и натаму ќе останат замрзнати или мерката ќе биде укината. Тој не кажа дали се можни нови поскапувања доколку утре бидат одмрзнати цените на основните производи, туку ги упати новинарите за ова […]

Ливерпул бара извинување од француската министерка за спорт


 Извршниот директор на Ливерпул, Били Хоган побара од француската министерка за спорт Амели Удеа-Кастер да се извини за нејзините изјави за британските навивачи по финалето на Лигата на шампионите. – Бевме изненадени кога слушнавме такви коментари во ситуација кога немаше време да разбереме што се случило. Тогаш немаше независна истрага за да се утврдат сите […]

Генчовска и Петков не ја потврдуваат средбата со Макрон


Не, не преговараме, се подготвуваме за официјална посета на стручните тимови на МНР на Бугарија и МНР на Република Македонија. Ова денеска на брифинг го истакна министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска. Генчовска ова го изјави откако БГНЕС напиша дека наскоро ќе биде организирана посета на Франција на претседателот Румен Радев и на премиерот […]

Пратениците едногласно ги поддржаа измените на Законот за земјоделство и рурален развој


Со 90 гласови „за“, без ниту еден против и без воздржани, Собранието денеска во рамки на 64-та седница го донесе Предлог- законот за изменување и дополнување на законот за земјоделство и рурален развој, по скратена постапка. Предлагачи на законот се група пратеници од владејачкото мнозинство. Пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека не се применува […]

Јужна Осетија се откажа од референдумот за приклучување на Русија


Новите власти во грузискиот проруски сепаратистички регион Јужна Осетија објавија дека одбиваат да одржат референдум за влез во Русија, помалку од 20 дена откако тој беше закажан. Во декретот, новиот лидер Алан Гаглоев ја истакна „неизвесноста околу правните последици“ од овој потег што го најави неговиот претходник, Анатолиј Бабилов. Референдумот беше закажан за 17 јули. […]

Трошоците во градежништвото повисоки за 7,5 отсто, за материјали за 10


Во првото тримесечје од годинава, во споредба со четвртото тримесечје од 2021-ва, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 7,5 проценти, за материјали за 10 проценти, а за вработените за 2,3 проценти, објави денеска Државниот завод за сттаистика. Во споредба со првото тримесечје од 2021 година, пак, трошоците во градежништвото […]