На купувачите на гас од ЕУ им требаат сметки во руски банки за да плаќаат во рубли од април


Русија– Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека „непријателските“ земји, вклучително и сите членки на ЕУ, ќе треба да отворат сметки во руски банки и да плаќаат во рубли за испорака на гас од април.

„Тие мора да отворат сметки во руските банки за да плаќаат во рубли. Токму од тие сметки ќе се вршат плаќања за испорачан гас почнувајќи од утре, 1 април“, нагласи Путин во телевизиска изјава.

Тој додаде дека дека доколку нема уплати тоа ќе предизвика „стопирање на постоечките договори“.