Промена: Русите заземаат дефанзивни позиции надвор од Киев


  Изгледа дека стратегијата на руската војска околу главниот град на Украина се менува. Пентагон, на брифинг со новинарите, рече дека руските трупи усвојуваат одбранбени позиции северно од Киев, наместо да напредуваат, додека руските напори на други места се во застој. Американските безбедносни дописници твитаа детали од брифингот. Џек Деч, известувач на Форин полиси, објави […]

Следните две недели ќе ја одредат судбината на Украина


   „Една од две работи веројатно ќе се случи во следните неколку недели: или ќе видиме значителна оперативна пауза и некаков вид на прекин на огнот што ќе доведе до решение, или ќе започне период на повторно вооружување во кој Русија ќе организира нови единици“, прогнозира воениот експерт Мајкл Кофман. Кофман за американското издание на […]

Убиени уште двајца руски команданти во Украина


  Уште двајца од високите команданти на руската војска беа убиени во инвазијата на Украина, со што се проценува дека нивната бројка стигна до 17. Мајорот Дмитриј Топтун, водач на моторизиран баталјон, наводно загинал кога неговото оклопно возило било погодено од противтенковска ракета во Изјум, во близина на Харков. Командантот на падобранците, мајорот Алексеј Осокин, […]

И официјално САД ја обвинија Русија за воени злосторства во Украина


  САД формално ги обвинија руските сили за воени злосторства во Украина и рекоа дека ќе бараат одговорност „користејќи ја секоја достапна алатка“. Соопштението дојде кога Џо Бајден замина на патување во Европа за да го зајакне западното единство наспроти сè побруталната инвазија. Државниот секретар, Антони Блинкен, рече дека САД дошле до својот заклучок користејќи […]

Гуверерката на руската централна банка побарала да биде разрешена, Путин одбил


  По руската инвазија на Украина, шефицата на руската централна банка, Елвира Набиулина побара  да биде разрешена, но рускиот претседател Владимир Путин го одбил нејзиното барање. За ова пишува Блумберг, повикувајќи се на четири извори. Според нив, сега напуштањето на функцијата претседателот на Русија би го сметал за предавство. Централната банка и Кремљ не одговорија […]

Руска новинарка загина од руски бомби во Киев


  Руска новинарка загина откако беше погодена од руски гранати во Киев додека го снимаше уништувањето од ракетен оган на трговски центар во областа Подолски. Оксана Баулина, видео-новинар на „Инсајдер“, независна веб-страница за вести со седиште во Русија, а исто така активист, почина заедно со уште еден цивил, додека две лица кои ја придружуваа беа […]

Македонците го одржаа официјалниот тренинг пред дуелот со Италија


Македонската фудбалска репрезентација вечерва го одржа официјалниот тренинг пред утрешниот натпревар против Италија во полуфиналето од плејофот за пласман на Светското првенство. Иако на хартија нашите репрезентативци се аутсајдери, сепак тие веруваат дек аможат да направат изненадување, а дека се способни за такво нешто покажа многупати. Селекторот Благоја Милевски на своите избраници им порача да […]

Барањето за плаќање на рускиот гас во рубљи е „раскинување на договорот“, предупредува Берлин


Германија во средата го критикуваше „раскинувањето на договорот“ откако рускиот претседател Владимир Путин рече дека Москва повеќе нема да прифаќа плаќања во долари и евра за испорака на гас за Европската унија.   Таквото барање „значи раскинување на договорот“, изјави министерот за економија Роберт Хабек на прес-конференција во Берлин.   „Сега ќе разговараме со нашите […]

Бочварски: Се разработуваат можности за намалување на цените на патарините


Како Влада разработуваме модалитети и можности за тоа колку може и дали е можно да се намалат цените на патарините. И од тој аспект ние разработуваме модалитети кои ќе бидат одржливи, изјави вечерва министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Тој посочи дека ќе се работи на патарините кон Тетово и Гостивар за да се […]

Во украински раце падна таинствениот руски систем за попречување „Красуха-4“


  Украинските војници успеаја да заробат еден дел од познатиот руски систем за попречување „Красуха-4“, а западните разузнавачки агенции со нетрпение чекаат прилика да го разгледаат за да утврдат колку добро системот ги надгледува и попречува авионите на НАТО, пишува лондонски „Телеграф“. „Красуха-4“ е повеќенаменска станица за заглавување, а системот се состои од две возила […]

