Арсовска не знае кога ќе биде пуштена улицата „Есенинова“, готова од октомври лани


  Улицата „Есенинова“ која ги поврзува Чешма во Кисела Вода, до булеварот „Трета македонска бригада“ на влезот во Аеродром во Скопје со години се најавува како добро решение за растоварување на сообраќајот, но и како трето поврзување на овие две општини, сепак, градоначалничката Данела Арсовска не знае кога ќе биде пуштена во употреба, иако е […]

Ќе се бара стратешки инвеститор за „Еурокомпозит“, најави премиерот


Премиерот Димитар Ковачевски денеска од Прилеп најави дека за „Еурокомпозит“ ќе се бараат инвеститори и оти фабриката ќе се реструктуира. Како што истакна Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на „Витаминка“, штом ќе има резултати во однос на изнаоѓањето инвеститор, веднаш ќе бидат информирани вработените, менаџментот и граѓаните на Прилеп каде е лоцирана компанијата. […]

Ед Ширан и Камила Кабело ќе пеат на добротворниот концерт за Украина


Англија – Групата „Сноу патрол“, Ед Ширан, Камила Кабело, Емели Санде и Грегори Портер се првите уметници најавени за Концертот за Украина – двочасовен настан за собирање пари и средства за добротворни цели во Украина, закажан за наредниот вторник – 29 март. Како што беше најавено минатата недела, „ИТВ“, „СТВ“ и „Лајввајер пикчрс“ се здружија […]

РСБСП: Од загинатите во сообраќајки од 25 до 30 отсто се пешаци


За безбедно преминување на улицата потребно е максимално и целосно почитување на сообраќајните правила и прописи и од страна на пешаците и од страна на возачите. Најважно е да се знае дека во сообраќајот не постои апсолутно право на првенство на минување. Тоа значи дека возилата се должни да ги пропуштат пешаците на пешачки премин, […]

Државата ќе помогне да се поправи пласманот на УКИМ на Шангајската листа


Државата може да помогне, но и универзитетите треба да видат што може да направат, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговорајќи на новинарско прашање во врска со најновото рангирање на Шангајската листа според кое Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) падна за 27 места надолу. Ковачевски најави средба со ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски и порача […]

Секое домаќинство или фирма ќе може да стави фотоволтаик на покрив


Во фаза на изработка се законските решенија со кои ќе се овозможи граѓаните да произведуваат електрична енергија на нивните покриви и да ја продаваат на откупувачот и дистрибутер на електрична енергија, потврди денеска премиерот Димитар Ковачевски. Како што истакна при денешната посета на компанијата „Витаминка“ во Прилеп, веќе се работи на обезбедување на либерализиран пристап […]

Поставени туристичко-информативни табли на Пониква


Македонско еколошко друштво во соработка со ЗП „Осоговски Планини“ денеска на Пониква ги промовираше поставените информативни табли за посетителите на подрачјето. Таблите имаат информативен карактер и содржат општи податоци за заштитеното подрачје, неговата геолошка и биолошка разновидност како и интересни податоци и факти за туристичката понуда во регионот. „Заштитениот предел „Осоговски Планини“ е дом на […]

Повторно пропаднаа напорите за евакуација и хуманитарна помош на жителите на Мариупол


Украина – Украинските власти денеска ја опишаа ситуацијата во Мариупол како исклучително тешка, наведувајќи дека не успеале да воспостават нов безбеден коридор за евакуација на цивилите од опколениот град. Украина претходно го отфрли повикот на Русија да се предаде Мариупол, откако руската армија им нареди на Украинците во градот да се предадат до 5 часот наутро […]

Односите со Бугарија се смирени, провокациите се минимални, вели Бојан Маричиќ


  Вицепремиерот за европски прашања вели дека треба да бидеме задоволни од посетата на шефот на европската дипломатија на Скопје, иако тој вети само волја, но не и датум за преговори за Македонија. „Треба да сме задоволни од посетата на Борел, бидејќи таа посета дојде во еден тежок момент и целта така, како што нам […]

Средношколци ќе решаваат предизвици за климатски промени


Се отвора првиот од петте циклуси за развој и поддршка на социјални иновации на средношколски тимови од среднитe училишта во државата од UPSHIFT програмата. – UPSHIFT е програма за социјални иновации која се базира на решавање на потребите на средните училишта и локалната заедница во делот на климатските промени и заштита на животната средина, соопштија […]

