Приведени тројца малолетници за „тешка кражба“ и „одземање моторно возило“


На ул.„Тодор Чангов“ во Скопје, денеска  во 03.00 часот полициски службеници од Полициската станица Аеродром лишиле од слобода тројца малолетници од Скопје поради сомнение дека сториле две кривични дела „тешка кражба“ на дрзок начин на 1 март и 8 март 2022 и едно кривично дело „одземање на моторно возило“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР додадоа дека тие биле приведени во полициска станица и во службен разговор со полициски службеници, во присуство на нивни родители, ги признале делата.

– По целосно документирање на случаите против малолетниците ќе бидат поднесени соодветни пријави, наведоа од МВР.