Руските трупи почнаа да го напуштаат Чернобил, тврди украинска нуклеарна компанија


Руските војници кои ја зазедоа нуклеарната централа во Чернобил на 24 февруари денеска почнаа да го напуштаат комплексот и другите исклучени зони, соопшти украинската државна нуклеарна компанија Енергоатом. „Утринава напаѓачите ги објавија своите намери да ја напуштат нуклеарната централа Чернобил“, соопшти Енергоатом на Телеграм. Руските војници „се упатија во две колони кон украинската граница со […]

Зградата на РКЕ, дел од „Скопје 2014“, нема употребна дозвола, „не протекува само кога не врне“


Пратениците денеска расправаа за Предлогот на финансиски план на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за 2022 година, во рамки на 54 седница. За пратениците од опозицијата, финансискиот план на Регулаторната комисија за 2022 година, е неиздржан во услови на енергетска, пандемска, мигрантска и топлинска кризна состојба во државата, а регулаторите си дозволуваат […]

Иселениците лани испратиле рекордни 1,5 милијарди евра во БиХ


Иселениците БиХ лани испратиле рекордни 1,5 милијарди евра на своите сонародници, што е за 250 милиони евра повеќе од 2020 година, што се препишува на неговите подобри финансиски можности, но и на незапирливиот тренд на напуштање на државата. „Причините за зголемувањето на дознаките од странство се подобрата финансиска состојба на граѓаните во дијаспората и зголемениот […]

Пожарот во штипскиот магацин за детски играчки ставен под контрола


Пожарот во магацинот со детски играчки на компанијата „Андреј компани“, кој е лоциран во близина на штипската приградска населба „Три чешми“ е ставен под контрола. Командирот на Територијалната противпожарна единица на Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека околу 80 проценти пожарот е локализиран, а во моментот, пожарникарите работат на негово целосно гаснење. – Објектот […]

Кој ќе им каже на Европејците дека треба да облечат џемпери за да го победат Путин?


Никој не сака да биде европскиот Џими Картер. Додека Европа се бори со енергетската криза предизвикана од руската војна против Украина, малку политичари сакаат да им кажат на своите граѓани дека треба да ја намалат потрошувачката на енергија. Германскиот министер за економија и клима Роберт Хабек во средата стана редок исклучок кога му рече на […]

На купувачите на гас од ЕУ им требаат сметки во руски банки за да плаќаат во рубли од април


Русија– Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека „непријателските“ земји, вклучително и сите членки на ЕУ, ќе треба да отворат сметки во руски банки и да плаќаат во рубли за испорака на гас од април. „Тие мора да отворат сметки во руските банки за да плаќаат во рубли. Токму од тие сметки ќе се вршат […]

„Амбасадор“ нова премиера на штипскиот Народен театар


Во Народниот театар-Штип утре ќе биде премиерно изведена театарската претстава „Амбасадор“, по текст на Славомир Мрожек, режирана од Андреј Цветановски, со пет лика и голема техничка екипа. Режисерот Цветановски вели дека „Амбасадор“ зборува за дипломатски конфликт помеѓу две неименувани земји, конфликт помеѓу амбасадорот и претставник на Владата. Текстот пишуван за Студената војна, но со можност […]

Што ѝ порачаа германските компании во земјава на Владата


Преку 50 отсто од компаниите во земјава кои се извозно ориентирани и чија трговска размена е главно со Германија и ЕУ, очекуваат дека годинава ќе биде потешка од минатата, покажа анкета споведена од Прокредит банка, во која се опфатени поголеми компании од различни индустрии. Но, покрај цената на енергијата и на материјалите, каде што земјава, […]

Од 11 април родно неутрална категорија во пасошите во САД


САД–  Од 11 април на Американците ќе им биде дозволено да избираат „Х“ за пол во нивните барања за пасоши, соопшти денеска Стејт департментот. „Почнувајќи од 11 април, граѓаните на САД ќе можат да ја изберат ознаката Х за пол во нивната апликација за пасош во САД, а оваа опција ќе стане достапна за други […]

