Жители од Џепчиште нападнале соселанец


Жители од дебарското село Џепиште физички нападнале соселанец, за што против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
 
– На локален пат во дебарското село Џепиште нарушен е јавниот ред и мир со вербална расправија и физички напад извршен од А.Л (52) и Б.Л.(31) врз М.Р.(41), сите од истото село. Против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, рече Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
 
Тој информираше и околу засилените сообраќајни контроли на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, кои со својата активност ги покрива ОВР- Дебар.
 
– Во период од четири часа полициските службеници затекнале и санкционирале 6 возачи кои, управувале моторно возило со брзина поголема од дозволената. Од нив, петмина  ја пречекориле дозволената брзина надвор од населено место и еден во населено место, изјави Димоски.
 
Додава дека контролите ќе продолжат со цел поголема безбедност во сообраќајот.