Каратистите на „Макпетрол“ освоија три медали на „Гран при Кроација“


Со еден златен и два сребрени медали се закитија каратистите на клубот „Макпетрол“ на меѓународниот турнир „Гран при Кроација“ што викендов се одржа во Самобор, Хрватска. На квалитетниот и масовен турнир учествуваа 1767 спортисти од 33 држави, односно 275 клуба. – Задоволни сме од настапот на нашите 10 каратисти на турнирот. Повод за учество на […]

Бебе родено со 700 грама, по 2,5 месеци си замина дома од ГАК


По 74 дена поминати на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, со престој на неонатолошките интензивни одделенија, предвремено роденото бебе Викторија, на 18 март замина дома во добра општа состојба и со уреден наод на виталните функции. Трудницата која е прворотка беше хоспитализирана на ЈЗУ УГАК – Скопје на 27.12.2021 година. Бременоста и […]

Од Венко Андоновски до Ана Трпеноска- три македонски драми избрани меѓу најдобрите во Европа


 „Еуродрам“ – Европската мрежа за современа драма и превод го соопшти изборот на најдобри нови драмски дела на европско ниво за 2022 година. Меѓу нив се и три необјавувани и неизведувани драми на македонски јазик: „Мачкина глава“ од Венко Андоновски, „Јас, на некое друго место“ од Ана Трпеноска и „Среќен мртовец“ од Марјан Анѓеловски. Од […]

Сред најголем сообраќаен метеж, почна големото чистење на Скопје


Од Чешма во Кисела Вода, но сред сообраќаен метеж беа донесени педесетина улични чистачи и триесетина специјализирани возила, со што се најави генералното чистење на скопските улици и булевари. Од пред споменикот на Тодор Александров се дигнаа облаци прашина, се отворија одводните шахти, а по должина на булеварот „Борис Трајковски“ се отворија шахтите кои ја […]

Во 2021 активно население 943.004 лица, невработеноста 15,7 отсто


Во 2021 година активното население во земјава изнесувало 943.004 лица, од кои вработени се 795.087, а 147.917 лица се невработени, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Од податоците може да се види дека стапката на активност во овој период е 56,0 отсто, стапката на вработеност 47,2, додека стапката на невработеност изнесува 15,7 отсто. Според […]

Надал го пофали Фриц и ги призна големите болки: „Се обидував до самиот крај“


  Рафаел Надал многу јасно стави до знаење дека неговиот пораз во финалето на БНП Париба опен во Индијан Велс беше заслуга на играта на Тејлор Фриц пред сè друго. Сепак, Шпанецот призна дека се борел со повреда во првиот пораз во сезоната 2022 (20-1). „Искрено, имав болки. Имав проблеми со дишењето. Не знам дали […]

Грција четврти ден зафатена од студен бран и несвојствено ниски температури


Четврти ден по ред, Грција е зафатена од студен бран со несвојствено ниски температури за овој период од годината и можност за локални врнежи од снег, дури и во деловите со мала надморска височина, според податоците од Националната опсерваторија во Атина  и порталот Метео, јави дописничката на МИА од Атина. За време на викендот, ниските […]

Војната во Украина ја откри „долгата рака“ на Кремљ врз Бугарија


  СОФИЈА — „Да не стоиме поделени. Време е да се каже: Бугарија е обединета“, рече премиерот Кирил Петков пред толпата собрани на споменикот на Шипка на 3 март, денот кој за Бугарите го означува крајот на вековното отоманско владеење. Како одговор, група проруски симпатизери и поддржувачи на екстремната десница, некои од нив веејќи руски […]

„Собраа 35 милиони за бегалците“: Зеленски им се заблагодари на Ештон Качер и Мила Кунис


Украина– Украинскиот претседател во својата вообичаена ноќна видео-порака емитувана преку социјалните мрежи им се заблагодари на холивудските актери Мила Кунис и Ештон Качер: „Собраа 35 милиони за бегалците“. Мила Кунис, инаку, е родена во Черновци, Украина, 1983 година, но нејзиното семејство се преселило во САД во 1991 година. Двојката претходно рече дека самите тие ќе […]

За нешто повеќе од една година 198 Руси добиле црногорско економско државјанство


Во периодот од 7 декември 2020 година до 15 февруари годинава, преку програмата за економско државјанство, усвоена од владата на Црна Гора – државата инкасирала повеќе од 73 милиони евра, од кои две третини или 50 милиони инвестирале руски граѓани, пишува подгоричка „Побједа“. Според Центарот за граѓанско образование (ЦГО), Владата на Здравко Кривокапиќ доделила вкупно […]