Столтенберг: Русија направи голема грешка кога ја нападна Украина


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг утрово пред самитот во Брисел изјави дека Русија направила голема грешка со инвазијата врз Украина. Столтенберг потврди дека НАТО ќе почне да преговара за распоредување на трупи на Алијансата во Романија, Унгарија, Словачка и Бугарија Тој исто така рече дека сојузниците и дале поддршка на Украина за да и […]

Кралицата Елизабета Втора успешно заздравува од Ковид-19


Кралицата Елизабета Втора за првпат излезе на прошетка со своите кучиња по неколку седмици здравствено опоравување. Нејзиното височество е страстен љубител на своите „велшки коргија“ и вообичаено не пропушта прошетка со нив. Кралицата последниве седмици успешно заздравува од Ковид. Сепак, според лекарите од Виндзор, дневникот на доллжности на Нејзиното височество ќе биде „суштински ревидиран“ и […]

Три државни парцели стануваат приватни за нова шесткатница кај „Тифани“


Три парцели кај зградата „Тифани“ во најстрогиот центар на Скопје од државни стануваат приватни со објаснување од Управата за имотно-правни работи дека се работи за дооформување на парцела, пишува А1ОН. Две од трите парцели, според јавно достапните податоци од Агенцијата за катастар на недвижностите, се сопственост на Република Македонија, а една е запишана како сопственост […]

Свиркач тврди дека расте ризикот од државен удар против Путин


Ризикот од државен удар на Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) против претседателот Владимир Путин секоја недела расте додека војната во Украина продолжува, изјави свиркач од самиот врв на руската разузнавачка служба, пренесува „Гардијан“. Свиркачот Владимир Осечкин тврди дека „безбедносните служби ги зафатиле хаос и незадоволство по неуспешната руска инвазија врз Украина“. Осечкин е протеран […]

Австралискиот премиер го оцени како „чекор предалеку“ планот на Путин да присуствува на претстојниот Самит на Г20


Австралискиот премиер Скот Морисон, денеска го окарактеризира како „чекор предалеку“ планот на рускиот претседател Владимир Путин да присуствува на Самитот на Г20 закажан за октомври оваа година. Морисон пред медиумите во Мелбурн ја окарактеризира руската инвазија врз Украина како насилен и агресивен чин што го урива меѓународното владеење на правото. „И идејата да се седне на маса со Владимир […]

Вечерва бараж за Светско фудбалско првенство, Италија ја пречекува Македонија


Македонскиот национален тим за прв пат во својата историја ќе учествува во бараж за Светско фудбалско првенство. Избраниците на селекторот Благоја Милевски во полуфиналето од плејофот ќе играат со Италија на гостински терен. Домаќинот кој е актуелен европски првак е голем фаворит, но „црвено-жолтите“ најавија бескомпромисна борба за секоја топка. Натпреварот ќе се игра во […]

Русија одбива да врати странски авиони во вредност од 20 милијарди долари


Руската Федерација одбива да им врати на западни лизинг компании над 500 авиони во вредност од 20 милијарди долари, информираше рускиот министер за транспорт Виталиј Савелиев, јавија руски медиуми. Руската Влада „сè уште не одлучила“ што да прави со авиокомпаниите, што беа принудени да ги остават своите авиони и покрај барањето на сопствениците да ги […]

Се зголемуваат трошоците за живот во Русија


Трошоците за живот во Русија се зголемуваат, покажуваат новите податоци. Како што јави Би-Би-Си, растот на цените следува по руската инвазија на Украина. Цената на некои основни производи за домаќинство, како на пример шеќерот, „скокна“ за 14 отсто минатата недела. Се проценува дека инфлацијата ќе продолжи да расте во Русија, каде рубљата изгуби 22 проценти […]

Со проекција на „Што зборуваме, што правиме“ почнува Недела на франкофонски филм


По повод месецот на Франкофонијата, Францускиот институт во Скопје организира Недела на франкофонски филм, во соработка со Кинотеката на Северна Македонија и со амбасадите на Швајцарија и Романија. Официјалното отворање почнува вечерва во 20 часот во Кинотека, и тоа со проекција на францускиот филм „Што зборуваме, што правиме“ на режисерот Емануел Муре од 2020 година. Настанот […]

