Американски производствен џин останува во Русија: „Заминувањето носи повеќе штета од корист“


„Коч индустрис“, американска приватна мултинационална конгломератска корпорација која вработува 122.000 луѓе низ светот, одлучи дека нема да го напушти својот бизнис во Русија, затоа што со тоа своите вработени таму би ги довела во ризик и би направила повеќе штета од корист.

Шефот на „Коч“: Немаме друг физички имот во Русија

Присуството на мултинационалниот конгломерат во Русија е многу мало, вели претседателот и главен оперативен директор на „коч“, Дејв Робертсон во соопштението.

Фирмата има околу 600 работници во својата подружница „Гардијан индустрис“, која управува со два погона за производство на стакло во русија и дополнителни 15 луше кои работат надвор од „Гардијан“, но во земјата.

„Немаме друг физички имот во Русија“, додаде Робертсон.

Повеќе од 400 големи фирми ја напуштија Русија

Одлуката на „Коч“, објавена е откако повеќе од 400 светски компании јавно објавија планови за повлекување, сопирање или намалување на компаниите во Русија поради нејзината инвазија на Украина. Потрошувачките кампањеи и кампањите на социјалните медиуми за бојкот на производи како руска вотка, концерти на класична музика и фудбал, исто така го зголемија притисокот на јавноста врз компаниите.

Но, според списокот кој го составија професорот по менаџмент на Јеил, Џефри Соненфеллд и неговиот истражувачки тим, „Коч индустрис“ е една од триесетината компании кои им пркосат на барањата за излез или намалување на активностите во Русија. Меѓу другите се и „Рибок“, „Каргил“, „Хелибартон“, „ЛГ“, „Синабон“ и „Сабвеј“.