Предложено укинување на Ковид-сертификатите при влез во земјава


Комисијата за заразни болести денеска препорача да се укине задолжителното поседување сертификат за вакцинација или прележаност на КОВИД-19 за влез во земјава. Овие потврди ќе останат да важат за влез во угостителски објекти. За оваа обврска при влез во ресторани и барови не е препорачано да биде укината зашто Комисијата смета дека не е добро […]

Македонските вина претставени во Италија на еден од најголемите саеми за вино во Европа


Македонските винарии учествуваа на еден од најголемите саеми за вино во Европа – „Vinitaly 2022“ кој оваа година се одржуваше од 10 до 13 април во Верона, Италија.  На саемот беа преставени вина од 4.500 винарии, пред 20.000 професионална винска публика од светот. Во рамки на саемот се одржала и посебна мастерклас дегустација на македонските […]

Русија го извлече телото на генерал убиен уште пред еден месец во Мариупол


  Русија конечно го извлече телото на еден од своите седум убиени генерали во Украина речиси еден месец откако го загуби животот, се вели во извештаите. Трупот на генералот за кој се верува дека е генерал-мајор Олег Митјаев (47), командант на страшната 150-та моторизирана дивизија со моторизирана на армијата, беше извлечен од местото каде што […]

СОНК поканет во МОН на преговори за платите


СОНК доби покана за продолжување на преговорите во 15 часот во просториите на Министертството за образивание и наука, соопшти на Фејсбук синдикалниот лидер Јаким Неделков. Самостојниот синдикат за образование, наука и култура од понеделникот организира генерален штрајк во училиштата и градинките поради тоа што со Владата не постигна договор за зголемување на платите во дејностите […]

Ковачевски се затрул со храна на Делфи форумот во Грција?


Премиерот Димитар Ковачевски, според информациите на „Слободен печат“, најверојатно се затрул на Делфи форумот  во Грција. Тој се вратил во Македонија во саботата доцна вечерта, а  веќе во неделата завршил на Инфективната клиника со симптоми на труење.  На патувањето присуствувала поголема делегација, а само Ковачевски имал симптоми на труење иако сите јаделе од истата храна, […]

„Свирачки бендот е најдобар до сега“ – концерт под отворено небо на „Меморија“ на 11 јуни


Пет години по големиот повратнички концерт во „Метрополис арена“, култната македонска поп-рок група „Меморија“ на 11 јуни ќе одржи концерт под отворено небо на стадионот на Армијата во Градскиот парк во Скопје. На денешната прес-конференција во градската кафеана „Пелистер“, членовите од бендот споделија дека концертот е замислен како своевидна „концертна матурска рокенрол забава на генерациите“. […]

Делегација на НАТО во посета на Министерството за одбрана


Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска оствари средба со помошник директорот за одбранбено планирање и политика на НАТО, Трент Мекбеин, кој го предводи тимот на НАТО за време на дводневните редовни билатерални разговори меѓу нашата земја и Алијансата во рамки на процесот на Пактот за одбранбено планирање, соопшти Министерството за одбрана. Министерката Петровска, во ова […]

Инфлацијата во Русија годинава би можела да достигне 20 отсто


Инфлацијата во Русија на крајот на оваа година би можела да достигне 20 отсто, изјави шефот на руската комора на сметководители, Алексеј Кудрин, пренесуваат руските медиуми. -Најверојатно ќе дојде до 20 проценти, можеби 17 до 20 проценти, некаде во тој опсег, рече Кудрин, поднесувајќи извештај за работата во 2021 година до Советот на Федерацијата во […]

„Реплек“ отвори нов погон, инвестиција вредна три милиони евра, најавени 50 нови вработувања


Во фабриката „Реплек“ денеска беше пуштен во употреба нов производствен погон, инвестиција вредна три милиони евра, што ќе донесе нови 50 вработувања. Генералниот директор на Реплек Душан Пецовски на отворањето нагласи дека се препознатливи по тоа што одат во чекор со времето, што се модерни, се менуваат, но сепак не бегаат и не се откажуваат […]

Алкалоид даруваше Бекутан мултивитамински сирупи во сите градинки во Карпош


Алкалоид АД Скопје донираше 2167 производи Бекутан КИДС ВИТС – МУЛТИВИТАМИНИ сирупи наменети за деца на возраст над една година во сите градинки на територија на Општина Карпош. Производите ќе бидат понудени и поделени исклучиво на родителите на децата. Донацијата е реализирана од страна на Секторот за дејности од јавен интерес при Општина Карпош по […]

