Руските војници пукаа на демонстрантите во Керсон


  Руските војници отвориле оган врз цивилните демонстранти во заземениот украински град Керсон и раниле најмалку едно лице, јавуваат локалните медиуми, додека трупите на Владимир Путин ја зајакнаа својата војна за уништување против цивилите со гранатирање на градот Одеса. Видеото снимено во Керсон и споделено од медиумите со линкови до украинската војска, покажува дека еден […]

Караванот за вакцинација против Ковид-19 почна од Шуто Оризари


 Караванот за вакцинација против Ковид-19 почна денеска во Шуто Оризари и во следните две недели ќе опфати 14 општини низ државата. На настанот присуствуваше министерот за здравство Беким Сали, заедно со амбасадорката на САД, Кејт Брнз, претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ДиЏовани, како и претставници од СЗО и УСАИД. – Продолжуваме со акциите за промоција на […]

Преживеа 4 нацистички конц-логори, го уби руска бомба во Харков


  96-годишен преживеан од концентрациониот логор на Холокаустот е убиен во бомбашки напад во украинскиот град Харков, јавуваат германските медиуми. Борис Романченко починал во петокот откако неговиот дом бил погоден од проектил, изјави неговата внука. Романченко беше преживеан од концентрационите логори Бухенвалд, Пенеминде, Мителбау-Дора и Берген-Белзен. Во денешното соопштение, Фондацијата за спомени од Бухенвалд и […]

Во собраниска процедура Предлог законот со кој првпат се регулираат критповалутите и дигиталниот имот


Предлог – законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, во прво читање, со кој првпат во земјава се регулираат виртуелните, односно критпосредствата познати како криптовалут и дигиталниот имот, помина денеска на седница на собраниската Комисијата за европски прашања. Пред членовите на Комисијата Предлог – законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, […]

МЗ: Пристигнаа ленти за мерење шеќер во крв, почна нивната распределба низ здравствените домови


Поголем дел од количините ленти за мерење шеќер во крв пристигнаа и во тек е нивна распределба почнувајќи од Здравствен дом Скопје, а во текот на утрешниот ден и во другите здравствени домови низ државата, информираа за МИА од Министерството за здравство. Посочуваат дека во континуитет се обезбедуваат потребните количини ленти за мерење шеќер во […]

Во Пелагонија кај Новаци ќе се гради регионална депонија за 18 општини


  БИТОЛА – Над 10 години се договара отворање на регионална депонија во срцето на најплодната житница во државата, Пелагонија. Сега, започнување на нејзината реализација се најавува за следната 2023 година. Новата регионална депонија ќе биде сместена наспроти постојната дива депонија Мегленци што ја управува „Комуналец“ од Битола. Таа ќе се гради североисточно од селото […]

Во Тетово само 14 ученици учат по програмата „Учи паметно, работи стручно“


Социјалниот дијалог „Учи паметно, работи стручно“ што ги опфати сите региони, има за цел да го унапреди средното стручно образование, да го зајакне дуалното образование, да продуцира стручни профили согласно потребите на пазарот на труд и да ја зголеми вработливоста на младите, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири по посетата на Тетово, каде […]

Се подготвуваат за пуштање фонтаните во Аеродром


Општина Аеродром деновиве ги подготвува фонтаните во сите паркови за нивно пролетно пуштање во употреба. Наскоро вода ќе бликне во фонтаната „Тоше Проески“ во Ново Лисиче, како и во парковите „Јане Сандански“, Паркот на езерата, Паркот на светлината, паркот „Бановина“, паркот „Авион“, паркот „Бојмија“, како и од други фонтани низ целата територија. Службите интензивно работат […]

Бектеши: Се прави анализа на антикризните економски мерки, ако треба ќе има дополнителни


Во Министерството за економија денеска ќе направиме анализа, а утре на седница на Владата ќе информираме како се спроведуваат мерките кои се во функција, а ако треба ќе донесеме и дополнителни мерки, со цел да ги намалиме ценовните шокови, посебно за производите за кои е замрзната маржата, најави денеска министерот за економија  Крешник Бектеши. -Ги објавивме […]

