Како се однесуваат хороскопските знаци во бракот? – Лавот посакува кралски живот, а вие?


За да успее врската или бракот меѓу двајца има многу услови кои треба да се исполнат, а за почеток партнерите да се договорат, да имаат ист поглед на светот. Дали ќе се согласат, во голема мера зависи од карактерот, вредностите во кои веруваат, целите што сакаат да ги постигнат… Еве како се однесуваат хороскопските знаци […]

Д-р Оз вели дека ќе се откаже од турското државјанство ако влезе во Сенатот на Пенсилванија 


САД– Мехмет Оз, славниот лекар и републикански кандидат за Сенатот во Пенсилванија, познат како д-р Оз, во четвртокот изјави дека планира да се откаже од турското државјанство доколку го добие местото оваа есен. „Моето двојно државјанство стана проблематично во оваа кампања“, рече Оз, американски државјанин кој е роден во Охајо. „ сакав да го задржам […]

НБО и АСО: Бегалците од Украина ослободени од плаќање гранично осигурување


Сите лица со статус на бегалци од Украина на влез во нашата земја ќе бидат ослободени од плаќање на гранично осигурување, а евентуалните штети од украински возила што превезуваат бегалци до 30 јуни годинава ќе ги покрие Националното биро за осигурување (НБО) од својот гарантен фонд. Оваа одлука ја донесе НБО во координација со Агенцијата […]

Карпош субвенционира купување велосипеди и електрични тротинети


  Започнувајќи од понеделник, 21.03.2022 година, Општина Карпош ја спроведува акцијата за субвенционирање до 30 отсто од цената за купување на нов велосипед, но најмногу до 3.000 денари, како и 30 отсто од цената за купување на нов електричен тротинет, односно најмногу до 5.000 денари. Право на аплицирање за субвенциите имаат сите полнолетни жители на […]

Пролетни медени денови во Рамстор Мол 21.03-23.03: Да ја дочекаме пролетта со мед


Во периодот од 21 март до 23 март, во Рамстор Мол ве очекуваат Пролетни медени денови. Посетителите ќе имаат можност да ги вкусат и набават многубројните производи од мед направени од вредните раце на македонските пчелари. Свое учество на Пролетните медени денови ќе заземат медарите од Про Мед пчеларство, пчеларство Митревски, Додевски и Аврамовски од […]

Рекордно 76. АТП полуфинале за Надал


Шпанецот Рафаел Надал се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот од серијата „Мастерс 1000“ во Индијан Велс, откако денеска го совлада Австралиецот Ник Кириос со 2-1 во сетови (7-6, 5-7, 6-4). Надал со тоа се избори за рекордно 76 полуфинале на „Мастерс 1000“ во кариерата, најмногу од сите други тенисери. Шпанецот воедно ја продолжи и импресивната серија […]

„Љубовната соба” доби награда на „Агора Докс“ на фестивалот во Солун


Долгометражниот документарен филм „Љубовната соба” доби награда на „Агора Докс“ на фестивалот за документарен филм во Солун во Грција. Филмот е во режија на Сузана Диневски, а е во продукција на Сузи Кју. Продуцент на филмот е исто така Сузана Диневски, а ко-продуценти се Владимир Стојчевски (Аворд Филм и Видео) и Бојана Диневски (Сузи Кју). […]

Жители од Џепчиште нападнале соселанец


Жители од дебарското село Џепиште физички нападнале соселанец, за што против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.   – На локален пат во дебарското село Џепиште нарушен е јавниот ред и мир со вербална расправија и физички напад извршен од А.Л (52) и Б.Л.(31) врз М.Р.(41), сите од истото село. Против напаѓачите ќе биде поднесена […]

Голема акција за чистење на училишните дворови во Центар


Општина Центар утре, сабота (19.3.2022), во 10 часот  ја организира втората по ред голема акција за чистење на сите осум основни училишта во општината. Градоначалникот на општината, Горан Герасимовски, заедно со хигиеничарите и општинската администрација, лично ќе учествува во чистењето на училиштето и ги повика учениците, наставниците, родителите, екологистите, невладините организации и сите оние кои […]

Метју Ноулс како „Кралот Ричард“- ќе ја раскаже приказната како Бијонсе и Соланж станале суперѕвезди


Метју Ноулс, татко на Бијонсе и поранешен менаџер на Destiny’s Child, се подготвува за сопствената приказна како им помогнал на своите ќерки, Бијонсе и Соланж, да станат глобални суперѕвезди какви што се денес, поттикнат од екранизираната приказна за таткото и тренерот Ричард Вилијамс на ќерките Венус и Серена Вилијамс- „Кралот Ричард“ со Вил Смит во […]

