Јужна Осетија се откажа од референдумот за приклучување на Русија


Новите власти во грузискиот проруски сепаратистички регион Јужна Осетија објавија дека одбиваат да одржат референдум за влез во Русија, помалку од 20 дена откако тој беше закажан.

Во декретот, новиот лидер Алан Гаглоев ја истакна „неизвесноста околу правните последици“ од овој потег што го најави неговиот претходник, Анатолиј Бабилов. Референдумот беше закажан за 17 јули.

Гаглоев укажува и на „недозволивоста на еднострана одлука преку референдум да се решава за прашања кои ги засегаат законските права и интереси на Руската Федерација“, пренесе АФП.