Мисија на ЕУ ќе помогне во истрагата за руските воени злосторства во Украина


Претставници на ЕУ треба да и помогнат на Украина да ги истражи и процесира воените злосторства извршени за време на руската инвазија, соопшти Европскиот совет, кој ги претставува 27-те земји-членки на Унијата. Претставниците на ЕУ во Украина ќе им обезбедат на истражителите обука и стратешки совети со цел виновниците да одговараат „во согласност со меѓународното […]

Западот „црта“ план како со руски пари да ја плати обновата на Украина


Западните влади почнуваат да скицираат идеи – од заплена на имот до данок на нафта – за да се соберат стотиците милијарди долари потребни за реконструкција на уништените градови, аеродроми и фабрики во Украина. Нема сомнеж дека сметката за војната ќе биде астрономска по нападот на Русија на 24 февруари. Центарот за економска политика и […]

„Костал Македонија“ ќе произведува полначи за електрични хибридни возила за „Фолксфаген“


Полначи за електрични хибридни возила од групацијата „Фолксваген“, од средината на 2024 година ќе се произведуваат во компанијата Костал во Охрид. Тоа беше соопштено по денешната средба на вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи со раководството на Костал, главниот оперативен директор и член на УО, Хансјорг Херман и генералниот […]

Како Германија А.Д. играше руски рулет – и загуби


  БЕРЛИН – Непосредно пред да почнат да паѓаат бомбите, тоа беше најпосакуваниот билет во календарот на корпоративната Германија: чај со Владимир Путин. Годишниот собир во резиденцијата на претседателот во Сочи или во Кремљ им понуди на германските блу-чип извршни директори ретка можност да разговараат со рускиот лидер, да го слушаат неговиот став за меѓународните […]

Стејт департментот ги посочува лошите услови во затворите, закани кон новинари и корупција


  Американскиот Стејт департамент во извештајот за човековите права во Северна Македонија за 2021 година, нотира случаи несоодветно однесување и лоши услови во затворите, закани кон новинари, корупција и родово и семејно насилство. Се посочува и дека властите презеле чекори за откривање и санкционирање на функционери вмешани во злоупотреби и корупција. „Значајните прашања за човековите […]

Треновски: Зголемувањето на референтната каматна стапка е добро одмерено, нема да влијае врз кредитите


Зголемувањето на референтната каматна стапка за 0,25 процентни поени што го направи Народната банка е сигнално и добро одмерено со цел да се заштити економската активност и монетарната стабилност, оценува професорот Борче Треновски од Економскиот факултет во Скопје во изјава за МИА. Ваквиот чекор на Народната банка, вели Треновски, е внимателно направен бидејќи најавите се […]

Зголемувањето на референтната каматна стапка не би требало да влијае на банкарските кредити, вели Битиќи


Зголемувањето на референтната каматна стапка не би требало да влијае врз зголемувањето на банкарските камати, смета вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Тој денеска одговарајќи на новинарски прашања во Охрид рече дека се работи за стандардна мерка која Народната банка ја презема за да ја осигура стабилноста на денарот и да интервенира поради увезената инфлација. […]

Ново зеленило од 3.700 метри квадратни кај булевар „Србија“ во Општина Аеродром


По налог на Градот Скопје, екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ започнаа со активности за хортикултурно уредување на нова зелена површина на булевар Србија, на потегот од булеварот „Февруарски поход“ до булевар „АСНОМ“ во Општина Аеродром, каде заврши изградбата на вело и пешачката патека во должина од 850 метри, на вкупна површина од 3.400 квадратни […]

Битиќи: СОНК да го прекине штрајкот и да се врати на преговори


Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска од Охрид го повика СОНК да го прекине штрајкот и да се врати на преговарачка маса, бидејќи децата ја плаќаат највисоката цена. Одговарајќи на новинарско прашање до каде се преговорите со СОНК, тој нагласи дека ништо не е променето со почетокот на […]

Битиќи: Ќе има доволно масло за јадење за да се преброди кризниот период


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска изјави дека домашните компании кои произведуваат масло за јадење имаат залихи за месец до месец и половина, но оти со дополнителните количини и мерката за отстранување на увозните давачки за сончогледовото масло за јадење ќе има доволни количини за да се преброди кризниот период додека не се најдат […]

