Отворање на нов центар за развој на технологија во Скопје


Нов центар за развој на технологија ќе биде отворен денеска во Скопје. Инвестицијата има поддршка од Владата, а со неа е превидено во годините што доаѓаат да се создаде разновиден тим од лидери во технолошката индустрија што ќе ја направи нашата држава еден од главните развојни центри на HTEC Group во Европа. – Со присутните […]

Променливо облачно и студено


Времето ќе биде променливо облачно и студено, претпладне претежно во јужните делови со локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната од 4 до 10 степени. Во Скопје, […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 18 март 2022 година, 77-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 288 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 43 минути, а ќе зајде во 17 часот и 42 минути. Денов трае 11 часа и 59 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее […]

(Видео) Објавени снимки од нападнатиот аеродром во Херсон


Украинските сили нападнаа стратешки области окупирани од руската армија во јужна Украина. Пред два дена тие гранатираа привремена руска база на меѓународниот аеродром Херсон. Украинскиот напад уништи неколку хеликоптери и воени возила. Скај њуз објави снимка снимена по нападот.

Претседателот Пендаровски донесе одлука за помилување осудени лица


Претседателот Стево Пендаровски донесе Одлука за помилување на осудени лица. -Со Одлуката целосно се ослободува од понатамошно извршување на казната затвор Александар Трајан Петровски од Скопје. Делумно се ослободуваат од понатамошно извршување на неиздржаниот дел од казната затвор осудените лица: Неџмедин Расим Матоши од Скопје во траење од четири месеци, Димитар Милија Мишков од Скопје […]

Квалификации за СП: Македонските ракометари обезбедија плус осум за реваншот со Ромaнија


Македонската машка ракометна репрезентација ќе брани предност од осум голови разлика на реваншот од полуфиналниот мундијалски бараж во Букурешт, откако вечерва со фуриозна игра во завршните 15 минути триумфираше во Скопје над Романија со 30-22 (16-13). Македонските ракометари добро го отворија натпреварот и по девет минути игра имаа предност од четири голови разлика (7-3). Уследи […]

Уапсен Бојко Борисов


  Во акција на бугарската полиција вечерва е уапсен поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов. Заедно со него се уапсени МВР беа уапсени поранешниот премиер Бојко Борисов, поранешниот министер за финансии на ГЕРБ, Владислав Горанов, поранешната шефица на комисијата за финансии во Собранието Менда Стојанова и советничката за медиуми во ГЕРБ Севделина Арнаудова. Акцијата е на […]

Приведен Бојко Борисов


Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов, неговата советничка за медиуми Севдалина Арнаудова, поранешната пратеничка Менда Стојанова и поранешниот министер за финансии Владислав Горанов се приведени. Полицијата влегла во домот на поранешниот премиер во Банкаја и во домовите на други високи поранешни функционери. Објаснувањето од полицијата е „итна проверка“. Истите контроли се вршат и во домовите на […]

Разубавување на дворовите на градинките „Весело Штркче“ и „Јаготка“ и изградба на 12 градинки, најави Тренчевска


Грижата за децата е високо на агендата на Владата и на Министерството за труд и социјална политика и затоа нема да застанеме во намерата да отвораме што повеќе детски градинки, рече министерката Јованка Тренчевска, при посетата на градинката „Весело Штркче“ во прилепското село Кривогаштани. Како што соопшти МТСП, Тренчевска посочи дека оваа година со блок […]

Џаферовиќ: Изјавата на амбасадорот на Русија е закана по БиХ


Бошњачкиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ истакна дека изјавата на рускиот амбасадор во БиХ, Игор Калабухов, дека Русија ќе реагира во случај на прием на БиХ во НАТО, како и спомнувањето на Украина во тој контекст, претставува „недозволива закана и напад врз суверенитетот на БиХ“. – Босна и Херцеговина е суверена […]

