Русија воведува зона за забранети летови над Донбас


 Русија воспостави зона на забранети летови над Донбас, изјави претставникот на Народната милиција на „Доњецката Народна Република“, Едуард Башурин. Запрашан во интервју за телевизијата „Русија 24“ дали Русија вовела зона на забранети летови, Башурин кажа – „Мислам дека е така“. Тој го коментираше и повикот на шефот на ДНР, Денис Пашулин за зајакнување на системот […]

Американски производствен џин останува во Русија: „Заминувањето носи повеќе штета од корист“


„Коч индустрис“, американска приватна мултинационална конгломератска корпорација која вработува 122.000 луѓе низ светот, одлучи дека нема да го напушти својот бизнис во Русија, затоа што со тоа своите вработени таму би ги довела во ризик и би направила повеќе штета од корист. Шефот на „Коч“: Немаме друг физички имот во Русија Присуството на мултинационалниот конгломерат […]

„Модерна“ тестира вакцина против омикрон


Американската фармацевтска компанија „Модерна“ соопшти дека во САД почна втората фаза од тестирање вакцина, што ја вклучува нивната против Ковид-19, но и потенцијална за заштита од варијантата омикрон. Новата двовалентна вакцина веќе ја прими едно лице, а се очекува да се вклучат околу 375 лица на 20 тестирачки места во САД, информираше „Модерна“, јави Хина. […]

Мајките на руските војници да проверат дали тие се живи, повика Зеленски


Секоја мајка, која знае дека нејзиниот син е пратен во војна против Украина, мора да провери каде е тој. Особено оние, кои не можат да ги контактираат своите деца. Оние, на кои им е кажано дека нивните деца се убиени, но, не им го вратиле телото. Вака им се обрати украинскиот претседател, Володимир Зеленски, на […]

Најмалку три експлозии утрово во Лавов


Најмалку три експлозии се слушнаа во западниот украински град Лавов, околу 6.30 часот по локално време, јави Скај њуз. Украинската телевизија 24 објави кратко видео на Телеграм, каде може да се види како чад се крева над хоризонтот. Градоначалникот на Лавов, Андреј Садовиј потврди дека експлозиите биле во подрачје на аеродромот. Но, тој на Телеграм […]

Кризата во Украина ја зголеми побарувачката за оружје од американско производство


Руската инвазија врз Украина ја зголеми побарувачката во Европа за оружје од американско производство. Владите на државите од Европа до американските власти и воената индустрија веќе доставуваат списоци со нарачки на оружје, вклучувајќи дронови, ракети и противракетни системи. Германија која до довршува договорот за набавка на 35 авиони „Ф-35“ се интересира и за одбранбени системи […]

Јанша: Руската војска никогаш нема да го заземе Киев


Словенија – Руската армија никогаш нема да го заземе Киев, изјави доцна синоќа словенечкиот премиер Јанез Јанша, осврнувајќи се на впечатоците од неговиот престој во Киев, градот што во вторникот го посети заедно со полскиот и чешкиот премиер и притоа имаше и разговари со украинското раководство. Јанша за Словенечката телевизија кажа дека тоа е посета на […]

Шолц: Да не се изедначуваат Путин и Русите


Германија – Германскиот канцелар Олаф Шолц синоќа предупреди дека Русија и рускиот народ не смеат да се поистоветуваат со претседателот Владимир Путин. – Не беше рускиот народ тој кој ја донесе фаталната одлука да ја нападне Украина. Оваа војна е војна на Путин, рече Шолц на настанот организиран од Фондацијата Фридрих Еберт во чест на социјалдемократскиот […]

Австрискиот канцелар и делегација на Белата куќа во посета на Косово


Косово– Австрискиот канцелар Карл Нехамер и делегација на Белата куќа денеска ќе престојуваат во одделни официјални посети на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Како што соопшти службата за односи со јавноста на косовското Претседателство, канцеларот Нехамер и претставниците на Белата куќа ќе бидат примени од претседателката на Косово, Вјоса Османи. Од кабинетот на […]

Европскиот парламент го номинира Зеленски за Нобелова награда за мир


Франција– Голем број европски политичари предложија Володимир Зеленски да биде номиниран и да ја добие Нобеловата награда за мир за 2022 година, се наведува во нивното писмо објавено на специјалната веб-страница nobelprizeforukraine. Актуелни и поранешни политичари, европратеници, го повикаа норвешкиот Нобелов комитет да ја преиспита процедурата за номинирање за Нобеловата награда за мир за 2022 година […]

