Научниците претворија матични клетки во коски, со помош на звук


  Матичните клетки имаат една неверојатна способност – можат да се трансформираат во кој и да е друг вид клетки. Таа нивна моќ наголемо се користи во медицината затоа што има потенцијал да поправа оштетени делови од ткивото од кој и да е дел од телото по здобиени повреди или тешки болести. Но, научниците притоа […]

Официјален претставник на НАТО: Белорусија може да нападне и да распореди руско нуклеарно оружје


Белорусија, близок руски сојузник, наскоро би можела да ја нападне Украина и се подготвува да и дозволи на Русија да распореди нуклеарно оружје на белоруска територија, изјави висок разузнавачки претставник на НАТО. Официјалниот претставник, кој сакаше да остане анонимен, истакна дека Алијансата е загрижена оти белоруски трупи би можеле да се приклучат на борбата во […]

Украина: Почна напад на Одеса


Властите во најголемото украинско пристаниште Одеса соопштија дека руските поморски сили во Црното Море гранатирале некои станбени згради на периферијата од градот.   Ова е првпат таму да бидат погодени згради. Портпарол на регионалната воена администрација изјави дека нема жртви во нападот. Руската морнарица ја блокира Одеса, која се смета за главна стратешка и симболична […]

Измените на Изборниот закон утре во собраниска процедура, партиите засега без консензус


Измените и дополнувањата на Изборниот законик со кој се предвидува воведување на една изборна единица, поднесени од пратеници од помалите парламентарни партии утре се на седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците во прво читање, но засега нема консензус за нивното усвојување. Иницијатори на Предлог законот се Павле Трајанов, Димитар Апасиев, […]

Курти ја чека новата влада во Подгорица за да се преиспита косовско-црногорската демаркација


 Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека со новата влада која се очекува да се формира во Црна Гора ќе го отвори одново прашањето на демаркацијата меѓу двете држави, јави дописникот на МИА од Приштина. По денешната посета на училиште во косовската престолнина, Курти изјави дека расправата за ова прашање не била возможна со претходната влада […]

Албанија: Љуљзим Баша поднесе оставка како претседател на Демократската партија


Лидерот на најголема албанска опозициска партија Демократската (ПД)  Љуљзим Баша, поднесе оставка на функцијата, на која дојде во 2013 година.    Соопштувајќи ја одлуката тој рече дека „прави чекор назад за да даде можност ПД да се издигне по тешката криза во која се наоѓа“.   -Не сакам да се задржувам на тоа што и како се […]

Вучиќ: Разговораме со руската страна за нафта


 Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека на утрешната седница на Советот за национална безбедност ќе се разговара за ефектите од војната во Украина, како и за сето она што се случува во Европа и светот, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ изјави дека Србија ќе преземе дополнителни мерки за обезбедување нафта и нафтени […]

Германија ќе биде главниот столб во новите Сили за брза реакција на ЕУ


Белгија– Европската унија од 2025 година треба да ги добие силите за брза воена реакција, а германските војници треба да го сочинуваат столбот на оваа единица, е договорено на состанокот на министрите за одбрана и за надворешни работи на Европската унија. -Сега е важно да испратиме сигнал дека сме тука еден за друг доколку е […]

Претседателите на стопанските комори на Македонија и Србија во контрола на граничните премини


Претседателите на стопанските комори на Северна Македонија и Србија, Бранко Азески и Марко Чадеж, на 29 март ќе ги посетат граничните премини Прешево-Табановце (Србија-Северна Македонија) и Ќафасан-Ќафе Тане (Северна Македонија-Албанија) за да извршат увид како функционира регионалната иницијатива „Отворен Балкан“. На денешната средба во Стопанската комора на Србија, Чадеж и Азески го поздравија поставувањето на […]

Русија ги прогласи Фејсбук и Инстаграм за „екстремистички“ и ги забрани


  Суд во Москва пресуди дека активностите на Инстаграм и Фејсбук се „екстремистички“ и ги забрани нивните операции во Русија, се вели во извештаите. „Го прифаќаме барањето на обвинителството за забрана на активностите на [Инстаграм и матичната компанија на Фејсбук] ‘Мета’“, рече судијката Олга Солопова, според руската државна новинска агенција Тасс. Руското државно обвинителство соопшти […]

