По пожарот по Тетово забележано само мало загадување на воздухот
Министерството за животна средина и просторно планирање, согласно ингеренциите, редовно ќе ги следи и ќе ги објавува податоците од мониторинг станицата за квалитет на амбиенталниот воздух во Тетово која е во целосна функција, но податоците не се видливи на веб страницата на МЖСПП заради технички проблеми со главниот сервер.
Истите, МЖСПП редовно ги објавуваше, на секој час, во текот на попладневите и вечерните часови, а почнуваќи од 6 часот наутро се објавуваат и ќе бидат објавувани и во текот на денешниот ден.
Податоците се достапни на веб страницата на МЖСПП и на официјалниот ФБ профил на Министерството.
Во моментот се забележува сосемо мало покачување на одредени параметри и нема место за паника.