Само 64 нови случаи со Ковид-19, починаа четворица


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 965 тестови, а регистрирани се 64 нови случаи со Ковид-19, двајца починати и 296 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од новозаболените 64 случаи од Скопје се 50, Прилеп и Кавадарци – по 5, Битола, Тетово, Крива Паланка и Виница – по1. […]

Каде е „љубовницата“ на Путин – во Швајцарија или во луксузен бункер во Сибир


  Противниците на Владимир Путин во Украина, Русија и Белорусија се обединуваат со петиција со која бараат Швајцарија да ја протера „љубовницата“ на рускиот претседател, Алина Кабаева, по тврдењата дека таа се крие со нивните тајни деца во луксузна вила. Кабаева (38) е поранешна олимписка гимнастичарка и освојувачка на златен медал, за која се верува […]

Кривична пријава и притвор за тројца дилери на дрога од Тетово


Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога на 20.03.2022 до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против С.С.(29), Н.С.(31) и М.А.(37), сите од Тетово, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство […]

Арсовска: Владата прифати да разговара за високите сметки за струја на општините


Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, најави дека добиле одговор од Владата дека ќе има средба со претставници на ЗЕЛС на која ќе се разговара за проблемите со високите сметки за електрична енергија кои ги имаат локалните самоуправи. – Три месеци не ни беше одговорено од Владата, а последната информација побарана пред 10 дена е дека […]

Ултиматумот за Мариупол отфрлен, што ќе прави сега Русија


  Украина го отфрли ултиматумот кој ѝ беше поставен од Москва – да го предаде градот Мариупол до 5 часот наутро по московско време во понеделник. Никој не знае што ќе се случи потоа. И зошто Мариупол е толку важен за Русите? „Не може да се зборува за никакво предавање, положување оружје“, изјави претходно вицепремиерот […]

Бензините поевтини за половина, а дизелот поскап за еден денар за литар


Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар, а цената на дизел горивата се зголемува за еден денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,01 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 […]

Берлускони симболично се ожени по трет пат со 54 години помлада политичарка


Италија- Свадбената забава на лидерот на партијата Форца Италија, долгогодишниот поранешен премиер на Италија, бизнисмен и политичар Силвио Берлускони кој во септември ќе полни 86 години и неговата избраничка на срцето 32-годишната Марта Фашина  се случи викендов како  „трезвена и непомпезна церемонија во американски стил“. Свадба имаше, ама таа не беше официјализирана со потпис, односно […]

Во Хрватска фалат 4.000 медицински сестри и 2.000 лекари


 На Хрватска и недостигаат околу шест илјади здравствени работници – повеќе од четири илјади сестри и две илјади келари, пишува денешен „Вечерњи лист“. Недостигот медицински сестри е се посериозен проблем насекаде, дури и во болниците каде нема толку голем недостиг на лекари. И додека состојбата со лекарите некаде се подобрува, критична е во примарното здравство […]

НБ: Во февруари годишен раст од 6,1 процент на вкупните депозити и од 8,9 проценти на вкупната кредитна поддршка


Вкупните депозити во февруари се зголемени за 6,1 процент на годишна основа што се должи на зголемените депозити и кај корпоративниот сектор и кај домаќинствата, но со поголем придонес на домаќинствата. На месечно ниво се бележи пад од 0,4 проценти како резултат на падот на депозитите на корпоративниот сектор и умерениот раст на депозитите на […]

Шунтаро Таникава добитник на „Златен венец“, Џерардо Мазучо на наградата „Мостови на Струга“


Шунтаро Таникава, поет од Јапонија, е добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2022 година, а наградата „Мостови на Струга“ годинава ја освои италијанскиот поет Џерардо Мазучо. -Шунтаро Таникава е најзначајниот жив јапонски поет, чија поезија суверено патува не само низ возбудливите води на јазикот, туку и во нивната креативна прпеобразба во […]

Сончево и потопло време следните денови


Во следните денови ќе преовладува сончево и потопло време со мала доумерена облачност. До среда ќе дува умерен дозасилен северен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури утре ќе се движат од минус 7 до 2 степени, а дневните од 8 до 16 степени. Во Скопје утринската температура утре ќе достигне до минус 3 […]