Работилници за одвикнување од пушењето


По повод  31 Мај – Светски ден за борба против пушење, Центарот за семејна медицина, Медицински факултет Скопје во текот мај организираа шест работилници за одвикнување од пушење. Како што информираат од Катедрата по семејна медицина на Медицинскиот факултет – Скопје, работилниците се подржани од Европа Лек Фарма ДООЕЛ и Хемофарм Претставништво АД Скопје и се одржаа во Кочани, Битола, Тетово, […]

Михаела Алексовска, дел од годинашниот НБА камп „Кошарка без граници“


 Најдобрата македонска млада кошаркарка, Михаела Алекосвска од клубот Крива Паланка од денес е дел од НБА интернационалниот камп „Кошарка без граници“ чијшто домаќин е Милано, Италија. Алексовска е првата кошаркарка од државата која доби покана да биде дел од овој престижен меѓународен камп  (BWB), програма на ФИБА и НБА за глобален развој со акцент на подобрување […]

Лавров на 8 јуни ќе ја посети Турција


Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе ја посети Турција на 8 јуни. – Лавров ќе дојде во Турција на 8 јуни со воена делегација за да разговара, меѓу другото, за воспоставување безбедносни коридори за транспорт на жито. Тоа е најважното прашање, истакна Чавушоглу, додавајќи […]

Пендаровски: Да изградиме модел на економски раст отпорен на кризи


Во периоди на нарушување на нормалноста, отпорноста зависи од нашата адаптибилност и одлучност. Да изградиме модел на економски раст отпорен на кризи, порача денеска претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на вториот ден од Скопскиот економско финансиски форум (СЕФФ) што се одржува во Скопје, под покровителство на Министерството за финансии. Како што нагласи Пендаровски, нашиот одговор […]

Русија ќе ги конфискува трговските бродови во Азовското Море


Проруската администрација во регионот на Доњецк ќе конфискува дел од трговските бродови во пристаништето Мариупол и со нив ќе формира сопствена трговска флота. Ова во вторник го соопшти лидерот на отцепениот регион Денис Пушилин, цитиран од „Интерфакс“. Според него, одлуката за префрлање на овие пловни објекти од Украина во сопственост на „Доњецк“ е веќе донесена […]

Алексовска постави нов национален рекорд во фрлање кладиво


За време на атлетскиот Куп на Македонија одржан изминатиот викенд во Скопје, соборен е еден рекорд на фрлање кладиво за млади младинки од страна на Теа Алексовска од АК Куманово. Таа со резултат 25,62 м. Го сруши досегашниот рекорд во сопственост на Матеја Ефремовска од истиот клуб, поставен во 2015 година со 22,04 м. На […]

По пожарот по Тетово забележано само мало загадување на воздухот


Министерството за животна средина и просторно планирање, согласно ингеренциите, редовно ќе ги следи и ќе ги објавува податоците од мониторинг станицата за квалитет на амбиенталниот воздух во Тетово која е во целосна функција, но податоците не се видливи на веб страницата на МЖСПП заради технички проблеми со главниот сервер. Истите, МЖСПП редовно ги објавуваше, на […]

АЕТМ: Македонците најмногу купувале онлајн од Обединетото Кралство, Ирска и Унгарија


Согласно објавените податоци од Народната Банка на Република Северна Македонија, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ го анализираше бројот и вредноста на реализирани онлајн трансакции со домашни платежни картички кон странски е-продажни места со цел да се креира слика каде најчесто Македонците купувале онлајн во текот на 2021 година. Во текот на изминатата година, […]

Османи во Вашингтон за стратешкиот дијалог Северна Македонија – САД


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска од Токио патува за Вашингтон, каде ќе ја предводи владината делегација на претстојниот Стратешки дијалог меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави. Северна Македонија е прва држава од Западен Балкан што отпочнува ваков значаен процес со САД. Во рамки на посетата на Вашингтон, Османи, како што е […]

Радев и Петков кај Макрон за да договорат гаранции за кревање на ветото


Наскоро ќе биде организирана посета на Франција на претседателот Румен Радев и премиерот Кирил Петков. Во нивната делегација ќе биде и претставник на бугарското МНР. Во Париз се очекува да го одобрат предлогот на Емануел Макрон за укинување на ветото за преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, јави утринава бугарската агенција БГНЕС. Според […]

