Денеска очекувајте нови цени на горивата


 Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во текот на денов ќе донесе нова одлука за цената на нафтените деривати што ќе важи од ноќеска на полноќ. Како што посочуваат од РКЕ, исполнети се предусловите за носење нова одлука. – Предусловите се исполнети, РКЕ ќе има нова одлука за цената на нафтените деривати која […]

Во Шведска во првиот квартал годинава застрелани 18 лица со огнено оружје


Насилството со огнено оружје бележи раст во Шведска, покажува извештајот на националната телевизија СВТ, базиран на полициски досиеја и сопствени истраги. Оваа година во Шведска досега се застрелани 18 лица, во споредба со пет во истиот временски период во 2021 година, 12 во 2020 година, 10 во 2019 година и осум во 2018 година. Повеќето од […]

Гори магацин со играчки во Штипско


Голем пожар избувна во магацин со играчки во Штип, а пожарникарите го гасат и се трудат да не дозволат да биде зафатен уште некој објект. Пожарот почнал во 12.35 часот, а на местото дошле 15 пожарникари со четири протипожарни коли. Побараное  помош од колегите од Свети Николе и Кочани. – Кога ја добивме дојавата за […]

Раст на бројот и вредноста на плаќања со платежни картички


Плаќањата на граѓаните со платежните картички во трговијата во земјата во четвртиот квартал од 2021 година забележале годишен раст од 25 проценти кај бројот и 21 процент кај вредноста на остварените трансакции, соопшти Народната банка.  Истовремено, висок годишен раст на бројот и на вредноста на трансакциите од 21 и 33 проценти, соодветно, е забележан и […]

Вучиќ: Ќе учествувам во изборот на новата влада, а потоа се повлекувам од лидерската позиција во СНС


Србија– Претседателот на Србија и кандидат на Српската напредна партија (СНС) на претседателските избори, Александар Вучиќ изјави дека по изборите ќе учествува во изборот на влада и дека потоа ќе поднесе оставка од раководството на партијата, јави дописникот на МИА од Белград. – Десет години на чело на партијата е долг период, тоа е период […]

Судството е ажурно, иако од 34 судови неажурни се 19


Според оценка на Судскиот совет во целина, судството е ажурно, иако од 34 судови, ажурни се 15, додека неажурни се 19, информира претседателката на Судскиот совет Павлина Црвенковска на денешната прес-конференција по повод Денот на правосудството, на која го презентираше Годишниот извештај за работата на Судскиот совет. – На ниво на државата судовите во јануари […]

Во Албанија богатите семејства ќе плаќаат поскапа струја 


Албанија – Албанскиот премиер Еди Рама од собраниската говорница на денешната пленарна седница, најави дека се прави студија со која ќе се разгледа можноста  богатите домаќинства да плаќаат поскапа електрична енергија.  Тој уште еднаш ја повтори одлуката на Владата со која нема зголемување на цената на електричната енергија за албанските домаќинства и покрај енергетската криза и […]

Скок од пет позиции- македонската репрезентација се искачи на 62. место на најновата ФИФА ранг-листа


Франција– Скок од пет позиции бележи македонската фудбалска репрезентација на ранг-листата на ФИФА објавена денеска. „Црвено-жолтите“ март го завршуваат на 62. место, односно пет места погоре во споредба со рангирањето на 10 февруари. Напредокот се должи на победата над Италија пред една недела во Палермо. Од противниците на Македонците во Лигата на нации, најдобро пласирана е […]

ММФ: Климатската криза веќе води кон сериозни шокови


Бугарија – Климатската криза веќе води до сериозни нарушувања во животот и егзистенцијата на луѓето, предупреди генералната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева на Светскиот самит во Дубаи. Нејзиниот говор денеска во БТА беше примен од претставништвото на ММФ за Бугарија. Таа ја претстави најновата анализа на ММФ за климатските промени во регионот на […]

Гир: Врховен суд – пример за успешна приказна


Врховниот суд на Република Северна Македонија, според шефот на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир, е успешна приказна и пример за работа која има одличен учинок и ја зајакнува сопствената улога како клучна судска институција. Амбасадорот Гир, во својот говор по повод одбележување на 31 март „Денот на правосудството”, организиран од […]