Стивен Спилберг и Кејт Кeпшоу донираа 1 милион долари за помош на Украина


САД–  Славниот режисер Стивен Спилберг и неговата сопруга, актерката Кејт Кeпшоу донираа 1 милион долари за хуманитарните организации кои работат на хуманитарната криза од војната во Украина. Парите ќе бидат поделени меѓу полскиот Црвен крст, Полската хуманитарна акција, Светската централна кујна, Хебрејското здружение за помош на имигрантите и Фондот за итна акција, според портпаролот. Спилберг […]

Дванаесет од најчудните објекти во универзумот


Нема дилема дека универзумот е чуден. Само погледнете надвор и ќе видите секаква чудна, саморепродуцирана флора и фауна, како лази по сина топка од полустопена карпа покриена со тенка, тврда обвивка и прекриена со слаб филм од гасови. Сепак, нашата планета претставува мал дел од чудните феномени кои можат да се најдат како демнат низ […]

Славна украинска актерка загина во ракетен напад на Киев


Украина– Почитуваната украинска актерка Оксана Шветс е убиена во руски ракетен напад врз станбена зграда во Киев, според Младиот театар каде што таа била дел од трупата. Таа наводно имала 67 години. Шветс работеше во театар и филм со децении и нејзините напори го собраа едно од највисоките почести на Украина, – „Почесен уметник на […]

Научна конференција „Станушина – неоткриена македонска винска приказна“


Во организација на Земјоделскиот институт – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” (УКИМ), денеска во Скопје првпат ќе се одржи научна конференција посветена на македонската автохтона винска сорта Станушина, насловена како „Станушина – неоткриена македонска винска приказна“. Најавено е учество на претставници од винарскиот и лозарскиот сектор, дипломатскиот кор, Министерството за земјоделство, шумарство и […]

Основните прехранбени производи без ДДВ, се очекува намалување на малопродажните цени


Дел од основните прехранбени производи од вчера се продаваат со нула проценти ДДВ, а од минатата недела намалени се и маржите. Без ДДВ се продаваат лебот, брашното тип-400, млекото со масленост од 2,8, од 3,2 и од 3,5 проценти масленост, белиот шеќер, сончогледовото масло, месото и други кланични производи за јадење, белиот ориз и јајцата. […]

Од Личеноски до Мартиноски – изложба „Париски рефлексии“ по повод Меѓународниот ден на Франкофонијата


Изложба со дела на македонските основоположници кои живееле и работеле во Париз меѓу двете светски војни, денеска ќе биде отворена во 12 часот во изложбениот простор Чифте амам во рамки на одбележување на Меѓународниот ден на Франкофонијата, а во организација на Националната галерија во соработка со Францускиот институт во Скопје. На отворањето на постановката насловена […]

Скопје со најмногу активни ковид случаи -1066, ниту еден во Дојран и Македонски Брод


Продолжува намалувањето на активните ковид случаи во државава чиј број, како што информираа вчера од Министерството за здравство, изнесува 1.955, од кои најголем број – 1.066 се во Скопје. Македонски Брод и Дојран се без ниту еден активен случај. Според податоците на Министерството за здравство, во земјава вчера се евидентирани нови 324 случаи на КОВИД-19, […]

Одбележување на јубилејниот 60. број на списанието „Кинопис“


Со пригодна презентација на најновото издание на списанието „Кинопис“ бр.59-60, со отворен разговор и дискусија на тема „Кинопис досега и отсега“ со уредникот и дел од авторите на „Кинопис“ во Кинотека денеска ќе се одбележи јубилејниот 60. број на списанието „Кинопис – периодичното списание за историја, теорија и култура на филмот и другите уметности“ – […]

Словенечкиот министер за внатрешни работи Алеш Хојс во посета на Скопје


Делегација на Министерството за внатрешни работи на Словенија предводена од министерот Алеш Хојс денеска ќе престојува во официјална посета на земјава. Официјалниот пречек на словенечкиот министер Хојс, од неговиот домаќин Оливер Спасовски, ќе се одржи во кругот на Министерството за внатрешни работи, по што ќе следи работен состанок на делегациите на двете министерства, најави МВР. […]

„Лучија од Ламермур“ на сцената на Националната опера и балет


На сцената на Националната опера и балет (НОБ) вечер со настапот на врвна солистичка екипа ќе се одржи уште една изведба на една од водечките бел-канто опери во светската оперска литература „Лучија од Ламермур“ од големиот италијански композитор Гаетано Доницети. Како што соопштуваат од Националната опера и балет, во оперската претстава ќе настапат нашата првенка […]