Панел дискусија „Војната во Украина и нејзиното влијание на Балканот“


Панел дискусија на тема „Војната во Украина и нејзиното влијание на Балканот“ ќе се одржи денеска во организација на Факултетот за политички науки при Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС). – Војната во Украина добива загрижувачки размери и сé уште нема разрешница, страдаат граѓаните на Украина, а последиците ги чувствуваат и останатите земји од Европа, се […]

Јапонија не е сигурна како Русија ќе ја наплаќа енергијата во рубљи


Јапонија сè уште не е сигурна како Русија ќе го спроведе своето барање за плаѓање во рубљи за нејзината енергија продадена на „непријателските“ земји, изјави министерот за финансии Шуничи Сузуки. „Во моментов ја истражуваме ситуацијата со релевантните министерства бидејќи не разбираме точно која е намерата (на Русија) и како би го направила тоа“, рече министерот Сузуки […]

Презентација на Извештајот за транзицијата 2021-2022 година на ЕБОР


Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска ќе одржи презентација на Извештајот за транзицијата 2021-2022 година. Настанот, како што најави ЕБОР, ќе го отвори гувернерката на Народна банка на Република Северна Македонија Анита Ангеловска Бежоска. – Извештајот за транзиција е главен годишен извештај на ЕБОР, во кој се анализира напредокот на спроведување на структурните реформи и […]

Премиерот Ковачевски во Брисел на вонреден лидерски состанок на НАТО за ситуацијата во Украина


Шефовите на држави и влади на 30-те земји членки на НАТО се состануваат денеска во Брисел за да ги координираат следните одговори на војната во Украина и руската агресија, јавува дописничката на МИА од Брисел. Премиерот Димитар Ковачевски, но и претседателот на САД, Џо Бајден, како и сите останати лидери на Северноатлантската алијанса пристигнаа вчера […]

Ќе се интензивира кампањата за вакцинација против Ковид-19, можно постепено релаксирање на мерките


Состојбата со Ковид-19 во земјава внимателно се следи, а доколку постои можност, ќе се предлага постепено релаксирање на мерките, велат надлежните. Тие остануваат посветени на интензивирање на кампањата за вакцинација, а во меѓувреме се очекува на следната владината седница да се одлучи за препораките предложени од Комисијата за заразни болести. Членовите на Комисијата за заразни […]

„Бојата на басот“ во Филхармонија


Оркестарот на Филхармонија вечерва ќе го одржи концертот „Бојата на басот“ на кој како солист на контрабас ќе настапи Ѓорѓи Цинциевски, а диригент е Сашо Татарчевски. На програмата се дела од Стравински, Рота, како и од македонската композиторка Дарија Андовска. Композицијата „FairVent“ – за гудачки оркестар, перкусии и фиксен медиум, од македонската композиторка Дарија Андовска, е напишана како нарачка за […]

Промоција на книгите „Волшебните прегратки“ и „Вистинска приказна за двете соседни кралства“ од Марија Костадиновска


„Волшебните прегратки“ и „Вистинска приказна за двете соседни кралства“ се книгите на авторката Марија Костадиновска кои ќе бидат промовирани денеска во книжарницата „Литература.мк Суперстор“ во Скопје. Двете книги се во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, а промоторка ќе биде проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Извадоци од книгите ќе чита проф. Елена Ѓорѓиовска. […]

Онлајн конференција „Пристапот заснован на човекови права за време на Ковид-19 кризата“


Онлајн конференција организирана во рамките на проектот „Пристапот заснован на човекови права за време на Ковид-19 кризата“ поддржан од Балканскиот труст за демократија, Германскиот Маршалов Фонд на САД и УСАИД ќе се одржи денеска на Зум платформата. – На конференцијата ќе бидат презентирани активностите кои се реализираа во рамките на проектот вклучувајќи ги одржаните фокус […]

Сончево, ветровито и топло до 23 степени


Времето ќе биде сончево и потопло. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 23 степени. Во Скопје, сончево со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе […]

(Видео) Руските хеликоптери користат необичен и непрецизен начин за истрелување ракети во Украина


Едно ново видео покажува дека Русите во Украина ги претвораат своите хеликоптери во воздушни системи за повеќекратно лансирање ракети. Овој метод го проширува досегот на ракетите, но е далеку од прецизен. Видеото објавено на Твитер на 17 март 2022 година, покажува напад воздух-земја на руски хеликоптери во Украина, користејќи необичен метод за испалување на ненаведувани […]