Блинкен: Руските напади врз цивили се воено злосторство


Американскиот државен секретар Антони Блинкен   ја обвини Русија дека извршила воени злосторства со нападите врз цивили во Украина. – Намерното таргетирање цивили е воено злосторство. По целото уништување во изминатите неколку недели, тешко ми е да заклучам дека Русите спротивно постапуваат, наведе Блинкен. Тој најави дека американскиот претседател Џо Бајден на утрешната средба со кинескиот […]

Советот на Европа ги прекина односите со Бeлорусија


Франција– Советот на Европа денеска соопшти дека ги прекинува односите со Белорусија поради „активното учество на таа земја“ во руската инвазија врз Украина. Извршното тело на Советот на Европа, Комитетот на министри, „денеска одлучи да ги прекине сите односи со Белорусија. Комитетот на министри го суспендира правото на Белорусија да учествува на сите состаноци и […]

Бензините поевтинуваат за два, а дизелот за три денари за литар


Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денари по литар, а цента на дизелот се намалува за три денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,31 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,5 денари […]

Таа го критикуваше Путин и исчезна. Нејзиното момче призна дека ја убил и ја сокрил во куфер


Русија- Тоа очигледно го разлутило момчето на Грета Ведлер, руска манекенка која славно го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека е „психопат“, кој наводно признал дека ја убил и го чувал нејзиниот труп една година скриен во куфер, пишуваат руските медиуми. Ведлер (23) исчезна набргу откако го критикуваше Путин во јануари 2021 година, а пријателите […]

Директорите на царините на Македонија, Грција, Србија на средба за зелените коридори


Зелените коридори наскоро би можеле да станат реалност на граничните премини меѓу членките на ЦЕФТА и ЕУ, порачаа претставниците на царинските управи на Северна Македонија, Грција и  на Србија по денешната средба на ГП Табановце, на иницијатива на Транспортната заедница и Секретаријатот на ЦЕФТА. Славица Кутиров, директорка на Царинската управа на Република Северна Македонија, Константинос […]

40-годишна жена прегазена од автомобил во центарот на Скопје


40-годишна жена била тешко повредена по удар од патничко возило во Скопје. Имено, според полицијата, денеска во 9:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул. Франклин Рузвелт со ул.„Орце Николов“ во Скопје, патничко моторно возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Г.(24) од Скопје, удрило во К.Р.(40) од Скопје. […]

Симеска-Димоска: Нема потреба од паника дека има или дека ќе има недостаток на производи


Нема потреба од паника дека има недостаток на производи или дека ќе има недостаток. Она што ние го имаме утврдено преку документација е дека има доволно масло на залиха и нема потреба од купување на огромни количини. Сметам дека во најбрз можен рок ќе се воспостави редовно снабдување на трговските објекти и редовна продажба, порача […]

Болоња, Глазгов, Хамбург и Малага домаќини на Дејвис купот


Англија – Меѓународната тениска федерација (ИТФ) соопшти денеска дека Болоња, Хамбург, Малага и Глазгов ќе бидат домаќини на групната фаза од Дејвис купот, кој е на програмата од 14 до 18 септември. Како што е соопштено, секој град ќе биде домаќин на една група со по четири репрезентации, а составот на групите ќе биде одреден со […]

Сали на состанок за здравје и миграции во Истанбул организиран од СЗО


Министерот за здравство Беким Сали присуствува на состанок на високо ниво за здравје и миграции, кој се одржува денеска и утре во Истанбул, организиран од Светската здравствена организација. – Особено е значајно да се погрижиме мигрантите и бегалците не само да имаат пристап до здравствените услуги кога им се потребни, туку и овие услуги да […]

Грција отвора трет центар за прием на бегалци од Украина


 Министерството за миграција и азил на Грција соопшти дека одново ќе го отвори прифатниот центар Елефсина во близина на Атина, но сега, ќе биде наменет исклучиво за прием и сместување на раселените лица од Украина, јави дописничката на МИА од Атина. Центарот е со капацитет да прими 150 лица, а е трет по ред што […]