Плеврис: Од есен веројатно е да има ново зголемување на случаите на Ковид-19


Грчкиот министер за здравство, Танос Плеврис, во интервју за грчката телевизија „Скај“ ја остави отворена можноста од есен да има ново зголемување на бројот на заразени со Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина. Плеврис истакна дека во овој момент предвидувањата и според Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) се дека ќе […]

Завршни зборови на Боки 13 за случајот „Меѓународен сојуз“


Бојан Јовановски-Боки 13 денеска во Основниот Кривичен суд Скопје треба да ги даде завршните зборови за случајот „Меѓународен сојуз“. Адвокатот на првообвинетиот во случајот „Меѓународен сојуз“ на претходното рочиште побара да се одложи завршниот говор, затоа што обвинетиот не бил подготвен за тоа. Обвинителството бара Бојан Јовановски, татко му, неговата асистентка, Јасна Ерцеговиќ и екс-пратеничката […]

Приведени тројца малолетници за „тешка кражба“ и „одземање моторно возило“


На ул.„Тодор Чангов“ во Скопје, денеска  во 03.00 часот полициски службеници од Полициската станица Аеродром лишиле од слобода тројца малолетници од Скопје поради сомнение дека сториле две кривични дела „тешка кражба“ на дрзок начин на 1 март и 8 март 2022 и едно кривично дело „одземање на моторно возило“, соопштија од Министерството за внатрешни работи. […]

„Гардијан“: Париз би можел да и понуди „автономија“ на Корзика


Корзиканските лидери воздржано ја поздравија понудата на францускиот претседател Емануел Макрон за преговори за автономија, додека противниците на Макрон сметаат дека тоа е капитулација и кршење на древниот принцип на унитарност на државата. Лондонски „Гардијан“ објавува дека Париз би можел да понуди „автономија“ за Корзика, сугерирајќи дека државата можеби би се согласила на олабавување на […]

Во тропскиот циклон Гомбе загинаа 53 луѓе во Мозамбик


Најмалку 53 лица загинаа во Мозамбик откако тропскиот циклон Гомбе ја погоди земјата пред една недела, изјави одговорниот политичар за тешко погодената провинција Нампула, Мети Гондола, јави ДПА. Гондола синоќа ја соопшти и бројката на загинати, предупредувајќи дека вистинската бројка на жртви може да биде многу поголема. Илјадници куќи во оваа северна крајбрежна провинција се […]

Тројца руски космонаути денеска треба да полетаат кон Меѓународната вселенска станица


Тројца космонаути од космодромот Бајконур во Казахстан денеска треба да полетаат кон Меѓународната вселенска станица (МВС) , во услови на сериозно нарушени односи меѓу Русија и САД поради војната во Украина, пренесе ДПА. Олег Артемјев, Денис Матвејев и Сергеј Корсаков се екипажот на руската ракета „Сојуз МС-21“ кои ќе отпатуваат за МВС. Тоа е прв […]

„Ролан Гарос“ извесен за Ѓоковиќ и руските тенисери


Франција- На Новак Ѓоковиќ ќе му биде дозволено да игра на Отвореното првенство на Франција дури и ако не е вакциниран против Ковид-19 се додека ситуацијата со коронавирусот во Франција остане стабилна, соопштија организаторите во средата. Руските тенисери, вклучувајќи го и Даниил Медведев, исто така ќе им биде дозволено да играат на турнирот, но како […]

Реџина Кинг, Блејк Лајвли, Рајан Рејнолдс- Мет Гала ги објави кодомаќините на Ана Винтур


САД – Реџина Кинг, Блејк Лајвли, Рајан Рејнолдс и Лин-Мануел Миранда се кодомаќините на годинешната Мет Гала, враќајќи се на својот традиционален датум- во првиот понеделник во мај. Вечерта на 2 мај е всушност втората гала исполнета со ѕвезди откако годишното прибирање средства за Институтот за костими на Музејот на уметноста Метрополитен беше поделен за […]

Том Круз се враќа во Кан со „Топган: Маверик“


Франција– Американската филмска ѕвезда Том Круз ќе го претстави продолжението на филмот „Топган“ со поднаслов „Маверик“ (Top Gun: Maverick) на годинешниот 75. Меѓународен филмски фестивал во Кан. – Том Круз се враќа во Кан со филмот „Топган: Маверик“, што ќе биде прикажан на 18 мај, најави организаторот на фестивалот, Тјери Фремо. Том Круз (59) се […]