Празнични попусти во Рамстор Мол


Почнувајќи од 14.04, па сѐ до 01.05.2022 во Рамстор Мол ќе трае големата празнична распродажба на речиси сите производи од вашите омилени брендови.   Искористете ги големите попусти за купување на подарок за себе или за вашите најблиски за празниците од широката понуда на производи којшто ги нудат сите продавници во Рамстор Мол. Посетителите на […]

Наглиот прекин на испораките на гас од Русија ќе предизвика рецесија


Војната во Украина го попречи закрепнувањето на германската економија од пандемиската криза, утврдија водечките институти, намалувајќи ги прогнозите за економски раст и предупредувајќи дека наглиот прекин на испораките на гас од Русија ќе предизвика рецесија. Рускиот гас во моментов е предмет на жестоки дебати поради руската инвазија на Украина и притисокот за проширување на санкциите […]

Шведска сака да стане членка на НАТО уште оваа година


 Шведска ќе поднесе барање за членство во НАТО, објави шведскиот медиум Свенска Дагбладет. Извори за медиумот тврдат дека целта на премиерката Магдалена Андерсон, е, земјата уште оваа година да стане членка на Алијансата. Се очекува барањето за членство, Шведска да го поднесе кон крајот на јуни. Русија се закани дека ќе ја „ребалансира ситуацијата“, во […]

Општина Центар затвори градилиште на Водно – место објект од 11 метри изградил зграда од 20 метри


Секторот за инспекциски работи на Општина Центар затвори градилиште на Водно, односно на улицата „Христо Чернопеев“ бб. Овластен градежен инспектор доднесе решение со кое се наредува на инвеститорот, физичко лице со живеалиште во Струга, во законски предвидениот рок да прекине со сите градежни активности и да ја отстрани градбата. Се работи за објект од втора […]

Џонсон доби казна од 60 евра за присуство на забава за време на карантин


Англија– Британскиот премиер Борис Џонсон доби фиксна казна за прекршување на Законот за Ковид – 19 со присуство на роденденската забава на Даунинг Стрит број 10. Џонсон вети дека ќе се бори како премиер и покрај жестоките повици за негова оставка. Висината на казната е 50 фунти (60 евра). Министерот за финансии Риши Сунак и […]

Поставена спомен-плочата на Владимир и Косара симбол на македонско-црногорското пријателство


  На вториот ден од официјалната посета на Црна Гора, претседателот Стево Пендаровски денеска во Бар присуствуваше на поставувањето на спомен-плочата на Владимир и Косара, која е изработена во Северна Македонија, во чест на македонско-црногорското пријателство. Претседателот Пендаровски посочи дека поставувањето на ова спомен обележје претставува симбол на блискост и културно-историската врска помеѓу Северна Македонија […]

Во Битола ќе гостува претставата „Госпоѓиците од Авињон“


Претставата „Госпоѓиците од Авињон“ работена според истоимениот драмски текст на писателот Сашо Димоски во режија на Ненад Витанов, ќе гостува во Битола. Од НУ Центар за култура-Битола, домаќини и организатори на културниот настан посочуваат дека поканата е реализирана на барање на културната јавност во градот и ќе се одржи на 19 април на големата сцена. […]

Славни режисери на најголемата вечер на модата –Мет Гала во Њујорк во мај


САД – Реџина Кинг, Блејк Лајвли, Рајан Рејнолдс и Лин-Мануел Миранда се кодомаќините на годинешната Мет Гала, враќајќи се на својот традиционален датум- во првиот понеделник во мај во Њујорк. Вечерта на 2 мај е всушност втората гала исполнета со ѕвезди откако годишното прибирање средства за Институтот за костими на Музејот на уметноста Метрополитен беше […]

Вучиќ со остар напад кон Ѓукановиќ и Курти за ширење „соголена омраза кон Србија и Србите“


 Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ги обвини црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и косовскиот премиер Албин Курти дека шират „соголена омраза кон Србите и Србија“ и дека имаат најизразена улога во кампањата на лаги против официјален Белград, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ во обраќањето преку порталот на дневниот весник Информер кажа дека кампањата за […]

Kовачевски за „Ди Пресе“: Дезинформации пласираат оние кои не сакаат земјата да напредува


Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за австрискиот весник „Ди Пресе“ вели дека дезинформациите што во нашата земја се пласираат во контекст на актуелните политички случувања потекнуваат од трети земји кои не сакаат оваа земја да напредува и да се развива. – Ова е јасно финансирано од Русија. Затоа членството во ЕУ е наша стратешка цел. […]