РФМ: Вардар 1961 парично казнет, суспензија за Стоилов


Актуелниот шампион Вардар 1961 е парично казнет поради слаба организација на саботното прволигашко дерби против Еурофарм Пелистер, а капитенот на „црвено – црните“ Стојанче Стоилов е суспендиран поради неспортско однесување на теренот, одлучи денеска Ракометната федерација на Македонија (РФМ). Поради пропусти во организација на натпреварот, кој Еурофарм Пелистер го реши во своја корист, Вардар 1961 […]

Меморандум за соработка меѓу националните библиотеки на Македонија и Австрија


Националната и универзитетска библиотека (НУБ) „Св. Климент Охридски“ и Националната библиотека на Австрија денеска во Скопје потпишаа Меморандум за соработка во рамки на манифестацијата „Денови на австриската книжевност во Северна Македонија“, организирана од Асоцијацијата за регионален развој Балкански економски форум од Скопје и НУБ. Во холот на НУБ беше отворена и изложба на книги од […]

Одобрена нова градежно-геодетска струка во средното училиште во Крива Паланка


Во средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка, во следната учебна 2022/23 година ќе се воведе нова дуална паралелка, градежно-геодетска струка за која со конкурсот е предвидено да се запишат 25 ученика.   По направените консултации со компаниите и нивните потреби од квалификуван работен кадар, оваа градежно – геодетска струка се воведува и ќе […]

Пендаровски: Направивме попис со сите нишани, со највисоките стандарди на ЕУ


Самиот факт што имаме попис после цели 20 години е успех сам по себе. Направивме попис со сите нишани, кој не отстапува од традицијата на направени пописи што ја имавме и ние и регионот и континентална Европа, во изминатите неколку децении. Не станува збор за попис најдобар во историјата на Европа, туку станува збор за […]

Пресечен меѓународен транспорт на дрога вредна околу 500.000 евра, приведени три лица


Во средата, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, по претходна меѓународна меѓуинституционална размена на информации, а во соработка со Одделот за специјални полициски операции – Специјална антитерористичка единица „Тигар“, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Штип и во координација со […]

Ќе се купат три нови возила за пожарникарите од Скопје


Советот на Град Скопје на денешната седница усвои одлука за набавка на 3 возила со што значително ќе се подобри техничката опременост и модернизација на противпожарната бригада на Град Скопје.  Со првата одлука се одобрува набавка на две противпожарни возила автоцистерни со капацитет од најмалку 7.000 литри. Со оглед на потребата за обезбедување основни средства […]

Денеска уште 262 новозаразени, почина еден пациент


Уште 262 позитивни од 2.225 тестови и еден починат од Ковид се регистрирани за 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Од вкупниот број нови позитивни, 39 се реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Скопје (87г)со коморбидитет, во болнички услови. Новозаразените се во Скопје – 138, Битола – 25, […]

Путин ќе регрутира нови 134.000 војници


Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска потпиша одлука според која напролет во руската армија ќе бидат регрутирани нови 134.000 војници. Руското Министерство за одбрана соопшти дека новата регрутација не е поврзана со инвазијата врз Украина. Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу наведе дека новите регрути нема да бидат испратени во воените жариштата. – Поголемиот […]

Кризата ја погоди економијата, но отвори и можности за нови инвестиции и вработувања


Последиците од војната во Украина се различни кај различни компании. Посебно кај глобалните интернационални компании, кои сега се доведени во ситуација кога треба да бараат нови пазари каде што може да го префрлат своето производство. Од голем интерес за овој подвиг се и државите од Западен Балкан. Ова го изјави Патрик Мартенс, директорот на Делегацијата на […]

Заживува ли индустријата – раст од 6,3 отсто на производството во февруари


Индустриското производство во првите два месеца од годинава во споредба со истиот период лани е зголемено за 3,6 отсто. Во февруари 2022 година, во однос на февруари 2021 година, пак, е поголемо за 6,3 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.   Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен […]

Бројот на работници во индустријата во февруари помал за 2,3 отсто


Бројот на работниците во индустријата во февруари годинава, во однос на истиот месец лани е намален за 2,3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.   Во секторот Рударство и вадење на камен, е забалежан пад од 3,8 %, во секторот Преработувачка индустрија од 2,3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и […]