Дали доаѓа „нов Путин“? И тој е поранешен агент на КГБ


  Во овој месец откако трае руската инвазија на Украина се плетата разно-разни приказни за Владимир Путин, неговото здравје, расположението во високите ешалони на Кремљ, па дури и можноста тој да биде отстранет од функцијата. Последната од тие приказни е дека се подготвувал заговор за „труење“ на Владимир Путин, а на негово место да дојде […]

Театар Комедија одбележува десет години постоење


Националната установа Театар Комедија по повод одбележувањето десет години постоење, објави дека досега на нивната сцена се поставени 33 премиери, а претставите имаа 922 изведби. Оваа културна установа, како што информираше во соопштение, е една од најпосетувана, со вкупна бројка од 258.292 гледачи. На Светскиот ден на театарот – 27 Март, Театар Комедија влегува во […]

Средба на македонски и грчки компании – И во период на криза, можности за инвестиции и соработка


Триесетина компании од Северна Македонија и Грција денеска во Скопје разговараат за можностите за инвестирање и за начините за продлабочување на соработката. Станува збор за прва трговска мисија што ја организираат Американската стопанска комора во Северна Македонија и Американско-грчката стопанска комора. Според вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, она што му е потребно на регионот, […]

Грција: Нема да има промени во однос на европскиот сертификат


Грција – Европскиот сертификат останува регуларен документ, не се поставува прашање за негово укинување, прашањето е дали ќе го задржиме во целосната форма во врска со пристапот до одредени простори, рече министерот за здравство на Грција Танос Плеврис во интервјуто за грчкото радио „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина. Истакна дека целта на Владата […]

Обвинение за измама против поранешниот чешки премиер Бабиш


Чешките обвинители подигнуваат обвинение за измама против поранешниот премиер Андреј Бабиш по долгогодишна истрага, соопштија официјални лица во Прага во понеделникот. Бизнисменот и милијардер е обвинет за несоодветно аплицирање за ЕУ субвенции и штета на финансиските интереси на ЕУ. Бабиш се товари дека добил околу два милиони евра помош од ЕУ за неговите компании за […]

Меркур можеби содржи 16 милијарди тони дијаманти


  Меркур е првата, најблиската планета до Сонцето, но и една од најзанимливите за научниците на Земјата. Според некои истражувачи, површината на Меркур можеби е покриена со дијаманти… Површината на оваа планета се состои главно од графит – чист облик на јаглерод што може да се претвори во дијаманти по удар на астероид. Планетата е […]

Нема проблем со производството на маслото за јадење, велат од „Витаминка“


За наредните месеци нема проблем со обезбедување на суровините за масло за јадење, а прилепската прехранбена индустрија „Витаминка“ успешно го снабдува, со 40 насто, домашниот пазар, рече генералниот директор Сашо Наумоски пред премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши кои денеска ја посетија компанијата. Според Наумоски, нема проблеми со производството на масло за […]

Менувачниците ќе можат да купуваат евра од банките


За да се заштити јавноста од ширење непотребна вознемиреност во однос на можноста за купување ефективни странски пари ‒ евра, покрај засилената супервизорска контрола на менувачниците, Народната банка воведува уште еден дополнителен заштитен механизам на менувачкиот пазар, соопштија од НБ. Имено, со измени и дополнувања на Одлуката за менувачки работи, усвоени од Советот на Народната […]

Сопругата на поранешен украински пратеник фатена на граница со 30 милиони долари


Украина – Сопругата на поранешниот пратеник на Народен фронт, Ихор Котвицки, Анастасија Котвицка се обидела да пренесе 28 милиони долари и 1,3 милиони евра или речиси 30 милиони долари во торби од Украина. Таа била запрена на границата во Унгарија и приведена, пишува Интерфакс. „Според оперативните информации, цариниците ја фатиле како шверцува 28 милиони долари и 1,3 милиони евра преку […]

На Борис Бекер му се заканува затворска казна до седум години


Англија– На легендарниот германски тенисер Борис Бекер (54) денеска во Лондон му почна судскиот процес за измама при личен банкрот, за што му се заканува казна затвор до седум години.   Во повеќе од 20 точки од обвинението, британското правосудство го обвинува Бекер дека во стечајна постапка се обидел да прикрие пари и други вредни […]