Македонија со скок од пет позиции на ФИФА ранг листата


Фудбалската репрезентација на Македонија за жал не успеа да обезбеди пласман на мундијалот во Катар. Иако славеше против Италија, во финалето нашата селекција загуби од Португалија. ФИФА ја објави најновата ранг листа, Македонија забележа скок од пет места, сега сме на 62. место. Бугарија која е наш противник во Лигата на нации се наоѓа на […]

Над 40 милиони евра поддршка за стопанството со бескаматни и поволни кредитни линии преку РБСМ


 Бескаматни и поволни кредитни линии се ставаат на располагање на компаниите за поддршка во време на енергетска криза, како дел од последниот пакет мерки што го усвои Владата. Кредитните линии се воспоставуваат преку Развојната банка на Северна Македонија, за што Владата завчера на седница усвои информација и го задолжи министерот за финансии да ги потпише […]

НБ: Тренд на намалување на просечната каматна стапка на кредити


Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во февруари 2022 година. Таа се сведе на ниво од 4,33 проценти, информираат денеска од Народната банка. Просечната каматна стапка на вкупните депозити, пак, се задржала на истото ниво, како и претходниот месец и изнесува 0,71 проценти. – Просечната каматна стапка на вкупните […]

Со унапредување на студиските програми, воспитувачите ќе се стекнат со потребните вештини и знаења за воспитување и образование на децата


Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска учествуваше на презентацијата на Предлог – студиска програма за иницијално образование на воспитувачи. Во дискусијата за унапредување и поттикнување на раниот детски развој и способностите на децата за учење, учествуваа министерот за образование Јетон Шаќири, универзитетски професори од Педагошките факултети во земјава, претставници на МТСП и на […]

Не паркирајте под високи дрва, се очекува засилен ветер и дожд


По најавите од Управата за хидрометеоролошки работи за појава на засилен јужен ветер над 60км/час и можна појава на краткотраен дожд во попладневните часови денес и утре, од ЈП „Паркови и зеленило“ упатуваат апел до граѓаните да не ги паркираат своите возила под високте дрвја, со цел да се избегнат несакани последици. Исто така, доколку […]

Енергетски ефикасни решенија во основните училишта во Општина Ѓорче Петров


На вчера одржаната 11-та седница на Советот на Општина Ѓорче Петров едногласно од сите членови на Советот беа изгласани две суштински одлуки за граѓаните на Ѓорче Петров, информираше градоначалникот Александар Стојкоски. Првата е одлука за намера за реализација на проекти со заем од Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, со кој е изразена намерата […]

Градот Скопје се вклучува во акцијата за подигање на свеста за лицата со попреченост


Во пресрет на Светскиот ден на свесност за аутизмот (2 април), Градот Скопје и ЈСП се вклучуваат во проектот „Сончогледи кон сонцето за видлива и невидлива попреченост“ во организација на Здружението на граѓани „Куќа на среќата“, кое има за цел подигнување на свеста за лицата со попречености преку инклузивната лента која ја носат овие лица. […]

Тешка сообраќајка во Тафталиџе, повредени маж и тинејџер


Ноќеска, половина час по полноќ, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Партизански oдреди“, ул.„Лондонска“ и ул.„Московска“ се случила сообраќајна несреќа. Се удриле патничко возило „форд фиеста“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(54) од Скопје и патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(19) од Скопје.  Во несреќата со тешки […]

Сали: Секој ден има по 300 новозаразени во државава, што значи дека вирусот се уште постои


Секој ден имаме новозаразени по 300 жители од државава, а тоа значи дека вирусот се уште постои и ја чека најмалата можност да се развива, а потоа при почеток на развивање ни одзема недела до две да може да стопираме нешто. Уште од самиот почеток кога ја добив функцијата посакувам да дојде денот кога нема […]

Скопска Апелација најавува пресуда за случајот „Транспортер“ и Владимир Талески


Скопскиот апелационен суд најавува скорешна пресуда за случајот „Транспортер“ со бесплатниот школски превоз во Битола, во кој на 8 години затвор е осуден екс градоначалникот на Битола, Владимир Талески. Цели две години, од 31 март 2020 година, Талески е во куќен притвор во семејниот стан во Битола, чека пресуда и за цело време прима плата […]