САД и официјално – руските сили во Украина извршиле воени злосторства 


 Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска и официјално ја изнесе позицијата на САД дека руските сили во Украина извршуваат воени злосторства и дека е потребно формирање на суд што ќе ја утврди одговорноста и ќе ги процесуира овие злосторства.  -Врз основа на расположливи информации денеска можам да објавам дека американската Влада оценува дека припадници на […]

Медлин Олбрајт, првата жена државен секретар на САД, почина на 84 години


  Медлин Олбрајт, првата жена државен секретар на САД, почина од рак, соопшти нејзиното семејство во средата. Таа имаше 84 години. Претседателот Бил Клинтон ја избра Олбрајт за прв дипломат на Америка во 1996 година за време на неговиот втор мандат. Во првиот мандат на Клинтон, кога државен секретар беше Ворен Кристофер, Олбрајт беше американски […]

Нафтата поскапа за четири денари по литар, цената на бензинот останува иста


Цената на бензинот од полноќ останува иста, додека цената на дизелот се зголемува за четири денари по литар одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ). Со оваа одлука, како што посочуваат од РКЕ, се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,17 проценти во однос […]

Столтенберг може уште година – две да остане на функција во НАТО


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг би можел да остане на функцијата подолго од планираното, така што нема да биде гувернер на норвешката Централна банка на крајот на годината, соопшти денеска норвешкото Министерство за финансии. – Се подготвуваме за ситуацијата Јенс Столтенберг да остане подолго на чело на НАТО. Не знаеме колку долго би можело […]

Медведев: САД прават планови за дестабилизација на Русија


 Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, кој моментално е заменик претседател на рускиот Совет за безбедност, ги обвини САД дека прават планови за дестабилизација на Русија и скицираат сценарио кое води до нуклеарна војна. По распадот на Советскиот сојуз, Русија стана цел на „примитивна војна“ во која Русија треба да биде „понижена, исолирана, потресена, поделена и […]

Генчовска: Изјавата на руската амбасадорка е мешање во внатрешните работи на Бугарија


 Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска изјавите на руската амбасадорка во Софија Елеонора Митрофанова ги опиша како „мешање во внатрешните работи на земјата“. Генчовска, ова го кажа по учеството на состанокот на парламентарната комисија за надворешна политика. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Митрофанова за руски ТВ канал изјави, дека бугарскиот народ […]

Прва проценка на НАТО: Во Украина досега загинале меѓу 7.000 и 15.000 руски војници


Алијансата денеска излезе со првична проценка дека во војната во Украина досега се убиени меѓу 7.000 и 15.000 руски војници. Русија претрпе меѓу 30.000 и 40.000 загуби во персонал, бројка која вклучува жртви, исчезнати, повредени и заробени војници. Ова е прва јавна оценка на НАТО од почетокот на руската инвазија на Украина. Анонимен функционер на […]

Двајца кандидати за гувернер на Бугарската народна банка


Претседател на пратеничката група на „Промените продолжуваат“, Андреј Ѓуров, и  претседателот на собраниската комисија за буџет и фанансии во Народното собрание од партијата „Има таков народ“, Лубомир Каримански, се двајцата кандидати за нов гувернер на Бугарската народна банка (БНБ). Како што јавува дописникот на МИА од Софија „партијата „Преродба“, која се смета за проруска партија […]

Цената на нафтата се зголеми до 122 долари за барел


Цената на нафтата во средата се зголеми на меѓународните пазари до 122 долари за барел, поттикната од прекинот на извозот на руска и казахстанска нафта преку каспискиот нафтовод. На лондонската берза цената за барел нафта се зголеми за 6.35 долари во однос на претходниот ден, достигнувајќи 121,8 долари. На американскиот пазар барел нафта денеска се […]

Дополнително олабавување на мерките во Грција


Стадионите да функционираат со целосна исполнетост, а учениците и вакцинираните просветни работници да прават само еден селф тест седмично, се препораките на надлежната комисија на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција, препораки кои грчката Влада ги прифатила, јави дописничката на МИА од Атина. Новите одлуки се во рамките на постепеното олабавување на мерките во […]