Левица поднесе кривична пријава против Талат Џафери


   Политичката партија Левица, до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието Талат Џафери бидејќи, според нив,  своеволно, систематски и спротивно на Уставот ја кочи и ја оневозможува парламентарната контрола над извршната власт, со несвикување седници за пратенички прашања во континуитет, повеќе од една година. „Пријавениот се товари дека извршил […]

УНИЦЕФ: Децата не можат да си дозволат дополнителен прекин во наставата


Претставничка на УНИЦЕФ во земјава, Патриција ДиЏовани,  повика да се најде неопходен консензус за да се избегне дополнителен прекин во наставата и учењето на децата. Во допис до медиумите соопшти дека УНИЦЕФ го следи тековниот дијалог меѓу Владата и Синдикатот за образование, наука и култура и ги повикува сите вклучени страни брзо да најдат заедничко решение […]

СДСМ прашува зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи за Груевски, тие возвраќаат за случајот на Зеќири


  Владејачката СДСМ денеска соопшти дека било време „ВМРО-ДПМНЕ да одговори како се поврзани Мицкоски и унгарската компанија на Груевски која се најде на црната листа на САД? Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да каже: Која е поврзаноста со унгарската компанија на Груевски која се најде на црната листа на САД? Што знаел […]

Албанските семејства кои ќе трошат над 700 квч месечно ќе плаќаат поскапа струја


Сите оние семејства кои трошат повеќе од 700 киловатчасови електрична енергија месечно, ќе плаќаат поскапа струја, информираше албанската министерка за инфраструктура и енергетика Белинда Балуку, по денешната седница на владата. – Се однесува на најголемите потрошувачи на киловат часови. Зборуваме за семејства, а не за малиот бизнис. Според направената студија, 700 киловат часови, се смета […]

Користењето на јавните финансиски средства во јавниот сектор и од ЕУ фондовите под лупа на Финансиската инспекција


Министерството за финансии преку финансиската инспекција во јавниот сектор поефикасно и поефективно ќе ја врши контролата на користењето на јавните финансиски средства кај субјектите од јавниот сектор и користењето на финасиските средства од ЕУ фондовите. Тоа го предвидува новото законско решение за финансиска инспекција во јавниот сектор што на предлог на МФ го усвои Владата […]

Сеавус достигна над 1.000 вработени


Меѓународната компанија за развој на софтвер Сеавус, дел од групацијата Арикома, објави дека ја надмина бројката од 1.000 вработени на глобално ниво. Во моментот Сеавус, како најголема компанија во рамките на Арикома, работи од 17 канцеларии во 10 земји, успешно покривајќи ги Европа и САД.  „Ми причинува големо задоволство да споделам дека Сеавус само што […]

(Видео) Изјава на Неделков од СОНК: Можно е учениците уште утре да се вратат во училиште


Теоретски е можно утре да продолжи учебната година за учениците, прекината со штрајкот на вработените во образованието. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, денеска пред предбата во МОН, на која треба да донесат решение за барањата на вработените во образованието, односно зголемување на платите, рече дека се надева оти ќе имаат добар предлог од властите и […]

Инфективната клиника се затвора две недели заради дезинфекција


Инфективната клиника во Скопје ќе биде затворена две недели зашто поради огромниот број пациенти потребна е целосна дезинфекција на објектот, изјави директорката на оваа клиника, д-р Милена Стевановиќ. -Ќе се направи сериозно чистење, стерилизација, дезинфекјција на душеци, перници, медицинскиот мебел, се она што е простор, ѕидови и подови итн., ќе се направат и некои диполнителни […]

Иновативни компании од земјава и регионот се претставија на инвестициски форум во Скопје


Вкупно 12 иновативни мали и средни компании од Северна Македонија, Грција, Кипар и Бугарија денеска во Скопје ги претставија своите активности пред потенцијални инвеститори, комерцијални банки и универзитети денеска во рамки на првиот Меѓународен инвестициски форум, во организација на Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со партнерските организации во рамки на Проектот „Газели – […]

Германска министерка поднесе оставка затоа што за време на поплавите пред 9 месеци заминала на одмор


  Политичарката на Зелените, Ане Шпигел поднесе оставка од функцијата сојузен  министер за семејството. Заднината на оставката е нејзиниот однос кон катастрофалните поплави во германската покраина Рајнланд-Пфалц во летото 2021 година. „Денеска поради политички притисок решив да ја ставам на располагање функцијата федерален министер за семејството“, вели 41-годишната политичарка во соопштението коешто го испрати Министерството за семејство. […]