Објавен повик за одобрување возни редови за автобуски линии


Министерството за транспорт и врски денеска распиша јавен повик за одобрување возни редови за нови автобуски линии и за промена на одобрени автобуски линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот линиски превоз на патници. -Право да учествуваат на огласот имаат сите заинтересирани превозници – правни лица кои имаат лиценца за вршење на меѓуопштински и/или меѓународен линиски превоз […]

(Во живо) Обраќање на Пендаровски на СЕФФ


Скопскиот економско финансиски форум СЕФФ продолжува денеска со дебати во рамки на форумските столбови „Енергијата, зелената транзиција и инфраструктурата“ и „После кризата: Двигатели за економски раст“. Вториот ден од меѓународната конференција, според агендата, ќе стартува со обраќања на шефот на државата Стево Пендаровски и претседателот на Собранието Талат Џафери, по што ќе се дебатира на темите „Енергија […]

Објавен Конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2022


Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ распиша Конкурс за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2022 година. Како што информира Министерството за култура, конкурсот ќе трае од 1 до 30 јуни 2022 година. Достапен е на веб-страницата на Министерството за култура. Согласно со член 5 од Законот за државните награди и […]

Во Германија украдени 230 килограми кашкавал


Во западногерманската покраина Сар од камион паркиран на автопат на место за одмор украдени се 230 килограми кашкавал. Крадците успеале да го земат холандскиот кашкавал едамер за време на викендот. Нејасно е како на прометно место незабележително е ограбен камионот со кашкавал. Полицијата не знае колку е вкупната вредност на украдениот производ. Камиони потешки од […]

Ураганот Агата го погоди јужно Мексико


Агата, најсилниот ураган во историјата, што во мај стигна до копното во источниот дел на Пацификот, денеска ги погоди туристичките плажи и рибарските градови во јужно Мексико. Агата пристигна на копно на околу 10 километри западно од Пуерто Анџело како силна бура од категорија два, со максимална брзина од 165 километри на час. Поради обилниот дожд и […]

„Топ ган“ во првата недела собори рекорди во заработката


  Филмот „Топ ган: Маверик“ на „Парамаунт пикчрс“ веќе во текот на премиерниот викенд од прикажувањето во нешто повеќе од 4.500 кина во САД инкасираше рекордни 134 милиони долари. До крајот на четвородневната празнична пауза во САД, според проценките на компанијата за мерење „Комскор“, се очекува блокбастерот да заработи 151 милион долари. Акциониот филм “Топ […]

Во Египет откриени 150 бронзени статуи на богови


Во некропола во Сакара, во близина на Каиро откриени се 150 бронзени статуи, соопшти Министерството за туризам и антиквитети на Египет. Тоа е прво и најголемо откритие на бронзени статуи од древниот Египет во областа, околу 28 километри јужно од Каиро. Статуите ги прикажуваат старите египетски божества, како богот на задгробниот свет, Анубис, божицата на денот, Нефертим, богот на […]

Пронајдени сите 22 тела од авионската несреќа во Непал


Последното тело од авионската несреќа во Непал утрово е пронајдено, изјави портпарол на надлежниот орган за цивилно воздухопловство во Непал, Део Чандра Лал Карна. Во авионот што се урна на планинско подрачје во Непал, имаше две лица од Германија, четири од Индија и 16 од Непал. Авионот, произведен во Канада, се урна 15 минути по […]

Османи: Парламентарната дипломатија клучна за зајакнување на билатералата со Јапонија


Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамки на работната посета на Јапонија, оствари одвоени средби со спикерот на Домот на претставници Хиројуки Хосода и претседателката на Домот на советници Санто Акико. Како што информира МНР, на средбите соговорниците се осврнаа на односите меѓу Северна Македонија и Јапонија, при што акцентот беше ставен на меѓу […]

Трудо најави забрана за продажба на оружје


Премиерот на Канада, Џастин Трудо најави нов закон за поседување оружје и забрана за купување на оружје. – Денот кога овој закон ќе стапи во сила, повеќе нема да може да се купува, продава, пренесува или увезува оружје во Канада, истакна Трудо. Доколку биде усвоена, забраната се очекува да стапи во сила наесен. Забраната за […]