Генчовска и Петков не ја потврдуваат средбата со Макрон


Не, не преговараме, се подготвуваме за официјална посета на стручните тимови на МНР на Бугарија и МНР на Република Македонија. Ова денеска на брифинг го истакна министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска.

Генчовска ова го изјави откако БГНЕС напиша дека наскоро ќе биде организирана посета на Франција на претседателот Румен Радев и на премиерот Кирил петков. Во нивната делегација ќе биде и претставник на бугарското МНР. Во Париз се очекува да го одобрат предлогот на Емануел Макрон за укинување на ветото за преговорите за членство на РС Македонија во ЕУ.

Шефицата на дипломатијата исто така рече дека нема конкретни резултати. Последните разговори со експертскиот тим на РС Македонија се одржаа на 11-ти февруари и за жал не е постигнат взаемно корисен напредок за двете земји, рече таа. 

Претходно и премиерот Кирил Петков не сакаше ниту да потвтрди ниту да негира дека же патуваат во Париз и ќе имаат средба со францускиот претседател.