Во украински раце падна таинствениот руски систем за попречување „Красуха-4“
Еден дел од овој систем се превртел кај Киев и руските војници го напуштиле. Сега тој веднаш ќе биде префрлен во американската база во Рамштајн, а потоа во САД за детално да биде испитан
Украинските војници успеаја да заробат еден дел од познатиот руски систем за попречување „Красуха-4“, а западните разузнавачки агенции со нетрпение чекаат прилика да го разгледаат за да утврдат колку добро системот ги надгледува и попречува авионите на НАТО, пишува лондонски „Телеграф“.
„Красуха-4“ е повеќенаменска станица за заглавување, а системот се состои од две возила – едно од двете возила кои припаѓаат на овој напреден систем е пронајдено на бојното поле недалеку од Киев.
Тој дел од „Красуха-4“ веднаш ќе биде префрлен во американската база во Германија, Рамштајн, а потоа ќе оди во САД каде што ќе биде подетално испитан.
Со години воените команданти на НАТО стравуваат дека Русија со „Красуха-4“ со би можела да ги следи авионите на НАТО за извидување и предупредување. Системот наводно е толку моќен што може да му пречи на AWACS, борбени авиони и беспилотни летала на растојанија до 300 км, а Русите тврдат дека може да попречи и во работата на сателитите во долната орбита на Земјата.
Се верува дека „Красуха-4“ бил користен против турските беспилотни летала „Бајрактар“ за време на сирискиот конфликт. Исто така, се верува дека овој систем ја попречувал комуникацијата со дроновите и дека тие губат контрола и паѓаат. Украина ги користи истите дронови „Бајрактар“за уништување на руските противвоздушни системи „Бук“, тенкови и други оклопни возила.
Единицата на „Красуха-4“ пронајдена од украинските војници била превртена од едната страна и невешто покриена. „Телеграф“ наведува дека тоа сугерира дека таа учествувала во несреќа и дека руските војници процениле дека не може да се спаси. Исто така, се чини дека руските војници не се ни обиделе да ја уништат превртената станица на системот.
„Красуха-4“ се состои од контролен модул сместен на камионот и специјално возило опремено со сензори за електронско војување. Русија го користи системот од 2010 година и го разви за да ги заштити своите копнени сили од љубопитните очи на странските сателити и другите извидувачки авиони. Системот за попречување наводно е толку моќен што може физички да ја оштети чувствителната електроника на некои авиони.