Презентација на Извештајот за транзицијата 2021-2022 година на ЕБОР


Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска ќе одржи презентација на Извештајот за транзицијата 2021-2022 година.

Настанот, како што најави ЕБОР, ќе го отвори гувернерката на Народна банка на Република Северна Македонија Анита Ангеловска Бежоска.

– Извештајот за транзиција е главен годишен извештај на ЕБОР, во кој се анализира напредокот на спроведување на структурните реформи и економскиот развој во 38 земји каде ЕБОР инвестира, вклучувајќи ја и Северна Македонија. Овогодинешното издание на извештајот „Дигитализација, надградба на системот: исплатливост на спроведување на дигитализацијата“, ја разработува дигитализацијата како една од клучните сили кои го обликуваат нашиот современ свет, се наведува во соопштението.

Извештајот, додаваат од ЕБОР, истражува како економиите во регионите каде ЕБОР има активности, напредуваат во однос на дигитализацијата, за време на пандемијата Ковид-19, но и потоа.

– Надоврзувајќи се на богати извори на податоци, извештајот воведува нов индекс на дигитална трансформација, која укажува на дигитални поделби помеѓу земјите, но и во самите нив. Покрај самиот извештај, ќе бидат претставени и некои од клучните инвестициски проекти кои ЕБОР ги поддржува во Северна Македонија, како и преглед на економските движења во земјата и во регионот, се вели во соопштението.